Германија - Алжир | 30.06.2014 | 22:00 | Estadio Beira - Rio

  • Креатор на темата Креатор на темата HristijanWR10
  • Време на започнување Време на започнување
@ЧЕНТО

10418957_543601092429017_4399587131917993736_n.jpg


:pos:

Стално се осеќал комотно на фудбалскиот терен....:pos:

Ноер ја одржа вчера Германија во игра на Мундијалот,и искрено мислам дека заслужи МОТМ....Прикажа партија на нивото на Кан од 2002 година...
 
Абе ок Ноер со излетите, ама овој М’Боли никој не го фали а нигата имаше пет интервенции кои влагаат у најтесниот избор за најдобрите одбрани на првенството. Извади од агол, од под пречка, му спушти ролетна на Милер, двојна одбрана, неверојатен перформанс. Ако има уште од договорот, Бугариве ќе извадат добра пара од него.
 
Па тој ради тоа заслужено си зеде MOTM.
 
Алжирците не јаделе и не пиеле ништо дур било ден, секој ден. Рамазански пости.
Тоа била и една од причините за исцрпеност во продолжетците.
 
Ужасна одбрана и Ноер падобранец,нека продужи само така и со Франција..Ќе го јадат мрсен.
 
Ноер е некогаш и пресигурен во себе, а може да го јаде ради тоа, дебело.

Со високо поставена одбрана, на моменти, Германија личеше на Б.Минхен во вториот меч од ЛШ против Реал.
Каде бе со спориот Пер ке играш висока одбрана?

Нормално дека мора да имаш голман кој ке следи ситуација, и нема да е линијаш, ала Миноље.
Љорис е уште еден пример колку може голман да те спаси при висока одбрана.

Ама имаше и некои непотребни излети вчера Ноер, како кога се стрча да ја боксува една висока топка на 16 метри а тој беше малтене во свој петерец.
 
Алжирците не јаделе и не пиеле ништо дур било ден, секој ден. Рамазански пости.
Тоа била и една од причините за исцрпеност во продолжетците.
Вчера не постеле. Ќе постат некој друг ден после рамазан.
 
Ај бе немојте да бидете смешни и прости, голот на Ширле е чиста вештина, не е среќа.Не мора да значи дека ако ги мразите Швабите дека треба да одите против нив во секој можен момент.
Мило ми е за Алжир што се збогуваа барем со еден гол, заслужија да постигнат гол покрај таква пожртвуваност.Браво, многу јако изиграа, дури и подобро од Германците.

:coffee:

http://derbi.mk/index.php/fudbal/svetski-prvenstva/item/15290-sirle-mojot-gol-bese-na-sreka
 
Да не беше Ноер вчера, Германија денеска ќе беше вратена во Европа. И ако Германија игра слична игра на оваа и против Франција, е тука ни семоќниот Ноер не помага.[DOUBLEPOST=1404219665][/DOUBLEPOST]
-Сакавме многу побрзо да го завршиме овој меч, но Алжир играше одлично и не притискаше од самиот почеток. Постигнав ист таков гол во Мајнц пред три недели, способен сум за тоа, но имав и малку среќа-рекол Ширле и притоа истакнал дека Германија можела многу порано да го реши прашањето на победникот.
Не викам дека е умешност, ниту среќа. Туку како што и самиот рекол, комбинација и од двете. Ако немаш среќа ќе се лизнеш и нема да можеш ни топката да ја погодиш, иако си доста умешен во тоа. :LOL:
 
Последно уредено:
Се гледа дека на Ноер му е предосадно како голман и во репрезентација и во клуб. :D
 
Затоа од другото светско ќе преминувал во Шпанија за да прават скара со Касиљас и да им биде интересно дури другите играат светско. :coffee:
 
Ноер е некогаш и пресигурен во себе, а може да го јаде ради тоа, дебело.

Со високо поставена одбрана, на моменти, Германија личеше на Б.Минхен во вториот меч од ЛШ против Реал.
Каде бе со спориот Пер ке играш висока одбрана?

Нормално дека мора да имаш голман кој ке следи ситуација, и нема да е линијаш, ала Миноље.
Љорис е уште еден пример колку може голман да те спаси при висока одбрана.

Ама имаше и некои непотребни излети вчера Ноер, како кога се стрча да ја боксува една висока топка на 16 метри а тој беше малтене во свој петерец.


Да не беше Ноер вчера на голот,Германија сега ќе беше на аеродром....

Одбраната со Мерте и со Мустафи е комедија,поготово Мерте кога ќе го видам,па уште се буни демек зашто ги критикувале.....Абеее иди тирамису прај таму....

Озил неможам да го гледам очобол играч!! Гетце исто...

Полди и Клосе мора да играат,Кедира и Швајни на средина...
 
А се смееа цел форум зашто сме го шитнале Озил.
Лесни 40 милки од него. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom