Битката за Арачиново

  • Креатор на темата Креатор на темата Panter 01
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 октомври 2013
Мислења
894
Поени од реакции
3.506
Битката за Арачиново 23 Јуни 2001 година
(Јанко Бачев )

Помина 22-ви јуни во уште едно потсетување, дека пред дванаесет години во 4,30 часот започна битката за Арачиново во која загинаа тројца припадници на македонските полициски сили. Македонската јавност сеуште се замајува со некаква верзија за настанот, според која, се се сведува на тоа дека тројцата припадници на МВР се убиени од албанските терористи при акцијата за ослободување на Арачиново, кое, претходно на 9 јуни 2001 година тогашната ОНА го прогласи за слободна територија. И - толку!
Сепак, работите не стојат баш така.
Затоа, во оваа прилика сакам да споделам еден момент околу трагедијата со тројцата припадници на МВР, бидејќи, до денешно време, ниту една владеачка гарнитура не го расветли нивното контроверзно загинување.
Имено, при акцијата за ослободување на Арачиново, тројцата полицајци не загинаа во борба со албанските терористи, туку загинаа од граната на македонската Армија. За време на војната во 2001 година, кога функционира таканаречената широка Влада, припадниците на двете клучни министерства (Министерството за внатрешни работи, раководено од ВМРО-ДПМНЕ, и Министерството за одбрана, раководено од СДСМ) поради некоординираност се однесуваа како две непријателски војски.
Затоа, идните генерации еден ден ќе бидат згрозени кога читајќи ги книгите од војната ќе видат дека во Арачиново, од некоординираност таму загинаа тројца полицајци од граната на АРМ, која не им ги знаеше координатите на припадниците на МВР, што е трагично.
Со еден збор, невидена бламажа - македонски војници и полицајци се испотепаа самите меѓу себе, бидејќи не си ги знаеја координатите.
Инаку, овој момент надлежните државни органи се уште го кријат, бидејќи, внимавајте, државата ќе требало да плаќа големи отштетни износи доколку се признае нејзинатавина, иако се поставува прашањето - дали воопшто има цена по која можат да се обештетат македонските бранителикои загинаа во одбраната на независноста и територијалниот интегритет и суверенитет на државата.
Затоа,владеачката ВМРО-ДПМНЕкако народна партија со демохристијанска ориентација и силна верба во Бог, има обврска, најпосле, 12 години по погибијата на тројцата полицијаци во Арачиново, да ја сподели со јавноста вистината за нивното загинување.
Односно, генерално, да ја тргне разочарувачката слика во Македонија, во која повеќе од една деценија ниту еден државен орган не се обиде да направи истрага, за да утврди што точно се случи со сомнителното загинување на македонските бранители кај Карпалак, осуммината мачени и живи палени кај Вејце, осуммината убиени во заседа кај Љуботенски пат, загинувањето на тројцата припадници на МВР при акцијата за ослободувањето на Арачиново...
Трагедијата кај Арачиново, како и погибијата кај Карпалак, Љуботен или Вејце, кои се најперфидно местење на македонските бранители, се само во прилог на моето тврдење во годините дека Македонија ја изгуби војната како резултат на внатрешните предавства и политичките сценарија на домашните политички актери, а не како резултат на неспособноста на македонските безбедносни сили да се справат со терористичката ОНА.
Впрочем, тогашната ОНА на почетокот броеше околу 600 припадници кои се одметнаа во планините за да го рушат уставниот поредок на земјата, а за кои македонската Служба за државна безбедност знаеше практично се – колку се, каде се, зошто се таму, и македонските безбедносни сили можеа да ги решат во секое време. Од јануари до мај 2001-ва, Македонија имаше одврзани раце да се справи со тогашната ОНА, но, македонските политички демагози, залудени единствено од лична промоција и желба за моќ и профит, ја изгубија војната во 2001 година.
Всушност, Македонија во 2001-ва се победи самата себеси, бидејќи од другата страна имаше виртуелен противник во ОНА која не претставуваше реална опасност оти немаше ниту кадар, ниту можности од логистички аспект да води борба со поголем капацитет.
Затоа, токму припадниците на ОНА за Арачиново треба да ја опишат својата голгота во тие денови, во интерес на историјата и дека не беа решени само заради тоа што однапред беше договорено НАТО да влезе во Арачиново и да ги извлече терористите.
За волја на вистината, странците направија пресврт во војната, но, дури во месец јуни после пет месеци од започнувањето на војната кога го измислија Арачиново за да се присили македонската страна на политички преговори, односно да се прекинат воените дејствија и на поинаков начин да се решава кризата, по цена на сите понижувања на македонските безбедносни сили кои храбро го бранеа нејзиниот територијален инегритет.
Заради тоа, треба да се извлече поука - Што не треба да прави Македонија, доколку повторно биде вовлечена во нова војна?А, од однесувањето на Албанците произлегува дека не мислат на ништо друго, освен на методите на повторно војување. Оттука, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија екс-командантите на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.
Значи, без оглед на се, пратениците од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, веднаш после годишните одмори, во име на македонскиот народ мора привремено да престанат да се натпреваруваат во докажувањето кој од нив бил поголем предавник и криминалец за време на своето владеење, и, следствено на тоа, да се согласат, односно, како највисок законодавен дом, да донесат политички документ (декларација или заклучоци) со кои ќе побараат расветлување на перфидното местење на македонските бранители во Татковинската војна во 2001 година.
Ова од причина што, да се дојде најпосле до официјален одговор не само за Арачиново туку и како, од кого и зошто беа нарачани и договорени масакрите кај Вејце, Карпалак, Љуботенски пат,во кои бранителите беа испратени во заседа и мораа да загинат.
Во краен случај, расчистувањето на овие случаи е од интерес не само за семејствата и роднините на загинатите, туку и за Република Македонија, бидејќи не можеме да гледаме напред во иднината, доколку минатото и понатаму не прогонува, односно, неправедната загуба на бранителите останува неразјаснета.
На околу 350 бунтовници им беше дозволено да го напуштат селото со своето оружје, со помош на американските трупи кои служеа во КФОР, силите на НАТО во Косово. Македонската армија беше принудена да се повлече.
Во 16 часот влегол НАТО со четири автобуси од Тетово и седум автобуси од НАТО со обезбедување и плус седум борбени „хамери“ и седум санитетски „хамери“.

285374_512697318777163_1370705459_n.jpg 379241_512697392110489_140818691_n.jpg 403885_419306334782929_1467568247_n.jpg Copy of 545433_419306094782953_1032522822_n.jpg


На тој кобен ден на 23 Јуни 2001 година загинаа Атанас Јанев (†25) и Александар Стојчев (†30) во битката за Арачиново. Оливер Китановски (†21) им подлегнува една недела попосле на повредите


Битката за Арачиново 2001
http://www.youtube.com/watch?v=1X86MWXAGQY


ВЕЧНА ИМ СЛАВА ПОЧИВАЈТЕ ВО МИР
 
Последно уредено:
вечна им слава на нашите херои - бранители на Македонија.
Гледам дека сте многу упатени во таа валкана борба-војна.
Кажете нешто повеќе за Радуша,борбите таму и колку загинаа учки. А да и јависе пак(за да знаеме дека си на слобода,после објава на оваа „криена“ вест)
 
Радуша беше крајот на август, 29ти август поточно ако не се лажам. Во близина на реката кај радуша бил сместен камп на АРМ, незнам точно колку ама мал број на војници од наша страна. Кампот е нападнат од страна на терористите, нашите издржаа 5 часа под силен оган пред да дојде засилувањето, кое се состоеше од тенкови Т-72, специјални единици, мислам БТР-и и воздухопловство. Набрзо после пристигнувањето на засилувањето, терористите беа разбиени, незнам бројка на погинати од страна на терористите (се претпоставува дека се преку 150), знам само дека во нашите редови немаше загуби. Кампот беше повторно обезбеден, и се повлекоа дел од засилувањето, воглавно возила и артилеријата.
 
На денешен ден пред точно 13 години (23.06.2001), во акцијата за заземување на Арачиново загинуваат тројца Бранители кај гробиштата во Брњарци, бранејќи ја Татковината. Пет дена подоцна подлегнува припадник на ЕСЗ Тигар на повредите кој ги здобил на 23.06.2001. Битката за ова скопско село почна на денешен ден, а заврши неславно три дена подоцна. Загинатите Бранители се:

АТАНАС ЈАНЕВ (†25) од Струмица. Атанас увек си ја сакаше земјата, и голема чест му беше да ја одбрани татковината. При секое минување на градскиот плоштад, застануваше и се поклонуваше на паметникот на Гоце Делчев војводата, не претпоставувајќи дека и самиот ќе го прифати татковинскиот позив и ќе замине на бранителската задача. Оставајќи ја бремената жена, отиде да ја брани Македонија, неговата фамилија а и неговиот нероден син, кој денес го носи неговото име. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново.

НИКОЛА ПЕХЧЕВСКИ (†25) од Берово. Со посебно чуство и одговорност за судбината и иднината на својата земја, во рововите крај Арачиново од каде што Скопје, главниот град се гледа како на дланка, минуваа деновите на полицаецот Никола. Тој веднаш после неговата свадба го прекинува одморот и доброволно се враќа во единицата, велејќи самиот дека „Неможе едни да се борат а други да уживаат. Одам да ја одбранам Македонија“. Не ја дочека својата ќерка, посмртче, кое име го носи негово, Николија. Гине јуначки во нерамна битка заедно со неговите колеги во село Арачиново.

АЛЕКСАНДАР СТОЈЧЕВ (†30) од Аеродром, Скопје. На работното место во полициска станица во Аеродром неговиот збор, совет и искуство со респект се слушаа, уважуваа и почитуваа. Со личен пример покажуваше како се извршува поставената задача. Кога беше тешко и неизвесно, беше во Арачиново. Света должност му беше да ја одбрани својата земја, да му гарантира безбедна иднина на неговиот едногодишен син Мартин. Загинува исто како неговите колеги јуначки во нерамна битка во село Арачиново.

Превземано од фејсбук страната Македонски Бранители.





Мајката на Никола Пехчевски:

ВЕЧНА ИМ СЛАВА!
 
Последно уредено:
Во Радуша не беше нападнат никаков камп туку полициска станица, станицата беше бранета од триесетина полицајци и тим од бСН, никакви тенкови и транспортери не се користени.Нападот беше извршен со директен упад во територијата на РМ од терористи од косово.
Со прелети од сухои и ми 24 целосно се разбиени и уништени.
 
Радуша беше крајот на август, 29ти август поточно ако не се лажам. Во близина на реката кај радуша бил сместен камп на АРМ, незнам точно колку ама мал број на војници од наша страна. Кампот е нападнат од страна на терористите, нашите издржаа 5 часа под силен оган пред да дојде засилувањето, кое се состоеше од тенкови Т-72, специјални единици, мислам БТР-и и воздухопловство. Набрзо после пристигнувањето на засилувањето, терористите беа разбиени, незнам бројка на погинати од страна на терористите (се претпоставува дека се преку 150), знам само дека во нашите редови немаше загуби. Кампот беше повторно обезбеден, и се повлекоа дел од засилувањето, воглавно возила и артилеријата.


150 загинати учки? стварно е ова? никогаш никаде не сум го сретнал да прочитам
 
Има ли некој нивни што издал книга? Имаат ли нивна верзија на настаните? :confused:
 
Радуша беше крајот на август, 29ти август поточно ако не се лажам. Во близина на реката кај радуша бил сместен камп на АРМ, незнам точно колку ама мал број на војници од наша страна. Кампот е нападнат од страна на терористите, нашите издржаа 5 часа под силен оган пред да дојде засилувањето, кое се состоеше од тенкови Т-72, специјални единици, мислам БТР-и и воздухопловство. Набрзо после пристигнувањето на засилувањето, терористите беа разбиени, незнам бројка на погинати од страна на терористите (се претпоставува дека се преку 150), знам само дека во нашите редови немаше загуби. Кампот беше повторно обезбеден, и се повлекоа дел од засилувањето, воглавно возила и артилеријата.
Ти момче нешто си грешка, кај Радуша ОНА заплени тенк на АРМ не оти нешо акција јака од страна на учк туку тенкистиве и тие малку војници и полицајци шо биле таму си влегле во реката да се бањаат.
какви 150 души какви бакрачи, своевремено се пушташе бува дека погинале над 2500 учки дека издрогирани отворено јуришале од косовска страна и дека сме ги покосиле, НЕМА БЛАГЕ ВЕЗЕ.
 
Нека им е вечна слава, за мене ова се хероите кој беа предадени од политичарите само за нивно богатење. Се пропагира од нашиве политичари а и се иде на тоа да овие луѓе и настани бидат заборавени од макеоднците, а за жал големиот дел од македонците и го имаат тоа направено.
 
Штета шо ова не отиде до крај.

Цела деценија ме измачува Радуша







Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од заседата кај Радуша, длабоко во мене сé уште ми е мачнината од сликата што ја паметам, раскажува пензионираниот полицаец Ацо Стојановски од Унијата на бранителите на Македонија

radusa-banskoliev2.jpg


Не постои ништо што може да ми ги избрише сликите од заседата кај Радуша. Длабоко во мене сé уште стои мачнината од сликата на моите раскрвавени колеги додека ги извлекував од јагленосаниот автомобил, додека над главата ми летаа куршуми од терористите. Кога заседата понекогаш ќе ме остави на раат, се обидувам да отспијам малку, меѓутоа сеќавањата набргу ме навјасуваат.
Пензионираниот полицаец Ацо Стојановски од Скопје вака го почнува секое сеќавање на 2001-та. Денес тој е инвалид и претседател на Унијата на бранители на Македонија.
Стојановски меѓу колегите и другарите важи за херој што спасил два живота. Полицаецот учествувал во конфликтот во 2001-та како заменик-командир на вод на полициска единица во реонот на Радуша. Тој е меѓу првите македонски бранител што ја формирале нивната унија. За него заседата кај Радуша е најлошата работа што му се случила во животот. Ацо е средовечен полицаец, кој со инвалидитет ја завршил својата кариера. Кај него не може да се види нималку страв од она што го преживеал. Ама, вели, очите и душата понекогаш го издаваат, од сé што видел пред десет години.
Заедно со Ацо ги посетивме местата каде што се одвиваа немилите настани што му го променија животот. Вознемирено се присетуваше на секоја минута. Пред десет години шест полицајци пристигнале во 9 часот наутро во Радуша со „застава 101“ и со „лада нива“. По еден час тргнале назад кон Скопје и биле нападнати од заседа.
- Беше утро и возевме по патот меѓу Дворци и Радуша. Сé беше нормално. Времето беше сончево исто како денеска, по десет години. Ни јавија дека селскиот оџа нé повикал да нé замоли да ги оставиме на мира тие што не фатиле пушка в рака - раскажува ветеранот.
Тргнуваме надолу, кон местото на нападот.
- Замислете, истите грмушки сé уште стојат. Не се измениле, останале такви какви што ги паметам. Терористите излегоа оттаму. Беа на десетина метри пред нас, во правецот накај што се движевме - додаде тој.
Сé траело четириесетина минути. Напаѓачите со автомати и со зољи отвориле оган врз полициските возила. Во „заставата“, која била предводник на патролата и се превезувал Стојановски, завршиле две зољи, а „ладата“ успеала да стигне до најблискиот полициски пункт, каде што им била дадена помош.
Стојановски се присетува како ги извлекувал еден по еден ранетите колеги. Тој пукал кон напаѓачите и самиот успеал да ги одбрани ранетите повеќе од половина час додека не пристигнало засилувањето. Петнаесетина минути пред 11 часот полицајците биле извлечени со хермелин на АРМ, а напаѓачите се разбегале. Во овој инцидент ранети беа заменикот Стојановски, резервистите Зоран Трповски, Влатко Јовановски и Васе Пешевски, како и двајцата доброволци Киров Даниел и Дарко Поповски.
Пензионираниот очевидец на воениот конфликт нé прошета насекаде низ реонот што му бил работна должност и каде што командувал со своите полицајци. Тој вели дека тука месното население ги правело највкусните јагниња и најдоброто сирење, а рибата била посебен специјалитет. Стојановски нé однесе во блиската гостилница, каде што секогаш го пиел своето кафе кога ќе излезел на пауза.
- Генерално тука не се променило многу, а намерно не доаѓав да не се присетувам на трагедијата. Месното население се истите луѓе и живеат со истите проблеми на секојдневието - вели Ацо.
Сепак разрушената амбуланта, полициската станица, општинската зграда и железничката станица ќе останат сведоци на сé што пред една деценија се случуваше во овие краишта на Македонија.

Автор: Александар Србиновски Фотографија: Игор Бансколиев



5



 
Нека им е вечна слава на СИТЕ БРАНИТЕЛИ КОИ ЗАГИНАА ЗА МАКЕДОНИЈА

Да имаше господ па курвата европа и епруветите американци да не се мешаа и оставеа на мира да си го решиме вечниот проблем како во Украина,денеска во МАКЕДОНИЈА немаше да постои шип тарско племе
 
Нека им е вечна слава, за мене ова се хероите кој беа предадени од политичарите само за нивно богатење. Се пропагира од нашиве политичари а и се иде на тоа да овие луѓе и настани бидат заборавени од макеоднците, а за жал големиот дел од македонците и го имаат тоа направено.

Присуствуваше во таа борба ? некој близок или ти си бил на извршување задачи во тој период ? од каде ти е оваа информација ?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom