Ако била рампата спуштена, како ја поминал? Ја скршил?
Единствено логично (ако е можно така да се изразам) нешто би било да е рампата долга колку ширината само на десната коловозна лента и иста таква рампа на спротивната лента.Ништо чудно со оглед на нашиот систем на ‘штедење‘.Ама како би одел автобусот дијагонално во толку мал простор за избегнување две рампи...Во секој случај...
Нема рампа таму, само тоа знакчето.
Мислам дека ако имало рампа, ќе почнал да кочи на време, а вака се излажал дека ќе може да го претекне возот.
ИМА рампа.
Овде на сликава е крената, можда ја кренале после несреќата или воопшто не се подигнала, ама црвено светло е уште вклучено.
@Струмикс какви возачи се во СЕ? Лани превртија 30 војници на АРМ, неколку дена претходно празен автобус на Струмица - Радовиш...
2007>(Истото возило од погоре

)
КАЈ ШТИПСКА КЛУЧКА НА ВЛЕЗОТ ВО ВЕЛЕС
Во судир на автобус и "фолксваген" седумина повредени
На влезот во Велес, во близина на Штипска клучка, во неделата околу 17 часот се случила тешка сообраќајна несреќа меѓу автомобил "Фолксваген" со регистерска табличка ШТ 917 ИН и автобус на "Струмица - експрес" Санос со регистерска табличка
СТ 737 БЈ. Во несреќата потешко повредени се седум лица. Благица Самаракова (29), Елизабета Мазнева (23) и Фанка Пачемска (51) по укажаната помош во Болницата во Велес биле префрлени во Ургентниот центар на скопската клиника. Во сообраќајката Мазнева се здобила со скршеница на колкот, додека Пачемска здобила повреди на главата и скршеници на рацете и нозете. Двете тешко повредените велешанки биле патнички во моторното возило "Фоксваген" управувано од Ферзи Шабанов од село Тополница, Радовишко.
До сообраќајната незгода дошло кога фолксвагенот движејќи се од Скопје кон Велес, пред сообраќајната клучка, од засега неутврдени причини директно се удрило во автобусот на "Струмица - експрес" управуван од возачот Васе Николов.