Знаеш дека јас скоро секогаш оставам погрешен прв впечаток кога некој ме запознава во живо?
Едноставно низ животов сфатив дека не вреди да се замарам кој што и како мисли за мене. Го правам тоа што сметам дека треба да го правам и е најдобро за мене (според мене, нормално) и ич не ми чуе дали некој ме осудувал за тоа, ме озборувал наоколу или не знам ти што.
Не велам дека не ми ласка, кога некој ќе ми каже нешто убаво за мене, ама не ми значи ни тоа нешто посебно. Знам која сум, знам каква сум, знам што можам и умеам. Не ми требаат потврди или негирања од секакви ликови. Некогаш е добро, во некои ситуации, да те поткрепи некој позитивен коментар за да продолжиш понатаму, ама во суштина таквите коментари ги добивам од блиски луѓе кои добро ме познаваат. Од рандом фаци кои ќе ги сретнам три пати во животот, ама стварно ич не ми е битно што мислат за мене.