Oд сајтот Вистина.мк
Веќе ве известивме дека по три години пауза од телевизија популарната актерка Весна Бејби Петрушевска се враќа на екраните како водителка на ток шоу, кое ќе биде направено по примерот на светските. Емисијата ќе носи наслов „Вечер со Весна Бејби“, а за продукцијата е задолжена Томато продукција.
Познатата водителка, која има и своја емисија на Радио Слободна Македонија, на социјалните мрежи прикачи фотографии на кои ни ја промовира сценографијата за нејзината нова ТВ емисија. Видно задоволна од изгледот на студиото, таа е подготвена за две седмици да стартува со нејзиното шоу.
Шоуто ќе се емитува на ТВ Алфа, а Весна најавува дека гости во него ќе бидат личности кои носат одреден багаж. Во емисијата ќе гостуваат познати личности од целиот Балкан, а гостите ќе ги изненадува со снимки од нивните претходни гостувања во Вртелешка бидејќи ќе се користи целата архива од изминатите емисии