Македонскиот пасош – 103 врати отвора

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Македонскиот пасош – 103 врати отвора
23/04/2014 // Пред 1 ден // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

pasos-564x272.jpg

Безвизно патување во 103 земји од светот нуди македонскиот пасош, со што се најде на 38-то место според индексот за визни рестрикции во светот, со кој се опфатени 219 земји од целиот свет.

Најпосакувани се пасошите на Финска, Шведска и Обединетото Кралство со кои без виза може да се патува во дури 173 земји во светот, а во една земја помалку без визи патуваат жителите на Данска, САД, Германија и Луксембург.

Од земјите од најблиското опкружување, најдобро котира Грција на 6-то место заедно со Австралија и Сингапур, а грчкиот пасош дозволува безвизно патување во 167 земји.

Од Македонија подобро котираат и Словенија (безвизно патување во 155 земји), Кипар (151), Бугарија и Романија (141), Хрватска (129 земји). Со српски пасош без виза можете да патувате во една земја повеќе отколку со македонски – 104.

Под нас на листата се Црна Гора (98), Турција (94), Босна и Херцеговина (91), Албанија (88).

Најлошо котираат пасошите на Азербејџан и Киргистан, кои дозволуваат безвизно патување во само 56 земји. Еве ја комплетната листа:

http://faktor.mk/archives/103209?ut...campaign=makedonskiot-pasosh-103-vrati-otvora
 
Штом веќе нема чекање со месеци за пасош а ти закажуваат од денес за утре и нема така посебен интерес за МК пасош ниту од самите граѓани на МК.
 
Bulgaria 141 > Macedonia 103
Плус и работни дозволи со БГ а и „почеста“ да кажеш дека си внук на Курташак Кан :)... Инаку МК пасош во глобални рамни е еден просечен пасош ништо посебно.
 
Оти на нас најголем проблем ни беа визите:facepalm: Сеа како граѓанин на 38-та пласирана земја, ко ќе фатам да ги трошам парите кои ми се наталожиле од шо ние беа пломбирани границите, страв ме фаќа. Чувствувам дека сега е моментот на конкретизација на зборовите на една гледарица, која ми рече: „Тебе Форесту неодолив, Европа ќе ти е мала и Америка ќе ја прошеташ.":vozbud:
 
Масите имаат меморија на риба. До пред 10 години се плачеше поради тие визи посебно за ЕУ и нивните земји-сателити...сега некои фатија кидавела некои се прават хомосексулаци само за да ги/го примат во Дојчланд и ЈуКеј. Нема везе секоја со својот акал и судбина.
 
Оти на нас најголем проблем ни беа визите:facepalm: Сеа како граѓанин на 38-та пласирана земја, ко ќе фатам да ги трошам парите кои ми се наталожиле од шо ние беа пломбирани границите, страв ме фаќа. Чувствувам дека сега е моментот на конкретизација на зборовите на една гледарица, која ми рече: „Тебе Форесту неодолив, Европа ќе ти е мала и Америка ќе ја прошеташ.":vozbud:

Паре нису проблем- ми немамо виза :pos:.
 
Најлошо котираат пасошите на Азербејџан и Киргистан, кои дозволуваат безвизно патување во само 56 земји. Еве ја комплетната листа

Мало дополнување, не им е тоа компетната листа на faktor.mk, најдолу на комплетната листа се Авганистанците, кои можат да патуваат само во 28 земји без пасош.
Овде ја има целосната статија: http://www.straitstimes.com/news/si...orts-are-most-accepted-around-the-world-20140
 
Само знам дека луѓето од мака вадат Бугарски пасош.
Инаку нашиот, е само онака да си прошеташ низ Европа, за тие што имаат услови со македонска плата...
 
Мало дополнување, не им е тоа компетната листа на faktor.mk, најдолу на комплетната листа се Авганистанците, кои можат да патуваат само во 28 земји без пасош.
Овде ја има целосната статија: http://www.straitstimes.com/news/si...orts-are-most-accepted-around-the-world-20140
Листата е скратена и не е вистина дека МК е 30ти и некоја земја од 219 најверојатно е некаде на средина или висока средина. А за муабетот за визите е јасен сите плачеа дека имало визи до пред 5-10 години сега плачат дека немаат пари ко божем да имаа тогаш жива глупост е нашиов менталитет и општо прифатена „вистина“.
 
Ти ама ретро ги враќаш емоцииве, демек радувајте се денес оти 5 години немате виза. Од денешен аспект незнам какви одговори очекуваш wow навистина немаме визи? :D

Али од друга страна и те како сум благодарна што ни се симна таа глупава бариера која ни ја наметнаа како да сме шугави. Не изолираа како да сме племе некое. Не за друго пола од младинава што сега се дипломци преку граница немаат поминато. Тотално назадување е визен режим. Никад несакам да доживеам повторно таков режим.

И Англија и Америка треба да ни ги спуштат рампите, мислам 2 милиона народ сме со се партали визи ни бараат, страшно.
 
Не очекувам вау ни кога и САД и Англија ни ги скинат визите туку очекувам туфкање што немаме пари за да си купиме карта за на Меѓународната Вселенска Станица или за на Вергин Галактик. :P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom