Еј стварно претерувате со овие "антифудбал" мислења. Искрено Мурињо го заболе стапот за вас, дали сакате да гледате убав фудбал или не. Него му е важно тимот на овој или на оној начин да влезе во финале, и не бира средства како ќе го стори тоа. Многу површно гледате на работите, ко мали деца сте. Го распнавте Мурињо заради неговата тактика, ама искрено и мене ме нервира тактикана на Гвардиола со подавањата до немајкаде, ама еј... кој ме прашува мене, Пеп со таа според мене глупа тактика, стигна до полуфиналето. Исто и Челзи, пред две години со Катанаџо освоија ЛШ, и тогаш имаше хејтери од типот "автобусот", "антифудбал" итн... ама знаете што викаат... кучињата си лаат, караванот си врви. Замислете вчера Мурињо да излезеше со поотворена формација, и примеше едно 3-4 комада во своја мрежа... нема врска бе што примил, важно гледачите да се задоволни од фудбалот што го виделе, а тоа што Челзи ќе испадне од полуфинале.... па нека испадне, кој го паси тимот.
Ќе повторам уште еднаш, многу површински гледате на фудбалов, бетер сте од 5 годишни дечиња
Прв болд: Секој што плаќа карта за да гледа фудбал под фудбал го подразбира тоа, неможам да најдам логика и да го ставам тоа под проблем, како што ти направи.
И тим за кој навивам да игра безидејно и само во одбрана додека игра против тим кој е на пониско или на исто ниво со него, ќе ми скурчи и не сакам тоа да го гледам.
Втор болд:
А оти па тие да ти рокнат 2-3 гола? Шо не му рокнеш ти? Челси би требало да има кадар за да рокне 2-3 гола ако проба, притоа немора да игра тактика "сите во напад!". Јас не го бранам Атлетико кој можно е уште подефанзивно да изигра во Лондон, туку како гледач, таа дефанзивна игра во стил "Ние ќе стоиме сите назад, ти сам стој напред, па ако фатиш топка пробај нешто... ако не тоа е тоа.", не ме бендисува. Јунајтед оправдано играше така, иако не ме бендисува тоа како што реков.
Трет болд:
Лани финале беше па ни Дортмунд-ни Баерн не го сведуваа ризикот на минимум на овој начин. Ризикот беше сведен на минимум, но се играше фудбал. Тоа е едно од најубавите финалиња што сум ги гледал, заедно со Милан - Ливерпул.
Јас гледам фудбал ради головите, стативите, пречките и слични случки, титулите и со овој начин на игра се освојуваат. Поздрав.
Edit: Името на клубот не е "Челси"? Оти сите "Челзи" го викате? Само прашувам.
Еве типичен пример за површинско гледање
Прв Болд Тоа што играат дефанзивно не значи дека се како муви без глави. Тренерот така им наредил да играат, и тие ја извршуваат задачата.
Втор Болд Со кој да рокне бе 2-3 гола...? Со Фернандо Факинг Торес? Дај не ме јеби, ти го знаеш подобро тимот од Мурињо...
Трет Болд Ете пак што пишав погоре... Кој ме прашува мене како сакам да играат двата тима. Ете лани финалето се трефна двете екипи да играат напаѓачки/отворен фудбал... што не беше случај со финалето пред две години... ама види, пред две години тимот што играше дефанзивно си освои титула, Баерн цело време напаѓаа, ама ништо не им вроди со плод. Еве оваа година ако Челзи влезе во финале, пак ќе гледаме од едната екипа дефанзивен фудбал... ама еј, кој кур те прашува тебе како сакаш да играат тимовите. Нив им е поважно титула да земат, одколку тебе да те задоволат
Биди ми поздравен, не одговарам веќе на цитати, и онака "не ми е тука местото"
(а следна сезона пак ќе играме ЛШ ) 