dragonsky
Hate leads to suffering
- Член од
- 25 декември 2010
- Мислења
- 43.412
- Поени од реакции
- 85.364
Те имат мамено некој Пул-Челзи беа добри утакмици.Многу сличен натпревар на оние полуфиналиња меѓу Ливерпул и Челзи. Повеќе шах отколку фудбал.
Не знам вие што очекувавте ама ако горе-долу ги пратевте екипите сезонава немаше да бидете до оволку изненадени. Едноставно и двете екипи имаат слични филозофии и повеќе преферираат топката да е кај противникот отколку кај нив па затоа и Челзи и Атлетико доста се мачат против малите екипи а дерби утакмиците ги играат одлично.
Баш му ја памтам една глупост на Филе од тој период како му се восхитувал на Рафа за шаховските потези и тактики, а Мурињо бил уништувачот на фудбалот. Глупост е затоа што двата тренери играа скоро исто, па ако му се восхитуваш на едниот а плукаш по другиот си само обично хејтерче. Mислам дека еден Филе е повеќе од доволен.
Добро кажа Шурикен на реваншот ќе биде обратно т.е. Атлетико ќе се брани повеќе а Челзи ќе го има поседот и ќе напаѓа внимателно.
Инаку сакам да ја искористам приликава да им ја честитам титулата на Барселона пошто играат ептен напаѓачки и без одбрана, за многу години нека им е.