Ригорозност,
Мислам во Србија тоа сега го вовеле, за поозбилен прекршок (поминување на црвено, претицување на полна линија, брзо возење.... директ се оди притвор, на лице место, нема пишење казни па дал ќе фатиш приател да ти скини или судија да те казни поблаго, одма лисици на раце, притвор па прв слободен термин - кај судија за прекршоци (ако ти се погоди за викенд или празник - може и да преспиеш 1-2 вечери таму, возилото нека го однеси пајак, па по изречена пресуда да може да го подигнеш со платени лежарини.
Казната не мора да е висока, и недела - две дена во опшински затвор многумина ќе одвратат од пијано и брзо возење и непочитување на прописи. Замисли 2 недели затвор, не си на работа, возилото ти трупа лежарина....... следниоот прекршок ако веќе имаш досие - месец дена те чека..... А и да се воведе апсолутен минимум од затворска казна - недела дена. Така да и со приател не можеш да изббегнеш казнување.
Абе и јас сум за строга казнена политика, посебно во делот на возење+алкохол, ама веднаш ќе почнат муабети дека ова е диктатура, казни по народот... ова, она знаеш веќе...
Макар што, рака на срце, и сега возење под дејство на алкохол е казниво со 500 евра во ден. противвредност + најмалце 3 месеци без возачка...
И, пак ќе повторам... Во град е дозволено возење со 50 км/ч. Не е тоа случајно... Да, колата може повеќе од тоа, ама не таму...
Надвор од населено место е дозволено 80 км/ч. Да, колата може и повеќе од тоа, ама не таму... На пат резервиран за сообраќај на моторни возила дозволени се 100 км/ч, може колата, нема проблем... ама не е ОК повеќе, автопат 120 км/ч, може колата да оди и 200, ама безбедност е во прашање луѓе.
Не се проблем некои пречекорувања на брзината од да кажеме 20 км/ч надвор од град или до 20 км/ч во град. Релативно лесно може да се вади човек од евентуална опасност.
Проблемот е во главата...
Ми купил татко ми кола и ќе се курчам, светот е мој и шо ги ебам сите... И стануваат пиздарии...
По милионити пат ќе повторам дека оној законот за возачи почетници не е онака донесен... Човек на 18 години не размислува исто како некој на 25, 35 или повеќе години. Човековиот ум се менува, начин на размислување, искуство и се тоа.
Не е исто да контролираш 45 коња, 75 коња и 200 коња. Треба километри да се минат, да се има некоја претстава како колата реагира во ситуација и како да се извлечеш...
Најлесно е да се стисне гаста...