Требаше тука да се прави објект за народна банка на РМ,но поради лошото сообраќајно решение се откажаа,и ним им доделија плац позади новото МНР.После се сменија работите,па ове што се одлучи:
Се продава последната парцела на плоштадот „Македонија“
Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за продажба на градежната парцела на плоштадот „Македонија“, атрактивна локација на која најпрвин беше најавена изградба на црква, а потоа
Народната банка требаше да го гради своето ново административно седиште. Земјиштето со површина од 1.046 метри квадратни е наменето за изградба на објект со приземје и три ката, со бруто изградена површина од 3.780 метри квадратни. Идното здание во центарот на Скопје е пердвидено за комерцијални и деловни дејности. Почетната цена изнесува 6.000 денари за метар квадратен, а сите заинтересирани субјекти треба да платат депозит за учество на електронската лицитација во износ од 700.000 денари, но и да достават банкарска гаранција во висина од 100.000 евра за сериозност на понудата. На тендерот можат да учествуваат единствено компании што оствариле годишен обрт поголем од 30 милиони евра во текот на 2012 година. Пријавите треба да се достават најдоцна до 28 јуни, а електронската лицитација ќе се одржи на 5 јули.
Најповолниот понудувач е должен да изработи основен проект врз основа на идејното решение за фасадно обликување во стилот на „Скопје 2014“ подготвено од страна на Министерството за транспорт и врски, кој ќе треба да го одобри комисија од министерството, пред да се издаде одобрение за градење. Надлежното министерство пронајде начин да ја пресретне најавата на Општина Центар дека ќе изврши ревизија на ДУП „Мал Ринг“. Ако се измени урбанистичкиот план, тогаш според условите во огласот најповолниот понудувач треба да подготви основен проект врз основа на второ идејно решение за фасадата на објектот, кое повторно е изработено од министерството и ќе треба да ја помине истата процедура како во првиот случај.
Пред склучување на договорот за отуѓување, победничката компанија треба да достави банкарска гаранција во износ од 200.000 евра за навремено и квалитетно завршување на градежните работи. Објектот треба да се заврши во рок не подолг од шест години од денот на добивање на градежната дозвола. Новиот градоначалник на Општина Центар неодамна најави ревизија на донесените урбанистички планови за централното градско подрачје,
но и на сите инвестиции со кои локалната власт учествувала во реализацијата на проектот „Скопје 2014“.
http://www.build.mk/?p=25532
„Амадеус“ ќе гради зграда со скали на плоштадот „Македонија“
- Објавено:пред 1 час
- Прочитано:845
- Печати
Сподели со твоите пријатели!
Компанијата „Амадеус девелопмент“ ДООЕЛ – Скопје со понудена цена од 93.100 денари за метар квадратен, односно вкупно 97.382.600 денари победи на денешната аукција за продажба на земјиштето во Центар наменето за изградба на објект со комерцијални и деловни намени, каде што треба да се гради објект со скали.
Почетната цена на електронското јавно наддавање изнесуваше 6.000 денари по метар квадратен, а депозитот за учество на јавното наддавање 700.000 денари. Површината на градежната парцела изнесува 1.046 метри квадратни.
Најповолниот понудувач е должен во рок од 15 дена од денот на завршување на постапката за јавно наддавање да ги уплати средствата согласно постигнатата крајна цена од наддавањето.
По извршената уплата во утврдениот рок, министерот за транспорт и врски склучува договор со најповолниот понудувач за отуѓување на градежното земјиште во сопственост на државата. Купувачот се обврзува во рок од 9 месеци од извршената солемнизација на договорот да обезбеди одобрение за градба на предвидените објекти согласно урбанистичкиот план по кој земјиштето е отуѓено и да ги изгради објектите согласно урбанистички план по кој земјиштето е отуѓено, во рок не подолг од 6 години од денот на правосилност на одобрението за градење.
Најповолниот понудувач е должен пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште во рок не подолг од 15 дена од завршувањето на постапката за јавно наддавање, да достави банкарска гаранција за навремено и квалитетно завршување на работите во износ од 100.000 евра, со рок на важност до крајниот датум за завршување со изградбата согласно договорот за отуѓување на градежно земјиште. Во спротивно ќе се смета дека градежното земјиште не е отуѓено и нема да се пристапи кон склучување договор за отуѓување, депонираните средства на најповолниот понудувач нема да му бидат вратени, а тој нема да може да учествува на секое идно јавно наддавање за таа градежна парцела.
Најповолниот понудувач е должен основниот проект да го изработи врз основа на идејното решение за фасадно обликување на објектот и пред издавање на одобрението за градење, и него треба да го одобри посебна комисија.
http://www.plusinfo.mk/vest/109878/Amadeus-kje-gradi-zgrada-so-skali-na-ploshtadot-Makedonija