Последен гледан филм со кратка рецензија

  • Креатор на темата Креатор на темата Дивајн
  • Време на започнување Време на започнување
Senna (2010)

MV5BMTc5MTUzOTAxMl5BMl5BanBnXkFtZTcwODQzMjg3NA@@._V1_SX214_.jpg


Ме банираа на недела дена, ама ако се изнагледав барем филмови, еден од многумината е документарецот за Ајртон Сена. Го гледав баш на неговиот роденден, во петокот и да за прв пат во животот од како прочитав една рецензија на форумот (од ИО мислам беше). Океј, да скратам.

Филмот е чиста перфекција, многу ми е жал за човеков, тој е еден од најдобрите Ф1 возачи на сите времиња, сигурен сум дека ќе направел уште поуспешна кариера од направената за тие малку години со 3 титули. За сите кои обожаваат ф1 одман нека го гледаат филмот.

Опишен е дел од животот и Ф1 кариерата на Сена, има снимки од негови трки, снимки од славења, снимки од секакви настани и ја има онаа, страшната снимка од смрта на Сена, незнам по кој пат ја гледам, многу ме трогнува тоа, навистина. Оној плач на луѓето кога го симнаа од авион во Бразил, кога го закопаа, навистина филмот е перфекција, документарец над документарците. Благо го препорачувам.

И секако 10/10
 
Eastern Promises
http://www.imdb.com/title/tt0765443/?ref_=nv_sr_1

Млада докторка од Лондон истражува што се случило со 14 годишната руска мајка која и умира на пороѓај, оставајќи зад себе бебе и еден дневник во кој и е опишано целото патешествие и мачниот живот поминат во Лондон. Истрагата на докторката ја носи баш до центарот на случувањата, а со смртта на тинејџерката е поврзана и руската мафија во Лондон.

Јас му дадов на филмот 9ка, ептен ми беше добар.
Убаво смислена приказна за интригите, сплетките и ладнокрвноста на руското семејство, наспроти правдата, невиноста и безгрешноста на новиот живот и животот на оние наивните кои на погрешно место барале спас од својата ладна и крута Русија...
Дефинитивно препорачувам!
 
The Legend of Hercules

http://www.imdb.com/title/tt1043726/

MV5BMTQwMjEyODQxMV5BMl5BanBnXkFtZTgwMDQxMjE3MDE@._V1_SX214_.jpg


Не. Не ни го изгледав до крај. Немојте ни вие. Не ни го почнувајте воопшто. Ако имаше оценка 0 на imdb, со тоа ќе го оценев. Најмизерниот филм некогаш што сум го гледал. Глумата, приказната, сценариото.. ЕФЕКТИТЕ :eek:, па нашиве народни приказни имаат подобри ефекти кога Колозов ќе биде преставен како Господ.

Резил чист е филмов, помножен со нула.
 
Gran Torino (2008)

2myrlt2.jpg


Волт Ковалски е воен ветеран од корејската војна кој живее само со неговото куче по смртта на неговата жена.
Не сака да се дружи, не е близок ни со семејството, само сака да биде оставен на мира.
Неговите соседи се имигранти од Азија а еден од нив че проба да му го украде скапоценото Гран Торино.

Не ни приметив кога поминале скоро два саати.
Крајот е малку заебан и неочекуван...се на се добар филм, вреде да се изгледа.

Оцена 9/10

И да не заборавам...

102mf4i.jpg


Колку е убава :love:
 
Instructions Not Included

418092_lg.jpg

Животот на Валентин се менува кога пред вратата му се појавува жена со бебе и која тврди дека е негово.
Му го остава со изговор дека треба да оди да го плати таксито, но не се враќа. Тој со дeвојчето оди во Америка за да ја најде мајката. Откога ќе стигнат во Америка тој не ја наоѓа, но добива работа како каскадер. Се работи за животот на татко и неговата ќерка, како и соочувањето на секојдневните предизвици. Секоја недела и праќа писма за да не го осети нејзиното отсуство. Мајката по неколку години се враќа да ја запознае.....
7.5/10

Mousehunt

Mouse_hunt_ver4.jpg
Браќата Шмунц по смртта на нивниот татко добиваат запуштена голема куќа. Тие ќе го изгубат животот што претходно го имале, па ќе се преселат во куќата која што ја наследиле од својот татко. По вселувањето откриваат куќата вреди многу милиони и дека можат да направат голем профит. Но во неа има нешто што воопшто не го очекуваат и ќе им направи проблеми. :ROFLMAO:
6.5/10
 
The Mooring
MV5BNDUzOTc0MjY1M15BMl5BanBnXkFtZTcwNjUwOTg4OA@@._V1_SY317_CR3,0,214,317_.jpg

Многу тапа филм. Не се развиени карактерите доволно. Нити има поента некоја филмот. Ако има се губи.
ИМДБ има 4.4, јас едвај 1 би му дала.

Uptown girls
MV5BODk0ODI2MTk1N15BMl5BanBnXkFtZTcwODg3Mjg3NA@@._V1_SX214_.jpg

Порасната жена, со детско понашање, почнува да работи како бебиситерка за 8 годишно девојче, кое се понаша како возраснo. На крај се си доаѓа на свое место. Многу интересно филмче.
ИМДБ 6. Од мене 8.5 :D

Best man down
MV5BOTY0OTAyOTU4NF5BMl5BanBnXkFtZTgwOTkxMTYwMDE@._V1_SX214_.jpg

Штотуку земена двојка, го откажува нивниот меден месец затоа што нивниот кум умира на денот на венчавката. Се враќаат во нивниот роден град да го погребаат. Добар филм. Интересна перспектива. Малку спор, ама добар е.
ИМДБ оценка 6.5, од мене 7
 
2 филмчиња oд последни кои ми оставија впечаток.

Teorema (1968)

Симболизам и ексцентричност, Пасолини да ти бил бедес бунтовник, особено идејќи своевремено против црквата и тогашните морални општоприфатени вредности. Имено, режисерот е од Salo, or 120 days of Sodom, па прилично ме заинтересира и се расчитав и дефинитивно заслужува шанса кај мене, ионака италијанската кинематографија не ми е многу позната, едино нешто од хорор жанрот. Филмот инаку е фузија од неколку допирни точки, како религиозни, сајфај донекаде па се до психолошки терор and even funny somewhat. Во една буржуаска фамилија (се најавува и) пристига еден момак кој воопшто и нема дијалози, но ги заведува сите членови на фамилијата, мајката, таткото, ќерката и синот, па дури и слугинката. Неверојатно е одглумен без навалувајќи на страната како негативец или обратно, тој не ги суди, делува смирувачко и како рамо за помош, но од друга страна.. го има тој ѓаволски grin што цела ситуација е во недефинирана конотација. После неговото изненадно напуштање на куќата, секој член губи допир со реалноста и незнаат што со себе секој со разни девијантни изливи.. девојката паѓа во билка-состоја, мајката се разебува со млади момци додека мажот ја прифаќа природата чисто гол.. но нај surreal беше делот со куќната помошничка. Филмот повеќе удара со идејата отколку со реализацијата, секс сцените и се тоа ми беа бледи и исфорсирано, но all in all, ми се допадна.

The Secret Life of Walter Mitty (2013)

Незнам зошто добива хејт филмот, сосема ми беше океј. Дури занимљив. Некое помодарство ваљда. Ако земеме во обѕир дека Бен Стилер е и режисерот, морам да кажам дека излегол повеќе од океј. Пред се, визуелно прекрасен филм, одлична работа со камерата и во некоја своевидна смисла поентира со нешто однапред зацртано, плус со филер романтични моменти, но не толку драстично да намалува целовкупното доживување. Морам да признаам дека освен тоа имаше дел од Бен Стилер пасивните скоро-досадни шеги поради што филмот на моменти ми губеше од потенцијалот и сериозноста која јас ја посакував, но како што реков, целовкупно излезе одлично коктелче со висока содржина на еntertaining factor. Околу приказната не ми се пишува, еве ви од IMDb: A day-dreamer escapes his anonymous life by disappearing into a world of fantasies filled with heroism, romance and action. When his job along with that of his co-worker are threatened, he takes action in the real world embarking on a global journey that turns into an adventure more extraordinary than anything he could have ever imagined. Meне ми беше сладок и добива позитивна оцена. Еве да не речам трејлер, се што треба да знаете за филмот, пропатено со одличната нумера на Bowie која беше искористена. Супер филмче.

 
Captain America - Winter Soldier.
Рецензија тука.
Целосно се сложувам со се што напиша Маја. Само да додадам, да го глеате у 3Д пошто ефектите се извонредни. Во дијалог сцените малку шашаво ми се гледаше, ама кога почнува акцијата ефектите се УАУ.
 

The Bucket List

bucketlist_148235627_large.jpg


Двајца пациенти кај кои е дијагностициран рак се запознаваат во болницата и стануваат добри пријатели.​
Ти имаат уште една година од животот па прават листа на работи кои дотогаш не успеале да ги видат. Па наместо последните месеци од животот да ги поминат во болница, решаваат да ја исполнат секоја нивна запишана желба. Иако никогаш порано не се виделе, Едвард и Картер ќе заминат на патување низ светот.​

In the valley of Elah

in_the_valley_of_elah_ver3.jpg

Татко во потрага по неговиот син и откривање на вистината за неговото исчезнување по враќањето од Ирак.​

The Whistleblower

mzi.zhnwfgsw.jpg
Филм снимен според вистински настани. Кети е американска полицајка која по војната оди да работи како мировник во БиХ. Но таму ќе открива корупција, трговија со жени кој ќе бидат малтретирани од страна на Американските мировници. Реална слика на случувањата во трговијата со луѓе. Нечовечност, постојано изживување и измачување.
 
Insomnia (2002)

Ал Пачино како детектив кој стигнува во еден мал град за да реши убиство на млада тамошна жена. Истрагата добива нов тек и заплетот почнува со смртта на неговиот партнер.
"Добриот полицаец не спие поради тоа што му недостига делче од слагалицата, а лошиот поради грижа на совеста", а една од нив е и причината за несоницата на овој детектив...

Необична приказна, нетипично сценаријо за убиства и истраги, нешто поразлично, добро замислено, интересно, интересни ликови... Она најискрено, јас како огромен обожавател на крими филмовите очекував баш од Нолан нешто wwoooww, нешто што ќе ме остави со подотворена уста и некој ептен неочекуван крај, а филмов ми беше само онака добар. Некаде 20 минути пред крајот, па до крајот и крајот можеле да бидат подобри. Мислам доста му е седмицата на имдб.
 
Последно уредено:
Pure luck
Врвна комедија односно секоја втора сцена е смешна :) Кога ќерката на генералниот директор ќе замине во Мексико на одмор при што ќе се загуби единствена надеж за да се пронајде е да пратат чевек кој е проколнат т.е баксуз. Незнам на дечково ќе му се случи се и сешто по пат :pos: мора да се погледне 10/10.
 
Who's Harry Crumb?
Уште една класична комедија ! Хари е приватен детектив кој ништо незнае да заврши кој треба. Токму затоа неговиот директор ќе му даде задача да бара личност која е киднапирана токму од него . Плановите не одат баш како што се очекува... 8/10[DOUBLEPOST=1396906683][/DOUBLEPOST]Who's Harry Crumb?
Уште една класична комедија ! Хари е приватен детектив кој ништо незнае да заврши кој треба. Токму затоа неговиот директор ќе му даде задача да бара личност која е киднапирана токму од него . Плановите не одат баш како што се очекува... 8/10
 
The Perks of Being Wallflower
the-perk-of-being-wallflower10.jpg


Филмот го гледам по втор пат , ептен е добар.

Се работи за Чарли(срамежлив тинејџер) кој нема другари тој штотуку се запишува во средно училиште. Во минатото неговиот најдобар пријател имал извршено самоубиство. Чарли пишува писма до свој имагинарен пријател и си ги искажува своите чувства. Наскоро Чарли се спријателува со ветерани или матуранти во неговото ново училиште посебно со Патрик и Сем. Се вљубува во Сем, и нема да ви кажам повеќе вреди да се види филмот е ептен добар на ИМДБ солидна 8.1 јас би му дал 9.5 најмалце !
 
Eastern Promises

MV5BMTcwMzU0OTY3NF5BMl5BanBnXkFtZTYwNzkwNjg2._V1_SX214_.jpg


Во филмчево се работи за 14 годишно девојче од русија, умира на порагај, а зад себе го остава својот дневник....Толку ќе кажам како плот...

Иначе филмот пријатно ме изненади со оглед на тоа дека ич не ја сакам Наоми Вотс, некако ми е аноинг глумицава. Одамна немам гледано вака еднакво фокусиран филм за двете страни да ги наречам во овој случај добра и лоша. Навистина толку реално е претставен што на некои моменти се запрашав самиот себе зарем навистина постојат луѓе кои би го направиле тоа. Претставен е менталитетот на лугето кои по секоја цена бараат спас за подобар живот, преку девојчето т.е нејзиниот дневник. За глумава не за џабе Вито Мортенсен е номиниран за оскар, се надминал чоекот у филмов, навистина неочекувано.
Јас бев прво скептичен, а после пријатно изненаден мн сакам вака кое ќе ми се смени мислењето....Тенкс @Хоуп:love:
 
http://www.imdb.com/title/tt1706620/

MV5BMTY0OTIyOTExNl5BMl5BanBnXkFtZTgwOTQ4ODc0MDE@._V1_SY317_CR4,0,214,317_.jpg


Поненормален филм немам гледано , ама пак цело време така во шок го следиш и времето брзо поминува.:гик:

Вовед речиси да нема , директно почнува да се развива дејствието , а сцените се редат која од која поужасна , во одредена фаза од филмот можно е да ве фати смеа од шок , а финишот иако го претпоставив сепак и тоа ме шокира со суровоста но и надежта .
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom