Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
За да имаш увоз, мора да имаш и пари да ја платиш увозната стока, транспортот, ДДВто. Ако увозот во Македонија се дуплирал за 8 години, тогаш сме имале дупло повеќе пари за да купуваме увозна стока. :свиркам:
Или тоа или немаме домашна стока која е исплатливо да се купи и покрај тоа што странската е од старт скапа.[DOUBLEPOST=1395270276][/DOUBLEPOST]
Или тоа или немаме домашна стока која е исплатливо да се купи и покрај тоа што странската е од старт скапа.
Ај погоди кое сценарио е поверојатно.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Ај нека поминат побрзо изборите, не можам да читам веќе розеви вести.
Не читаш розеви вести, ја читаш реалноста, ама ако ја сметаш за розова, шо да праиме ;)[DOUBLEPOST=1395270513][/DOUBLEPOST]
Или тоа или немаме домашна стока која е исплатливо да се купи и покрај тоа што странската е од старт скапа.[DOUBLEPOST=1395270276][/DOUBLEPOST]
Ај погоди кое сценарио е поверојатно.
Некоја стока ја нема во МКД како нафта, гас, никелова руда, платина, машини....
А некоја стока ја има во МКД, но кога се има вишок пари, се сака да се купи нешто од увоз; иако има многу домашни чоколади, јас си купувам германски или швајцарски.
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.760
Поени од реакции
7.587
За да имаш увоз, мора да имаш и пари да ја платиш увозната стока, транспортот, ДДВто. Ако увозот во Македонија се дуплирал за 8 години, тогаш сме имале дупло повеќе пари за да купуваме увозна стока. :свиркам:
Абе види во 2005 сме имале дефицит од 1bn и БДП од 6bn, a во 2012 си имал дефицит од 2 bn и БДП од 9 bn.
Вака излегува дека дефицитот во 2012 зафаќа повеќе од БДП-то на истата година(22%) во однос на оној во 2005(16%).
Во апсолутни бројки имаш повеќе пари, во релативни бројки имаш помалку.

И ова е само дел од приказната, пишав горе што друго ти треба пред да донесеш заклучок.
 
Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
До admins: колку се зголеми бројот на членови во претходниве месец дена и дали истиот е нагло зголемен после објавувањето на веста дека ќе има избори? :facepalm:
 
Член од
16 март 2014
Мислења
118
Поени од реакции
174
Не читаш розеви вести, ја читаш реалноста, ама ако ја сметаш за розова, шо да праиме ;)[DOUBLEPOST=1395270513][/DOUBLEPOST]

Некоја стока ја нема во МКД како нафта, гас, никелова руда, платина, машини....
А некоја стока ја има во МКД, но кога се има вишок пари, се сака да се купи нешто од увоз; иако има многу домашни чоколади, јас си купувам германски или швајцарски.
Значи толку од патриотизмот.
Инаку јас на пример правам обратно секогаш кога можам. Колку и да е нашиот производ послаб ако ми е ценовно достапен го купувам од приичина што не сакам да финансирам странци али тоа е друга тема.
Зборуваш за вишок на пари. И тоа може да го дискутираме. Од каде е вишокот пари? Дали е можеби поради зголемениот број на население кое е надвор и праќа пари назад, а не од инвестиции? Или пак поради инфлација?
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.379
Поени од реакции
1.967
До admins: колку се зголеми бројот на членови во претходниве месец дена и дали истиот е нагло зголемен после објавувањето на веста дека ќе има избори? :facepalm:
Работат луѓето бе,мора да се живее од нешто.
:vozbud:
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Инвестициски БУМ а?

http://a1on.mk/wordpress/archives/301539

За тоа ли плакаме даноци, за да ни ги крадат парите мајмуните.....Каде се фабрикиве?
Владата демантирала денеска дека ислатила било каква сума за изградба на непостоечки објекти.
http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=34361
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.608
Поени од реакции
5.896

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Онаа милијардата ми е најинтересна! Изгледа големо, а всушност се 16225 евра. Ама важно МИЛИЈАРДА е во прашање! И секогаш кога се сака да се каже дека МНОГУ се вложува, се употребуваат денари. :tapp:
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Онаа милијардата ми е најинтересна! Изгледа големо, а всушност се 16225 евра. Ама важно МИЛИЈАРДА е во прашање! И секогаш кога се сака да се каже дека МНОГУ се вложува, се употребуваат денари. :tapp:
Хмм милијарда денари не се 16.000 евра.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh

Meh

Член од
15 април 2012
Мислења
1.341
Поени од реакции
2.210
Хмм милијарда денари не се 16.000 евра.
Се извинувам. 16225000 евра. 16 милиони евра. Ja прифаќам грешката.

Но, останувам на тоа дека МИЛИЈАРДИ поубаво звучат во предизборен период.
 
Xibalba

Corona Australis
Член од
24 јануари 2012
Мислења
6.090
Поени од реакции
11.494
Лош старт на годината – во јануари двојно помалку инвестиции отколку лани

Вкупно 16,3 милиони евра странски директни инвестиции се влеале во Македонија во првиот месец од годинава, што е двојно помалку отколку во ланскиот јануари кога во земјава се влеале 34 милиони евра странски директни инвестиции, покажаа податоците на Народната банка на Република Македонија (НБРМ).
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.179

Лани претерале :pos:
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Key Safety Systems: Отвораме фабрика во Кичево, ќе се вработат 1.000 лица!
Потврдена нова инвестиција на KSS SAFETY SYSTEMS во Кичево и 1 000 нови вработувања за кичевчани, објави претседателот на македонската влада Никола Груевски на својот Фејсбук профил.

Водечката компанија за сигурносни производи го проширува европскиот капацитет и објави план за отворање на фабрика во Македонија.

-Key Safety Systems (KSS), водечки глобален снабдувач на софистицирани сигурносни производи, вклучувајќи механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси за автомобилски и неавтомобилски намени, со задоволство го соопштува планот да го зголеми својот производствен капацитет во Европа, заради исполнување на континуиран раст, преку инвестиција во Македонија, стои во објавата на сајтот на компанијата

Планот се состои од започнување со работа во Brownfield локација (постоечки објект) при крајот на 2014 година, по што ќе следи почеток со производство на Greenfield локација кон средината на 2015 година. Целна локација е градот Кичево.

-Во почетната фаза на инвестицијата ќе се произведуваат воздушни перничиња и ќе се отворат 800 до 1000 нови работни места. Локацијата е соодветна за да овозможи идно значително проширување на оваа производствена линија, како и на други производи и услуги во иднина. Планот за инвестиција на KSS во Кичево е во согласност со нашата посветеност да ги снабдуваме нашите клиенти низ целиот свет, преку обезбедување на производи со најдобар квалитет, цена и технологија, вели Jim Scarpa, Виш Заменик претседател на KSS за глобални операции.

Key Safety Systems (KSS) е светски лидер во дизајн, развој и производство на автомобилски сигурносни-критични компоненти и системи, вклучувајќи механизми за надувување, воздушни перничиња, волани и сигурносни појаси. Производите на KSS се дел од повеќе од 300 модели на автомобили произведени од повеќе од 60 високо-диверзифицирани клиенти низ целиот свет.

KSS е со седиште во Sterling Heights, Mичиген, САД, со меѓународна мрежа од 29 продажни, проектантски и производствени капацитети кои вработуваат приближно 9 000 луѓе низ целиот свет. Компанијата има 5 главни технички центри лоцирани во САД, Германија, Кина, Јапонија и Јужна Кореа.
http://kurir.mk/makedonija/vesti/153359-Key-Safety-Systems-Otvorame-fabrika-vo-Kicevo-ke-se-vrabotat-1000-lica

Kajgana Shop

На врв Bottom