Најдобра македонска песна испратена на Евровизија?

Според вас, која е најдобрата македонска песна која била испратена на Евровизија?


  • Вкупно гласачи
    101
Калиопи со Црно и бело. Едноставно моќна песна. Дури и се кладев на неа( изгубив :( )
После неа Ѓоко Таневски исто добра песна.
Се останато беда, не ги ни паметам песните до толку што ми биле безвезни.
 
Блек енд Вајт по мое најдобра досега.

Не зори зоро, најдобра за пиење и доведување во алкохолизирана состојба.

Нешто што ќе остане бе :pos:
 
Најголем феил ни беше Есма и размислувањето дека ѓупштаната ширум Европа ќе ја гласа.
А инаку помеѓу другите докторката Калиопи според мене имаше најдобро изведена и селектирана песна.
 
:pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Ахахаха, не, не, чиста инспирација, жими се, јас не ни знам во колку саат има Бекстејџ, ниту пак сум гледала, ако било денес уште помалку, цел ден не сум дома.:ROFLMAO:
Не се вади сеа Мацаааааа :P

Иначе дефинитивно на Тијана песнава ми е фаворит. Го има тоа западното во неа.
 
''100% те љубам'' е врвот за сега. А Еленчето најјака појава ... И тоа среде Атина ! :cool:
 
Црно тиквешко во срце ме гаѓа ама Калиопи беше ко пакет комплетна. Кај Елена деколтето заврши пола работа :D
 
Толку време се мислам и навистина незнам што да изберам.Дури сега гледам од листава колку ѓубре сме и пуштиле на Европа во овие години.Ај ќе дадам глас за ЕЛена.НЕкако двои од другите,особено сценографија.
 
Владо Јаневски со не зори зоро ептен достоинствено не претстави.Од изведба на сцена,до интервјуата со новинари и совршениот англиски јазик.Тогаш и евровизија беше да речам поквалитетна, имаше и филхармониски оркестар.Калиопи исто беше беспрекорна.Кај Каролина и двата настапи ми се свиѓаа,а особено фустанот на Од нас зависи.Повекето луѓе негативно беа настроени и ја плукаа таа креација,ама ви текнува дека по неколку месеци Џон Галијано направи ревија со слични такви фустани?И Елена не беше лоша,само што тогаш грците не бојкотираа со фалш кадри.Се на се, солидно сме се претставувале на евровизија,инаку за владо гласав.
 
На Тијана песната е најдобра до сега. Ова другово е булшит, сите влегуваа во некој филм да ги истакнат нивните вокални могучности ко демек некој од европа на опера ке ги земе. Освен ХХЛ кои немаа талент.
 
Се сеќавам дека првпат почуствував што е лазење морници на песна кога ја слушнав Калиопи на првата полуфинална вечер. Оттогаш ја почитувам многу како пејачка, а останатите на листата освен оние на Владо и Каролина се нула.
 
Чудно ми е како е можно ,само 6 мочани гласа има Тијана,дали македонската публика е во право и препознава реално добра музика или пак светската јавност кој не ја препознава песнава и ја фалат многу позитивно и постојано во топ 5 сме според допаѓања ... Дали уше е залепена негативно етикетата на песната на Тијана,можно е ?!
 
Чудно ми е како е можно ,само 6 мочани гласа има Тијана,дали македонската публика е во право и препознава реално добра музика или пак светската јавност кој не ја препознава песнава и ја фалат многу позитивно и постојано во топ 5 сме според допаѓања ... Дали уше е залепена негативно етикетата на песната на Тијана,можно е ?!

Бато вака е секоја година!На времето бевме и меѓу првите 3 според овие во мтв.Арно ама реалноста е друга.
 
Настапот на Калиопи беше феноменален ама за жал евровизија е музички настан каде што не се цени квалитетот.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom