Инвестициски БУМ во Македонија

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.501
Поени од реакции
22.537
Секогаш кога дебело плаќам после ставање гориво или кога ќе платам сметка за телефон се потсетвуам на типците кои ги продадоа Окта и Телекомот за џабе и си купија по неколку станчиња за мама.

И едните и другите се ист шит, мислев си запознает со тоа.
Да да запознаен сум, само споредбата не ти е баш на место.
Едно дека тоа е капка во морето спрема сето тоа претходно што се испусти. Друго временскиот период кога тоа се случуваше, посебно за телекомот. Мислам нема потреба да ти дообјансувам, ке сфатиш и сам.
П.с и веќе кога цепидлачиме како сметката за струја.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.861
Пола милион се иселени поради процесот на криминална приватизација и грабализација на државните претпријатија, со што стотици илјади останаа без работа и Македонија остана без индустрија.

Но ако во Кавадарци се вработат 5000 луѓе, тогаш нема да има иселувања од таму. Читам се враќа ведрината и надежта на младите од тиквешкиот крај. Реков јас, овие инвестиции се малку, меѓутоа ако се продолжи со вакво темпо на привлекување на странски инвеститори и инвестирање во Македонија, за 10 години ќе имаме под 10% невработени.

Кажи ми зошто да го критикувам привлекувањето странски инвестотори во Македонија, зошто да го критикувам вработувањето на Македонците и отварањето работни места, зошто да го критикувам порастот на индустриското производство со кое ќе дојде и до намалување на трговскиот дефицит? Како да не фалам некого ако донесе 15-20 нови инвеститори кои ќе изградат огромни фабрики и вработат илјадници луѓе во 2014?

Чудни сте ми вие од БИХАЋКА :)
Добро е што се отвараат работни места , 5000 вработувања во Кавадарци, тоа значи дека ќе одат Скопјани во Кавадарци , пошто Кавадарци нема толку невработени.

Знаеш ли зошто идат странски инвеститори во Македонија ?
-затоа што им се даваат субвенции
-затоа што има 280.000 невработени (од кои над 40.000 со високо образование)
-затоа што минимална плата е 8.000 денари (конкуренција на Кина) и затоа што Владата пред некој ден вети дека минималната плата наредните години нема да расте повише од 2.000 денари.

Знаеш ли дека Македонија има најниска минимална плата во Европа (вклучувајќи го и Косово) ?

Се сложувам со тебе дека добро е што се отвараат работни места, можеби ќе се намали и иселувањето надвор ... но сеуште во Македонија не ќе се живее убаво.
Макар и се намалило невработеноста под 10%. (со 8.000 денари плати)
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.453
Поени од реакции
5.861
Кавадарци и Неготино имаат околу 9600 невработени, но зошто Велес има уште повеќе невработени, по барање на власта, читам по медиумите дека ќе се вработеле околу 1000 велешани и 3000 тиквешани вкупно, а веќе начув дека околу 3500 биле вработени.

Да сакале инвеститорите да се вработуваат скопјани, ќе се изградеше фабрика во Скопје.

Субвенции на странски инвеститори даваат сите земји, читав некаде дека Србија давала субвенции и по 14,000 ЕУР за вработен.

Што се однесува до ниските плати во Македонија, слушам многу од нашиве барале работа во богатите земји од опкружувањево, како Албанија и Косово :pos:
Ако тие граѓани таму се среќни , тогаш секоја чест за Владата, нека се множат таквите инвестиции.

14.000 евра субвенции по вработен ? Во Македонија со тие пари го плаќаш еден работник за 8 години.

Еве ти потврда дека сме конкуренција на Кина и останатите Азијати ..

Минимална плата според земји (во евра)

 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Се извинувам што ќе ви ја прекинам плодната дискусија околу изборите со ваква безвезна вест...



Започнува процесот за изградба на новата фабрика за каросерии во Штип

Штипското јавно претпријатие „Штип проект“ го реализираше Деталниот урбанистички план за изградба на новата фабрика за производство на каросерии за автобуси.


Директорот на ЈП „Штип проект“, Александар Шумански вели дека на денешната комисија за урбанизам при Советот на Општина Штип советниците позитивно се изјасниле за Предлог одлуката за донесување на Деталниот урбанистички план за изградба на новата фабрика.
- На 12 хектари ќе се гради новата фабрика и на барање на странката Општина Штип максимално брзо излезе во пресрет на потребите на бизнис секторот, истакна Шуманоски, посочувајќи дека со изградбата на фабриката ќе има работа и за градежната гранка.
Според првични најави, во новата фабрика за производство на каросерии за автобуси треба да се вработат околу 500 лица.
Одлични вести. Ете и во Штип се инвестира и се отвараат работни места.
--- надополнето: 3 февруари 2014 во 22:07 ---
Добро е што се отвараат работни места , 5000 вработувања во Кавадарци, тоа значи дека ќе одат Скопјани во Кавадарци , пошто Кавадарци нема толку невработени.

Знаеш ли зошто идат странски инвеститори во Македонија ?
-затоа што им се даваат субвенции
-затоа што има 280.000 невработени (од кои над 40.000 со високо образование)
-затоа што минимална плата е 8.000 денари (конкуренција на Кина) и затоа што Владата пред некој ден вети дека минималната плата наредните години нема да расте повише од 2.000 денари.

Знаеш ли дека Македонија има најниска минимална плата во Европа (вклучувајќи го и Косово) ?

Се сложувам со тебе дека добро е што се отвараат работни места, можеби ќе се намали и иселувањето надвор ... но сеуште во Македонија не ќе се живее убаво.
Макар и се намалило невработеноста под 10%. (со 8.000 денари плати)
Кавадарци и Неготино имаат околу 9600 невработени, но зошто Велес има исто така доста невработени, по барање на власта, читам по медиумите дека ќе се вработеле околу 1000 велешани и 3000 тиквешани вкупно, а начув дека повеќе од 3000 работници виќе биле вработени.

Да сакале инвеститорите да се вработуваат скопјани, ќе се изградеше фабрика во Скопје.

Субвенции на странски инвеститори даваат сите земји, читав дека Србија давала субвенции и по 5000 ЕУР за вработен. Добро е кога државата работи во интерес на граѓаните свои и бара начин да им најде работа.

Кај германците е важно и работниците да имаат добри плати и да се задоволни, за да се зголеми продуктивноста, така што мислам дека платите ќе бидат многу повисоки од 8000 денари.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.439
Реков дека Битушанец не го заработува лебот во Македонија, но не сум рекол дека сум иселен од Македонија. Јас сум си дома :) Постојат многу млади и способни луѓе, фриленсери, кои на повеќе начини работат за странски фирми и организации (проекти, хонорарци, консултанти, соработници итн.) од дома, од Македонија.

Битушанец само го мисли и изразува она што апсолутното мнозинство Македонци го мисли за странските инвестиции. Факт е дека доаѓаат да инвестираат во Македонија огромни компании и групации, кои имаат илјадници вработени ширум светот и обрти од милијарди евра. После криминалната приватизација и уништувањето/разграбувањето на македонските индустриски капацитети во 90`те, Македонија се деиндустријализира и сега сме во фаза на повторна индустријализација. Се` уште има недоволно странски инвестиции, но добро ќе е, доколку би се инвестирало секоја години во 20-тина фабрики кои ќе вработуваат повеќе од 1000 вработени.

Денеска кукаат дека е лошо, оние, кои ја вршеа приватизацијата и нивните деца и соработници, а имаат милиони, поседуваат по 5-6 стана, повеќе куќи и вили, а возат џипови од 50,000 еур и повеќе.

Не дека сега се живее добро во Македонија, ама не се живее ниту така лошо како пред 10 или 20 години, кога не можеја луѓето да најдат работа ниту за 4000 денари месечна плата:) Важно, сега се роди надеж кај младите дека работите се движат на подобро во Македонија, а надежта ги води луѓето кон идејност и визионерство, а со тоа и кон успех.
Гебелс не ви е рамен еј :vozbud:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Meh
Член од
8 мај 2005
Мислења
542
Поени од реакции
76
Во кој свет си ти бе брачко? Ај кажи колку време не беше активен на форумов до вчера?
Битушанецот е од multiverse-от, од некоја alternative universe. Уште помнам како ветуваше во 2004 или 2005 г. на кајгана дека Македонија ке се зачлени во ЕУ пред Бугарија... :tapp: Зошто се расправате со овој смешко, платен пропагандист не можам да разберам.
 
Ф

Флеш

Гостин
Битушанецот е од multiverse-от, од некоја alternative universe. Уште помнам како ветуваше во 2004 или 2005 г. на кајгана дека Македонија ке се зачлени во ЕУ пред Бугарија... :tapp: Зошто се расправате со овој смешко, платен пропагандист не можам да разберам.
Шо значи ти си спротивност .... Опозиционер ..... аха :P
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
80 вработувања (партиски, се разбира), јаоо пич*е ајмо на Бахами, нема веќе сиромаштија.

П.С Која е потребата од фонт стотка во постовите за бум тресовите?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.740
Поени од реакции
12.179
Германски Дрекселмајер бара работници за фабриката лоцирана во индустриската зона во Кавадарци.
Се бара сметководител, специјалист за човечки ресурси, царински службеник, службеник за обука, помошник на генералниот директор, систем администратор и уште неколку други работни места.
Сепак, она што е интересно е дека речиси на сите позиции се нуди плата од 8.050 денари.
Па така, за помошник на генералниот директор, со забелешка дека станува збор за технички асистент на технички директор, со работно време од 8 до 16 часот, односно 40 часа во неделата, и на определно време од 6 месеци се нуди плата од 8.100 денари.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom