Војната на патиштата

Член од
8 мај 2013
Мислења
11.900
Поени од реакции
36.964
Прегазена 25 годишна радовишанка на Партизанска вчера вечер. Тешко дека на скопсково лудило со коли ќе му дојде крајот. Лесна и земја.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Проблемот од кој човештвото патело и пати е непочитувањето и (со тоа) недостатокот на Светиот Дух.

Вниманието и самоконтролата е плод кој произлегува од Светиот Дух!

Пријатели, да бараме и тежнееме за будноста во Светиот Дух, бидејќи тоа е најдоброто што можеме да го сториме за себе и за ближните!


Милоста (Мудроста) БОЖЈА чиста - за спасение на сите отелотворена во Господа Исуса Христа - нека биде со сите нас.


Амин

.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Едитирано од модератор!

Трагедија: Скопjaнецот кој загина кај Мавровка ја носел жена му да се породи

За да биде уште потрагично, младиот скопјанец кој загина синоќа, брзал да ја однесе сопругата на породување


Неколку часа по сообраќајката кај „Мавровка“,во која 33-годишниот Блаже И. го загуби животот, неговата сопруга се породила и се наоѓа на Клинички центар „Мајка Тереза“

Триесет и тригодишен скопјанец од населбата Илинден го загуби животот во стравотна сообраќајна несреќа кај „Мавровка“. Жители на скопската населба Илинден раскажуваат дека несреќата се случила додека 33-годишниот Блаже И. ја носел сопругата да се породи, јави Утрински.

Во возилото со нив била и неговата мајка, која е повредена и задржана на лекување. Неколку часа по несреќата, неговата сопруга се породила и се наоѓа на Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје. Лекарите од таму велат дека родилката е во стабилна здравствена состојба.

Во сообраќајката учествувале три патнички возила и четворица пешаци кои во тој момент преминувале преку еден од булеварите. Повредените во стравотна несреќа на Бит-пазар, за среќа, поминале со полесни телесни повреди и некои од нив се пуштени на домашно лекување.
Каква несреќа, жално...
Извор
 
Член од
8 јуни 2013
Мислења
299
Поени од реакции
198
Боже стварно ме потресе веста, колку ми е жал за бебето, му ја посакувам сета среќа на светот :(
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Се додека се поминува на црвено со голема брзина и сите брзаат некаде за жал ќе се случуваат вакви трагични сообраќајни несрееќи.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
Се додека се поминува на црвено со голема брзина ...

.
Шпекулираш или имаш конкретна информација, дека некој од инволвираните во несреќата минал на црвено?

.
 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
.
Шпекулираш или имаш конкретна информација, дека некој од инволвираните во несреќата минал на црвено?
Претпоставувам инаку не би се случил таков немил настан.
Највеќе ќе помогнат камерите на семафорите АКО РАБОТАТ или НЕКОЈ НЕ ГИ САБОТИРА.
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720
Страшна сообраќајка кај Струмица: Тројца загинати (ФОТО)

По директен судир на две возила попладнево кај селото Радичево лоцирано меѓу Радовиш и Струмица загинале 3 лица а две се тешко повредени.



Жртвите се од селото Злегово и Струмица.

Двете патнички возила марка шкода и мерцедес се целосно уништени.



Според извори од местото на настанот пожарникарите едвај ги извадиле телата на загинатите од возилата.

Повредените биле пренесени со брза помош во струмичката болница





 

Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Лесна им земја

Важно КАНТА пардон МЕРЦЕДЕС возеле
Под итно треба закон да се донесе постаро возило од 15 години НИ ПОД РАЗНО да не се регистрира а воедно и одзема со соодветен надоместок за старо железо
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Лесна им земја

Важно КАНТА пардон МЕРЦЕДЕС возеле
Под итно треба закон да се донесе постаро возило од 15 години НИ ПОД РАЗНО да не се регистрира а воедно и одзема со соодветен надоместок за старо железо
Ако донесат таков закон по улиците само пешки ќе се оди..И точаците се постари од 15-ка.Многу убаво е направен тој пат,баш минатиот вторник бев за Струмица 150 km/h ја пробав за секунда,не се осеќа патот.А уште таблите со ограничување на 60 не се тргнати,да сум некое џандарче после 3 км од знакот застани, и сопирај.Ретко кој вози таму под 110.Има буџетот да се наполни за 4 дена.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Лесна им земја

Важно КАНТА пардон МЕРЦЕДЕС возеле
Под итно треба закон да се донесе постаро возило од 15 години НИ ПОД РАЗНО да не се регистрира а воедно и одзема со соодветен надоместок за старо железо
Сеуште не е произведена кола која ќе издржи директен удар со 130км/час а да не погинат патниците. Да беше така немаше да има ограничување по патиштата.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Вчера поминав таму најверојатно неколку минути пред да се случи сообраќајката.
Тоа е нов пат, убав пат, широк... И, не ми е јасно како настанала... очигледно двете возила со десните предни страни удриле.
 

Cruise

Ja sam taj iz Cadjavice
Член од
1 јануари 2013
Мислења
2.038
Поени од реакции
940
Вчера поминав таму најверојатно неколку минути пред да се случи сообраќајката.
Тоа е нов пат, убав пат, широк... И, не ми е јасно како настанала... очигледно двете возила со десните предни страни удриле.
Мало невнимание и отиде.На вестите кажаа директно се удриле.Може едниот претицувал некое возило,и му дошол во скут на другиот.А шоферите мислам дека не се загинати.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom