Aбе некој арап ја купил Валенсија или?
Ja знам за сингапурски бизнисмен . Прв пат слушам за арап ...
Можеби @Atso знае нешто повеке...
Апдејт... ова е последно во врска со продажбата
http://valencia-balkan.net/valencia-cf/4408-trazenje-kompromisa-sutra-u-valenciji
ништо уште не се знае, а и не ми се збори дур не биде готово.
Изгледа на маса има три понуди (сингапурецот Лим, TPG Capital (Американци) и некоја катарска фирма (Qatar Investment Authority))
Шпекулираат дека во пол позиција се TPG бидејќи понудиле највеќе и нивната понуда е дури до 250 милиони, па после иде Лим кој е фаворит на навивачите и понудил околу 210-220М, за Катарциве ништо не се знае. Потенцираат дека ќе се избере онаа понуда која ќе ги задоволи сите страни, т.е. купецот да вети дека ќе продолжи со инвестирање во клубот, доградба на стадионот итн. да не завршиме како Малага... следниот состанок го закажале дури за 24ти Јануари! Лошо е затоа што повеќе од потребни се засилувања, а во Валенсија уште не се знае со каков буџет ќе можат да работат во Јануари (затоа што сингапурецот вети 50 милиони за трансфери во зимскиот период) и од тука излегоа имиња како Нани, Родриго, Фалкао, Гарај, Вела, Ди Мариа, Мата и многу други.
Малце за купците, Лим се стекнал со богатсво купувајќи и инвестираќи во све и свашта, обожава фудбал веќе пробал да ги купи Ливерпул и Атлетико. Од Атлетико бил одбиен (незнам зошто?!), а од Ливерпул дека е голем навивач на Јунајтед, познат е по тоа што низ Азија има кафичи, барови со име Манчестер Јунајтед. Неговото богатсво е проценето на 2 милијарди(значи не е Араб кој се бави со нафта и секоја година да има голем доход на пари), он се бави со инвестирање и потоа со намера да му се повратат, пошто фудбалов е бизнис ништо чудо и покрај големи инвестици за помалце од декада да си биде у плус. Американциве па познати се по тоа што купуваат фирми кој се пропаднати или им откупуваат долгови итн. (типично за нив)!. Сепак мислам дека имаат план како газдата на Рома - инвестиција па после да си профитираат од клубов, само што Валенсија иако е финансиски слаба, она има 2 стадиона (едниот во изградба) и кантера (и све остало што спаѓа под клубот) кои се проценуваат дека по вредноста се на 4то место во Европа. Американциве тежат 60 милијарди $. За Катарциве незнам што да кажам освен дека фирмава поседува околу 115$ милијарди! Кога Саутемптон беше ставен на продазба (вчера или завчера) почна да се зборува дека овој Лим можно е да ја повлече понудата и да проба да ги купи "светците".
Иначе утре(петок) играме против Малага, за разлика од последните 2 години кога и двете екипи бевме на високи позицији сега играме за излез од лошата форма!
Уште нешто!! се очекува Едуардо Варгас утре да стигне на позајмица во Валенсија со можност за откуп ((?!)моментално ова се договара, бидејќи Варгас веќе се договорил со Валенсија) се надевам дека најдобриот играч во Јужна Америка за 2011 година и ~15 милиони платениот фудбалер пред 2 години ќе почне да игра како што му предвидуваа.
Да се надеваме дека ќе има добри вести до крајов на месецов!