Иселување во странство на постари години

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Се мислев дали да ја отворам темава во овој подфорум или во Македонска дијаспора, ама со оглед на тоа што темата Ауфвидерзен Македонијо е во Економија и бизнис, и оваа нека стои тука.

Значи, темата е започнување на живот во странство на постари години (еве да речеме 40). Што мислите, може ли да биде успешно? Има ли разлика меѓу заминувањето на 40 годишен човек со факултет и човек без факултет? Кој од нив е појше осуден на успех, а кој на пропаст? Или во секој случај ќе им испадне подобро од тука?

Знаете ли вакви личности? Каква е нивната приказна?

Која од земјите популарни за иселениците најдобро би ве "примила" на овие години - Швајцарија, Германија, Америка, Австралија, Италија, Канада?
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Постари години 40. :facepalm:
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Постари години 40. :facepalm:

Праиме муабет за иселување во странство. Појшемина од луѓето се иселуваат на 25 години. 40 се рачунаат за стари кога станува збор за иселување. Затпа и ја отворив темата, ме занима што мислите, доцна ли е или не.1984
 

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Праиме муабет за иселување во странство. Појшемина од луѓето се иселуваат на 25 години. 40 се рачунаат за стари кога станува збор за иселување. Затпа и ја отворив темата, ме занима што мислите, доцна ли е или не.1984
Никогаш не е доцна. Само на 40+ луѓето потешко се одлучуваат на таков чекор.
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
5.117
Се мислев дали да ја отворам темава во овој подфорум или во Македонска дијаспора, ама со оглед на тоа што темата Ауфвидерзен Македонијо е во Економија и бизнис, и оваа нека стои тука.

Значи, темата е започнување на живот во странство на постари години (еве да речеме 40). Што мислите, може ли да биде успешно? Има ли разлика меѓу заминувањето на 40 годишен човек со факултет и човек без факултет? Кој од нив е појше осуден на успех, а кој на пропаст? Или во секој случај ќе им испадне подобро од тука?

Знаете ли вакви личности? Каква е нивната приказна?

Која од земјите популарни за иселениците најдобро би ве "примила" на овие години - Швајцарија, Германија, Америка, Австралија, Италија, Канада?
Мислам дека најбитно е јазикот да го знаеш до некој по-прифатлив степен. 40 сепак не е до толку стара возраст.
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Никогаш не е доцна. Само на 40+ луѓето потешко се одлучуваат на таков чекор.
Кај што седев у англија,дојде мајката на ‘газдарицата‘(на нејзино име беше рентана куќата), а мајка и беше негде хм 70-75 години,и средија одма за пензијата да си ја зима таму.најако беше што бабава почна сама да го шета лондон(зоната кај што седевме де) после недела време,а воопшто не знаеше ни јазик :D.

Иначе се сложувам дека никогаш не е касно.али прво треба убаво да се провери каде би било добро да се оди.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.229
Поени од реакции
7.039
Се мислев дали да ја отворам темава во овој подфорум или во Македонска дијаспора, ама со оглед на тоа што темата Ауфвидерзен Македонијо е во Економија и бизнис, и оваа нека стои тука.

Значи, темата е започнување на живот во странство на постари години (еве да речеме 40). Што мислите, може ли да биде успешно? Има ли разлика меѓу заминувањето на 40 годишен човек со факултет и човек без факултет? Кој од нив е појше осуден на успех, а кој на пропаст? Или во секој случај ќе им испадне подобро од тука?

Знаете ли вакви личности? Каква е нивната приказна?

Која од земјите популарни за иселениците најдобро би ве "примила" на овие години - Швајцарија, Германија, Америка, Австралија, Италија, Канада?
Колку порано толку подобро, човек на околу 30-40 години е на врвот со силите и можностите, како старее опаѓа со физичките и способностите на приспособување.
 
Член од
26 август 2013
Мислења
212
Поени од реакции
238
тие шо на 40+ години шо не знаат ни јазик а немат ни диплома, ке се одлучат на таков чекор значи дека крајно очајни се и немат избор. не им судам... не можам да знам шо ги е натерало на таков чекор ама затава па у таа држава дека ке оди (тука конкретно говорам за Италија) ризикува да не успее да напредне многу оти ке треба да р'мба за нискоинтелигенти суштества шо се дојдени доста време пред него и од коо успеаа да си измијат очите, они станаа газди... плус тава ризикува и да знае кои му се правата на него како работник или уште полошо: да не биде осигуран и работи на црно шо е доста ризично и за работодавецот и за работникот. ај тие шо се со бугарски пасоши може ке успеат некако ама има босанци шо лично познавам шо имат повеке од 35-40 год и пошто они се тама на црно, ги укат како кучина човеци шо се мн помали од нив ко говораме за време на работа. така е било и со тие македонци порано шо не се имали документи и се биле на црно пред да извадат бг пасоши. може забегах околу националноста ама целта дека сакам да стигнам е таа. тато на пример пошто не знаеше јазик ко дојде тука, работи за еден босанец и типот не само шо не му плати 6 месеци шо беше работил за него, туку на крајо му потера и 4000е за да му напраи документи па саа вие видејте.

се на се фатено, чекорот е доста ризичен без разлика дали имаш или немаш непознати тама дека ке одиш. битно е дека тој човек додека на почетокот успее некак да се снајде, ке помине низ сите кругови на пеколот..
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.828
Поени од реакции
7.710
Знам за такви случаи, т.е. за успешни приказни.

Мажот и жената едноставно не можеа да најдат работа во Македонија. И двајцата имаат правен факултет, и многу се обидуваа да се средат, ама стигнаа до дереџе да работат било што и на крај да не можат ни тоа да го најдат, туку да чекаат помош од старите нивни. Имаа и син.
И решија и заминаа, не знам дали се во Австралија или во Нов Зеланд. Не им беше лесно на почетокот, зашто образованието не значеше ама баш ништо, а и со јазикот не стоеја добро. Ама тие не отидоа за да видат, ако им тргне да останат, ако ен да се вратат назад, туку отидоа за да успеат.
И успеаја. Не беше лесно, особено зашто немаа никој близок таму, ама ете, полека и за кратко време се снајдоа, прво мажот, после жената, а синчето за кое беа најмногу на грижа, се вклопи најдобро од сите.
И си живеат среќно и весело, а гледам дека од пред некоја година и другарот нивни е отиден, а тој сигурно има над 45.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
9.850
Поени од реакции
1.559
Јас знам еден случај за Канда и еден за Германија, тие кој што заминаја канада 4 члено семејство многу добро се снајдоја , некаде околу 1 година им требаше додека се прилагодат и најдат подобра работа.
За Германија не баш најдобро околу една и пол година се пробваја но тешко мислам дека се вратија, јазикот им беше најголемиот проблем ,не го совладаја многу брзо.

Исто познавам и други но тие беа околу 30 тина години со две деца заминаја за Америка , добија зелена карта на лотарија, таму паралелно одеа на факултет и на работа и еве за 10 тина години откако заминаја се супер, веќе исплатија една куќа и зедоја нова поголема. Исто така и децата веќе уќат на солидни универзитети.

Така да ако се испланира добро и се сака можно е .
 
Член од
6 октомври 2012
Мислења
260
Поени од реакции
175
сите сакаат да бегаат од Мк , и јас сум еден од нив ,
некој ќе каже за пари е , НЕ Е ... некогаш можеш да живееш поубаво со 300-500 евра него со 1800 евра ...
Овде се изгуби значење , нема за што да се губи времето .

со срека на сите што решиле за овој чекор ...
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 17:34 ---
Ова за мене се однесува? Јас имам 24 години, млада сум уште :)
значи сега не сакаш него си планираш кога ќе пораснеш хеххе:)
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.837
Поени од реакции
5.117
сите сакаат да бегаат од Мк , и јас сум еден од нив ,
некој ќе каже за пари е , НЕ Е ... некогаш можеш да живееш поубаво со 300-500 евра него со 1800 евра ...
Додека живеев во МКД платата ми беше околу 400 евра, тука ми е околу 2000 фунти и верувај ми огромна разлика во квалитетот на живот.Треба човек навистина да излезе малку од МКД, па да види во каков ќумез ве тераат да живеете.Несакам да звучам како некој препотентен лик, едноставно луѓето во Македонија се навикната да живеат на многу малку и мислат - ќути и моли се, може и полошо.
За да ти доловам, во МКД штедев три месеци за да си купам патики за фудбал, а овде си викаш дај ќе се стегнам месецов ама ќе одам 7 дена all inclusive во Канкун, Мексико во 5 звезди ресорт.
Поента - тоа што го мислиш за убаво живеење со 500 евра е само живуркање и преживување до наредна плата.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom