Повлекување на пари од банкомат

  • Креатор на темата Креатор на темата Insider_m
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
13 јуни 2012
Мислења
21
Поени од реакции
6
Возраст
37
Дали на некоја банка од банкоматот има можност да се повлечат суми кои што не се заокружени на 500 и 1000 т.е. дали се влечат и 100ки ? на пр. да повлечеш 2200 денари ?
 
И од Стопанска има. Мислам дека 15.000 денари е максимум што можеш да извлечеш одеднаш.
 
Од банкоматите на Комерцијална не може(ше) - додека подигав плата преку КБ до пред година не можеше
Сега ја подигам преку Стопанска, и може. Нормално не може монети, ама стотки да.
 
На Тутунска сигурно можеш да влечеш и со стотки. На пример, 1100 денари или 600 денари или 100 денари.
Колку што знам, најголемиот износ истовремено кој можеш да го извечеш од банкоматот е 20.000 денари. Нормално, никој не те спречува во повеќе наврати да извадиш повеќе пари, ама изгледа највеќе 20 апоени може да држи тоа рачето на банкоматот :)
 
На банкомати од секоја банка треба да има опција "друг износ" кај што рачно си внесуваш колку сакаш да подигнеш. До стотки може само, не може поситно.
 
На ЦКБ неможе само на округло,500- 1000 -2000... На Тутунска може,за други незнам.
 
На Тутунска сигурно можеш да влечеш и со стотки. На пример, 1100 денари или 600 денари или 100 денари.
Колку што знам, најголемиот износ истовремено кој можеш да го извечеш од банкоматот е 20.000 денари. Нормално, никој не те спречува во повеќе наврати да извадиш повеќе пари, ама изгледа највеќе 20 апоени може да држи тоа рачето на банкоматот :)

Не е тоа, до провизија е... Со странска картица секое влечење независно на сумата ти го наплаќаат некој 200-300 денари.
 
најголемиот износ истовремено кој можеш да го извечеш од банкоматот е 20.000 денари.

Мислам дека е до 30.000 дневниот лимит, имам вадено по толку од Тутунска и Стопанска.
 
Не е дневен него транзакциски. Дневен лимит зависно од банката со која си може да ти биде и повисок. Јас имам вадено по 30 000 ден од транзакција. Ако сакаш повеќе треба повеќе пати...
 
На ЦКБ неможе само на округло,500- 1000 -2000... На Тутунска може,за други незнам.

На ЦКБ со сигурност може и стотки. На банкоматите на Комерцијална мора да е на 500 заокружена сумата.
 
Темава е за друго... но за моето прашање неможев да најдам конкретна тема каде што може да го пишам па затоа ќе прашам тука.. Треба да пратам пари во друга држава поточно во Бугарија .. освен western union кои други опции ги имам ? може ли преку некоја банка да се стават пари на сметка како кај нас или нешто слично ?
--- надополнето: 13 јануари 2014 во 17:32 ---
Темава е за друго... но за моето прашање неможев да најдам конкретна тема каде што може да го пишам па затоа ќе прашам тука.. Треба да пратам пари во друга држава поточно во Бугарија .. освен western union кои други опции ги имам ? може ли преку некоја банка да се стават пари на сметка како кај нас или нешто слично ?
 
Мислам дека е до 30.000 дневниот лимит, имам вадено по толку од Тутунска и Стопанска.

Максимум на сите банкомати мислам дека е 30 банкноти одеднаш да извадиш,па зависно од тоа дали има 500-ки или 1000-ки или е 15.000 или е 30.000 лимитот и сигурно можеш да вадиш повеќе пати,нема никаков дневен лимит..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom