Мајката на сите гревови

  • Креатор на темата Креатор на темата spiros
  • Време на започнување Време на започнување
Задоволувањето на страстите,ароганцијата и неводење грижа за душата е извор на злото.
 
Задоволувањето на страстите,ароганцијата и неводење грижа за душата е извор на злото.
и ти си грешка. ако не ги задоволам своите страсти, а воедно и не водам грижа за душата, тогаш што имам јас фајде од тоа што ме родиле? страста кон скијањето, сексот, играњето билијард, или страста во науката....... ако не ги задоволам, тоа е исто ко да сум мртов
ароганцијата е исто така храна која не секогаш е добра. кога ќе видиш глуп, смотан човек и пробуваш да му посочиш, али тој те пцуе, тогаш и те како е добра ароганцијата, особено ако тој зависи од тебе.
друг е најголемиот грев, но треба да се пронајде ;)
 
.

Што мислите, која (покрај неверата) е мајката на сите гревови, од кои пати човекот и човештвото?

Дали дијагнозата и излечувањето од истата, би имало директно (позитивно) влијание на нашиот личен живот, животот на нашите ближни, животот во нашата држава и светот воопшто?

Јас мислам; да.

.

Повеќето коментари досега тргнаа во насока за неверата како во смисла на изневерување.
Дали во таа смисла Спирос имаше предвид? Или во смисла невера како атеизам?
Ако е во смисла на второво тогаш сум согласен дека од тука започнуваат сите останати гревови. Ако се има целосна и непоколеблива вера тогаш и гревовите би изчезнале.
 
човекот по природа е полигамно животно. односно, моногамијата е наметната од страна на “цивилизацијата“.
така да тоаа превара, е само наша состојба на умот, и наметнатите морални норми. има многу полоши работи од преварата, така да ова е тема на која може само да се трола.

хипотетички, ако жена ти се плеска со други три-четворица, и ти си љубоморен и гневен, сакаш да кажеш дека тој гнев и љубомора се наметнати од општеството? или па си рамнодушен онака сеедно ти е дека она е полигамно суштество?
 
Повеќето коментари досега тргнаа во насока за неверата како во смисла на изневерување.
Дали во таа смисла Спирос имаше предвид? Или во смисла невера како атеизам?
Ако е во смисла на второво тогаш сум согласен дека од тука започнуваат сите останати гревови. Ако се има целосна и непоколеблива вера тогаш и гревовите би изчезнале.

Атеизамот мајка на сите гревови ? Не, тој што е способен сам да разликува добро и лошо не му треба бог или книга со правила да му посочат да биде добар.
 
и јас не сум имун на наметнатото. ама мене муабетот ми беше за самите корени, од каде потекнува. во природата скоро сите живони се полигамни. има искулучок, но тоа се 2-3-4 вида и толку. тоа што пробуваш да ја сведеш работата на лично воопшто не значи дека си во право околу консантацијата дека човекот е полигамно животно. како надополнување, дали сметаш дека и срамот е наметнато или не? или грижата на совест? и тие работи се наметнати, дури би се осудил да кажам дека по толку години живеење со истите, веќе и ги носиме во својата генетска информација.

атеизмот постои и пред верите. атеизмот постои и без верите. атеизмот постои и денес независен од верите. верата е нешто што треба да изумре. можеби пред 1000 години била потребна за да се контролира некоја народна маса, али денес е зло.
Атеизамот мајка на сите гревови ? Не, тој што е способен сам да разликува добро и лошо не му треба бог или книга со правила да му посочат да биде добар.
може верски да ти репллицирам? АМИН;)
 
и јас не сум имун на наметнатото. ама мене муабетот ми беше за самите корени, од каде потекнува. во природата скоро сите живони се полигамни. има искулучок, но тоа се 2-3-4 вида и толку. тоа што пробуваш да ја сведеш работата на лично воопшто не значи дека си во право околу консантацијата дека човекот е полигамно животно. како надополнување, дали сметаш дека и срамот е наметнато или не? или грижата на совест? и тие работи се наметнати, дури би се осудил да кажам дека по толку години живеење со истите, веќе и ги носиме во својата генетска информација.

Сметам дека чувствата не може да се наметнуваат. Мислите да, чувствата, емоциите не.
Во природата кај повеќето суштества една женка ја оплодуваат повеќе мажјаци. На пример една кучка се пари со 2 песови, и на пример од 6 кутриња, 3 се од едниот мажјак, 3 се од другиот.
Кај човекот репродукцијата функционира поинаку. Бременоста трае 9 месеци и има еден плод и плодот има еден татко. Ретко ќе сретнеш маж што сака да биде со жена што е моментално бремена од друг додека се во некаква врска.
Само погледни на светска мапа земјите што легално се практикува полигамија дали се подобри за живот. Дали таму општеството е послободно, дали не наметнува?
Едино полигамија би била оправдана ако се дојде до некоја демографска катастрофа пример повеќе жени од мажи или обратно, зборувам за некој драстичен размер 70:30.
 
.

атеизмот постои и пред верите. атеизмот постои и без верите. атеизмот постои и денес независен од верите. верата е нешто што треба да изумре. можеби пред 1000 години била потребна за да се контролира некоја народна маса, али денес е зло.

Замисли живот и свет во кој како основа секој би ги почитувал 10 Божји заповеди. Резигијата не само вера во Бог туку и начин на живот-ПРАВИЛЕН
 
...тој што е способен сам да разликува добро и лошо ...

.
Сигурен ли си дека навистина знаеш да разликуваш добро од лошо (зло)?

Јас познавам многу такви “верници“.

Еве, хипотетички да земеме дека тоа е така и ти навистина знаеш да разликуваш добро од лошо (зло).
Смеам ли да те прашам, дали ти одсекогаш знаеше да разликуваш, што е добро, а што лошо (зло)?

Ако нее одсекогаш, тогаш, може ли ти и секогаш да незнаеш што е добро, а што лошо?

Ја сфаќаш ли својата ограниченост и релативност?
.

На ова место - иако неколумина “опасно“ се приближија до точниот одговор - би сакал да приложам текст, кој што би помогнал во одкривањето на одговорот.

Змијата беше полукава од сите полски животни, што Господ, Бог, ги направи.

Таа и’ рече на жената:
- „Вистина ли е дека Бог рекол, - не јадете од ниедно дрво во градината?”
Жената и’ рече на змијата:
- „Ние смееме да јадеме плодови од дрвата во градината.
Само за плодот на дрвото што е среде градината Бог рече:
‘Не јадете од него! И не допирајте го, за да не умрете (и имате маки)!’”
А змијата и рече на жената:
- „Навистина, нема да умрете (и нема да се мачите)!
Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите,
и вие ќе бидете како Бог, распознавајќи го доброто и злото.”

Жената виде дека дрвото е добро за јадење, пријатно за очите и дрво пожелно за да се постане мудар: тогаш посака да јаде од него, набра од неговиот плод и јадеше.
После му даде и на својот маж, кој беше со неа, па и тој јадеше.
Тогаш на двајцата им се отворија очите, и согледаа дека се голи.
Сплетоа смоквини лисја и си направија престилки.

(Битие 3: 1-7)

Ве молам, без разлика дали досега сте го читале текстот или не, или, дали верувате или не, сепак внимателно прочитајте го текстот (кој можеби и не е најдобриот превод на македонски) и земетеси време да медитирате на истиот.

Сите оние кои немаат вистински интереси на темата, ги молам да се воздржуват од коментари и прерани заклучоци.

Поздрав до сите
.

41_00342902.jpg
.

.
 
За самиот поим грев не постои универзална дефиниција. Па од тука ако за некого нешто претставува грев, за некој е сосем нормално. Па така неможеш да дискутираш кој е најголемиот грев... Како да дискутираш која е најдобра религија...
 
Замисли живот и свет во кој како основа секој би ги почитувал 10 Божји заповеди. Резигијата не само вера во Бог туку и начин на живот-ПРАВИЛЕН

.

Во Се’опфатната и Совршената Мудрост БОЖЈА чиста - за спасение на сите кои нема да Ја одбијат - отелотворена во Исуса Христа, има една многу пократка и поефикасна заповед, дури и од убавите 10 заповеди.

Без Изворот (Коренот) на таа заповед, џабе е се’!

Што велиш брате, Кој е Тој Извор (Корен) и која е Таа универзална заповед и вера, која Совршениот БОГ лично во (и преку) Господа Исуса Христа ни ја дари?

Поздрав до тебе и до сите други (y)

Jesus_59.jpg

.
--- надополнето: 12 јануари 2014 во 14:10 ---

За самиот поим грев не постои универзална дефиниција. Па од тука ако за некого нешто претставува грев, за некој е сосем нормално. Па така неможеш да дискутираш кој е најголемиот грев... Како да дискутираш која е најдобра религија...

.

А може ли да постои, само човекот да нее вистински свестен за тоа, бидејќи и покрај својот “развиен“ интелект, сепак се’уште е духовно глув и слеп за најважното?

Поздрав

п.с. Сликата подолу е >>Просветлувањето на Св.Ап. Павле<<, кој при просветлувањето паѓа од високиот коњ, ослепува и осознава дека сиот негов интелект, сите негови дела, сите негови ревнувања, сите негови држења на законот, ... сепак ја промашуваат целта.

Тоа всушност и значи грев по дефиниција: промашување на целта!

ConversionStPaul.JPG

.
 
Гревот кој е непростив е свесно и намерно отфрлање на вистината, страв од знаењето дека тоа знаење не би одговарало на твоите предрасуди.
 
.
Сигурен ли си дека навистина знаеш да разликуваш добро од лошо (зло)?

Јас познавам многу такви “верници“.

Еве, хипотетички да земеме дека тоа е така и ти навистина знаеш да разликуваш добро од лошо (зло).
Смеам ли да те прашам, дали ти одсекогаш знаеше да разликуваш, што е добро, а што лошо (зло)?

Ако нее одсекогаш, тогаш, може ли ти и секогаш да незнаеш што е добро, а што лошо?

Ја сфаќаш ли својата ограниченост и релативност?
.

Да, отсекогаш сум разликувал добро од зло и сум сигурен дека знам што е добро, а што лошо. И не гледам како тоа ме прави ограничен.
 
.

Во Се’опфатната и Совршената Мудрост БОЖЈА чиста - за спасение на сите кои нема да Ја одбијат - отелотворена во Исуса Христа, има една многу пократка и поефикасна заповед, дури и од убавите 10 заповеди.

Без Изворот (Коренот) на таа заповед, џабе е се’!

Што велиш брате, Кој е Тој Извор (Корен) и која е Таа универзална заповед и вера, која Совршениот БОГ лично во (и преку) Господа Исуса Христа ни ја дари?

.
Поздрав до тебе и до сите други (y)

’’Возљуби го Бога со целото си срце со целата си душа со целата си сила и со секоја твоја помисла’’. Можеби ова имаше предвид?
А 10 Божји заповеди јас ги напишав да бидат како ОСНОВА а не само да се тие во животот ни.:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom