Crazy in Love
Here's looking at you kid.
За првата сезона имавме тема тука, но бидејќи имаме нова сезона, нови вести, нови настапи, затоа отворам нова тема каде ќе се дискутира и гледа 2рата сезона на Танц со Ѕвездите. Првата сезона според мене беше навистина освежувачка со оглед на тоа што све има по нашиве телевизии.
Еве прочитајте подолу малку за тоа што не очекува во новата сезона:
Еве прочитајте подолу малку за тоа што не очекува во новата сезона:
Кој ќе се натпреварува во втората сезона на Танц со ѕвездите?
Точно на последниот ден од оваа година, 31. декември, како дел од новогодишната програма на МРТВ, ќе биде првата епизода на втората сезона од популарното шоу „Танц со ѕвездите“.
![]()
По успехот и популарноста кои ги постигна минатата сезона, ова шоу продолжува и годинава со своите атрактивности, изненадувања, многу, танц, музика и ѕвезди.
Она што досега се знае според продукцијата „Дрим фактори“ е дека водител повторно ќе биде шоуменот Тони Михајловски, а негова водителска партнерка ќе биде атрактивна девојка која сѐ уште ја држат во тајност.
Според една негова изјва, дури и самиот Тони не знае за која девојка точно се работи. По примерот и стандардите на светското шоу, во жирито пак ќе има 3 члена, меѓу кои двајца професионални експерти за танц и едно лице од јавниот живот кое повеќе ќе биде во улога на коментатор како глас на публиката или поблизу до обичниот гледач.
Во однос на учесниците, познати се и и ѕвездите кои ќе вежбаат со професионалните танчери. Тоа се: водителот Димитар Атанасовски, музичарот Владимир Крстевски- Франц, пејачката Сара Мејс, каратистката Наташа Илиевска, ватерполистот и фотомодел Стефан Лошковски, пливачката Наташа Мешковска, презентерката Маријана Димовска, манекенката Александра Накова, актерот Мартин Јордановски и актерот и пејач Влатко Илиевски.
Кој е вашиот фаворит?