Приватни автобуси ( Скопје ) - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување
Користам приватен автобус секогаш кога е тоа можно. Поради цената и бидејќи нема билети. Во државните треба да го чуваш билетот, а тоа ме нервира.
За жал има многу малку линии.
 
Во 22-ка еднаш кај Порта Влае Циган проба да се шверца и влегува скришум од средна врата. Шоферов го виде одма и му затвора и го фати на средина и овој не можеше да мрдне ни лево ни десно. :D

А во 12-ка од Шишево има еден сум начекал и со зелки вреќи да биде пун.

Во приватен еднаш што иде накај Катланово, му се расипа нешто во автобусот кај клучката Бит Пазар и овој така станува, става ракавици иде сред автобус трга еден од капаците и чекпка, тука. Кога гледам вади и мења дел нешто за кочницата. Стави штрафцигер да држи тука и си продужи нормално. Јас мислев дека во секој момент ќе загинам.

Врв ми е тркањето на Партизанска, кога ќе распалат од под Влајко до после мостот Обединети Нации, тука се одвива најголемата нонкуренциска трка.
Од кога ги земаа овие Данскиве/Германски или од кај и да се автобуси, стварно е мерачки да се возиш во нив. Плус речиси секогаш стигам побрзо со приватен отколку со државен автобус, само што штета ги нема навечер...
Има и ноќни приватни автобуси, тие се по 30 ден. ама факт е дека не се редовни.
 
Во 22-ка еднаш кај Порта Влае Циган проба да се шверца и влегува скришум од средна врата. Шоферов го виде одма и му затвора и го фати на средина и овој не можеше да мрдне ни лево ни десно. :D
А во 12-ка од Шишево има еден сум начекал и со зелки вреќи да биде пун.
Во приватен еднаш што иде накај Катланово, му се расипа нешто во автобусот кај клучката Бит Пазар и овој така станува, става ракавици иде сред автобус трга еден од капаците и чекпка, тука. Кога гледам вади и мења дел нешто за кочницата. Стави штрафцигер да држи тука и си продужи нормално. Јас мислев дека во секој момент ќе загинам.

Има и ноќни приватни автобуси, тие се по 30 ден. ама факт е дека не се редовни.
Нема приватен за Катланово...
 
Ах приватни :) Од кога имаат нови автобуси смрт ми е да влезам. Во најголем број немаат прозорци, бидејќи имаат клими и сл., но тоа не се активира никогаш.
Во најголемите зими (зборам за на 9ка) не пуштаат парно, но затоа пред некое време кога беше потопло беше пуштено парното :) Се стопив.
За возење, мислам дека пешки кога идам од судска до Јаја паша побрзо стигнувам, отколку со автобус, бидејќи се влечка, а еднаш мерев дека на еден му требаше 10 минути за да стигне од таму до таму.
Тоа што наоѓаат место, па дури и кога го нема, вистина е.
Што се караат со нас средношколците и не не` пуштаат да влеземе со слободни (а добиваат пари за тоа) и тоа е точно. Еднаш со баба ми идев и со чадор ќе мавав еден на 19ка, баба ми ме спречи, сите ме гледаа. Искрено таквото ме заболе, оти кој што прави само со нив се расправам, можеби и затоа преферирам да идам со автобуси од ЈСП. На крај, и во овие има фосили, пардон, пензионери во Вторник, Петок и Сабота, успеваат да се шмугнат од средна врата :D
 
На крај, и во овие има фосили, пардон, пензионери во Вторник, Петок и Сабота, успеваат да се шмугнат од средна врата :D
Минатата недела ги избрка еден. Се упикаа од средна старци баш како што не загледуваат ни бројка ни ништо и овој им вика ќе платите? И овие не им текнува дека е приватен. На крај им отвори и се симнаа.
 
Минатата недела ги избрка еден. Се упикаа од средна старци баш како што не загледуваат ни бројка ни ништо и овој им вика ќе платите? И овие не им текнува дека е приватен. На крај им отвори и се симнаа.
Ама најдобри се на 20ка, знаат дека има само приватни и уште си седнуваат и овие им викаат да платат оти е приватен, а старциве уште прашуваат, а како тоа приватен, нели е нова нов автобус, државен не е?

Само имам една лоша вест, наскоро изгледа и ЈСП и приватнициве ќе бидат едно претпријатие, со што изгледа и овде фосиливе ќе се возат бесплатно.
 
Сериозно? :confused: Ај се надевам ќе им прават како на учениците. :pos:
Така се збореше, само останува да видиме. Може и да биде нешто, оти гледам скоро сите приватници се сега црвено обоени :)

И да, заборавив да кажам, на 22ка има еден со ТВ што си има, заради него неколку пати ќе си се симнев каде што не треба :D
 
Тој што не се возел во полноќна 23ка од 12 и 15 што трга од капиштец петок и сабота, ништо не видел во живот. :pos: Знам дека на форумов има дечки од маџари и ченто, ќе им текне за што зборам. Автобусот буквално вака изгледа , a внатре од пијаници, разголени тинејџерки, работници што одат трета смена со до браќата на стимулативни супсатнци :vozbud: , освен пензионери буквално све друго има. :D Ама за шоферите немам збор срцки се, вршат работа, еднаш во центар кога ми се дупна гумата на точакот го подмитував со 50 ден. шоферот на 23ка да ме префрли до маџари. :tapp: Ме качи со точак во автобус кутриот. :D

Фала Богу никад не сум имал прилика да се ужасавам на такви призори. Јас кога е касно ноќе најчесто си се возам со пешки :)
 
Секогаш користам приватен, помалце гужва, помалце пари, нема контрола...Башка не влагаат секакви дивјаци во автобусите. Во вторник и петок ти е милина да се возиш со нив.
 
Sve e super vo privatnive osven(zboruvam za 22ka ) nagloto trganje i zakocuvanje, neznam dali e do shoferot ili do avtobusot ali vo tie momenti ako ne se drzis za nesto ne ti begat da se udris vo drug(ako imas sreka da imat drug okolu tebe) ili vo najlosh slucaj da si padnis.
 
Не јади бурек, кај мене тој во 6 и 55 автобусот двокатен цел се пуни до даска и на втора станица луѓево неможат место да најдат. Коа ги немаше двокатниве немаа место ни за стоење. :D

Еве малку математика.
Двокатен автобус. Доле имаш место и за стоење и за седење. Горе имаш место само за седење, бидејќи да стоиш горе е невозможно. Се појавува друг проблем. Оној кој сака да излезе од горе треба да ја помине гужвата доле која е неснослива. Земи го тоа дека во бесплатните денови имаш пензионери кои ги мрзи да се пентарат горе - ете ти го проблемот на закрчен сообраќај во двокатен автобус.
Во еднокатен. Можеш и да седиш и да стоиш подеднакво секаде. Капацитетот на седиштата е поголем, автобусот внатре е поширок. Пензионерите ќе се дотепаат за слободно место но затоа коридорот нема да биде закрчен, имаш поголема слобода во движење во автобусот.
See my point?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom