Што не му фали на Скопје?

  • Креатор на темата Креатор на темата Indigo
  • Време на започнување Време на започнување
Политичари со воспалени умови, споменици...
 
Луѓе опседнати со политика, иако директно немаат никаква корист од истата (не профитираат)
 
Деца кои мислат дека се разбираат во политика и меѓуетнички односи иако повеќе од месен штаб не знаат.
 
Отварачи на глупи теми.
Мрднете малку понастрана од државата и ќе наведнувате глава кога ќе ви текни од кај сте.
Скопје демек о Боже ахахах
 
На Скопје не му фали микроклима, изгор лето и кочан зима. Славните маала му фалат, за жал, освен (поразително мал дел) од Дебар Маало.
Скопје прекумерно има некултурни возачи и игнорантни пешаци.

Во последно време на Скопје не му фалат ни возила, следствено на тоа и катни гаражи (за некое време ќе видиме закон за задолжително плаќање за паркинг, на наша среќа или жалост, не можам да се одлучам во моментов).

На Скопје не му фали бучава и загаден воздух, како и недостаток на небо, особено во лето и доцна есен.
 
Кенкачи, луѓе што нон-стоп се жалат колку се е тапа, животот е тапа, ноќниот живот е тапа, луѓето се тапа. А бе излагаш подготвен да си поминеш убаво и само слушаш како некој се жали и кенка. Дефинитивно не му фалат кенкачи, напротив, ги има на претек.

Прекрасно е Скопје, уште да не го трујат луѓе со негативна енергија супер ќе беше. Ни смогот, ни загаденоста не се толку отровни ко негативната енергија што се шири со брзина на светлината.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom