Свет каде што виолината е поскапа од куќата

Samurai Jack

Penspinner
Член од
15 април 2012
Мислења
3.659
Поени од реакции
8.659
Потикнат од некои луѓе во Македонија кои што секојдневно кукаат за ситуацијата во Македонија, како тоа тие немале средства или поддршка за да ги остварат нивните сонови, желби и сл.
Точно е тоа дека не можете секогаш да го добиете тоа што го посакувате, но тоа не значи дека не треба да пробате и да дадете се од себе за да го добиете.

Еве како тоа го добиваат луѓето кои што се во многу полоша ситуација од нашата.

Што е со нив, тие немаат интернет за да објавуваат како нивната ситуација е претешка на форуми, социјални мрежи и сл.

Видеото е само еден доказ од многуте дека доколку навистина нешто сакаш можеш да го добиеш, се друго е само еден беден изговор.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.793
Поени од реакции
6.206
......сега само потсетете се колкумина кукаат дека биле сиромашни и немале пари за кафе на кеј и неможеле да одат на одмор туку морале да се задоволат со 10 дена кај грциве
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Според мене нешто недостасува на видеото
Некој ги научил да вака прават инструменти, ги научил да свират, ги увежбал .....
Тој е главниот јунак....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Јако ова. Ко ќе ти кажат буквално на канта да свириш :ROFLMAO:
Чешел, лист од пченица, бардак, врбово гранче...ама виолинава е више уппер левел за филхармонија
 
Член од
24 ноември 2009
Мислења
4.959
Поени од реакции
4.881
Добро шо е поентава на видеово дека има и полошо ? Нема бе полошо од ова нема,дај напрајте споредба со уганда или некоја друга африканска земја каде што црево мартадела кошта колку колибите на цело село,ете да се види дека имало полошо. А да тркнеше афторов на видеово или темава до шутка да снимеше на шо инструменти таму свират циганине, да види во што тие живеат и дали таму цената на една тарабука не е поголема од цената на една барака.
Ах бре мизеријо
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Добро шо е поентава на видеово дека има и полошо ? Нема бе полошо од ова нема,дај напрајте споредба со уганда или некоја друга африканска земја каде што црево мартадела кошта колку колибите на цело село,ете да се види дека имало полошо. А да тркнеше афторов на видеово или темава до шутка да снимеше на шо инструменти таму свират циганине, да види во што тие живеат и дали таму цената на една тарабука не е поголема од цената на една барака.
Ах бре мизеријо
Поентата не е да се гледа степенот на мизерија. Имало и ќе има беда, глад .. по светов и полошо и подобро. Поентата шо ќе направиш во ситуацијата. Да беа овие во Македонија ќе ги слушаше како ту звонат на врата по десет пати дневно и како дури пиеш кафе надвор ти вртат по 3-4ца околу тебе. Ако викнам некој од „нашинциве" да ми ги исцепи дрвата за некој динар ќе му се мели умот оти полесно му е да досадва на улица.
Како и да е респект за целата екипа на лендфул хармоникс оти се обидуваат поштено да заработат. И да особено респект за мастермајндот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom