Во една молитва до својот Татко, Исус рекол: „Го објавив твоето име и ќе го објавувам“ (
Јован 17:26). Без сомнение, Исус го изговарал Божјетоиме во многу прилики кога читал, цитирал или објаснувал делови од Хебрејските списи во кои било запишано тоа важно име. Значи, исто како и пророците пред него, Исус слободно го употребувал Божјетоиме.[DOUBLEPOST=1397557204][/DOUBLEPOST]Во последниве неколку векови, Божјетоиме се користеше и на други места освен во Библијата. На пример, на златните монети што долго време биле ковани во Швајцарија можат да се прочитаат латинските зборови
BenedictusSitIehovaDeus, што во превод значи „Слава му на ЈеховаБог“ [1]. Всушност, во изминативе неколку стотици години, Божјетоиме на хебрејски и на латински се појавило на повеќе од илјада различни видови платежни средства.[DOUBLEPOST=1397557319][/DOUBLEPOST]пред многу векови, од суеверен страв, Евреите престанале да го изговараат името на Бог. Подоцна, таквото суеверие се вовлекло и во христијанството. (Спореди
Дела 20:29, 30; 1. Тимотеј 4:1.) Станало обичај преведувачите на Библијата да го заменуваат Божјетоиме со титулата „Господ“. Денес, во повеќето Библии Божјетоиме е целосно отстрането. Во некои современи Библии е испуштен дури и зборот „име“ во стихот од
Јован 17:6, каде што Исус вели: „Го објавив твоето име“. Во македонскиот превод
Радоснавест, овој стих гласи: „Те објавив на луѓето“.[DOUBLEPOST=1397557621][/DOUBLEPOST]„Им го објавив твоето име на луѓето што ми ги даде од светот... Им го објавив твоето име и ќе го објавувам“ (
ЈОВАН 17:6, 26)
Што значи тоа? Исус го објавувал Божјето име така што го употребувал кога проповедал. Кога читал од Светото писмо, како што имал обичај, тој го изговарал Божјето лично име (
Лука 4:16-21). Исус ги поучил своите ученици да се молат со следниве зборови: „Татко, нека се свети името твое“ (
Лука 11:2).[DOUBLEPOST=1397557918][/DOUBLEPOST]Бог си одбрал име што има длабоко значење. Неговото име, Јехова, значи дека тој може да го исполни секое ветување што го дал и да направи сѐ што ќе науми.
*Божјетоиме е навистина единствено. Тоа му припаѓа само нему. Но, има и други работи што го прават Јехова единствен.