Дали оправдувате напад врз Сирија и зошто ?

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување

Дали оправдувате напад врз Сирија и зошто ?

  • Оправдувам

    Гласови: 9 5,6%
  • Не оправдувам

    Гласови: 136 84,0%
  • Не ме интересира таа проблематика

    Гласови: 11 6,8%
  • Не сум се определил

    Гласови: 6 3,7%

  • Вкупно гласачи
    162
Јас гласав дека не ме интересира, но ме интересираат некои прашања, ако не се тотално офтопик....

Зошто тргнувате со претпоставката дека САД секогаш мести? Зар мислите дека Русија, Кина, Сирија немаат тајни служби и неможат да местат било што, и секогаш ко глупи одат праведно?
Зошто Асад (неговото семејство) да владее со Сирија засекогаш? Зар се многу добри луѓе и затоа земаат таква голема одговорност...
Во Сирија мнозинство се сунити, мислам беше над 80%, а шиитите владеат со државата?
Дали тоа што сте против САД (а против САД знам зошто сте) сте за Асад?

(со претпоставка дека ме интересира) Јас би оправдувал напад под претпоставка дека владеењето на Асад е штетно за сиријците, само тогаш......

Русија и Кина местат за САД да нападне?:confused:
Не е битно кој владее, подобро и диктатор него ли исламисти, се е подобро од исламисти. А Асад е бранителот на секуларна Сирија и здравиот разум. Ако дојдат твоите собраќа ќе уништат и убијат се што е несунитско. По слични каузи се водите и таму и тука. :)
Против администрацијата на САД се и самите Американци и целиот нормален свет, освен Албанија и Косово, тука пред се мислам и на државата и на народот. До сега не сум сретнал Албанец да е против напади на Сирија.
 
Ми се лоши од увозна демократија. Мирољубивиот нобеловец (ма кој црн нобеловец!) и неговата администрација го направија Блискиот Исток решето и си оставија простор за идни интервенции кои тогаш ќе бидат насочени против исламските радикали. Веќе видено. Тешко на народот таму, ќе го јаде стапот во деценииве што претстојат.
 
Не оправдувам напад. Единствен напад кој јас би го опрадал е оној во кој иран, ирак, афган, сирија, либија, србија, македонија и сите останати каде што проклетите амери воведуваат демократија би се споиле за да ги нападнат ебаните соединети американско пичкарски држави.
 
Јас гласав дека не ме интересира, но ме интересираат некои прашања, ако не се тотално офтопик....

Зошто тргнувате со претпоставката дека САД секогаш мести? Зар мислите дека Русија, Кина, Сирија немаат тајни служби и неможат да местат било што, и секогаш ко глупи одат праведно?
Зошто Асад (неговото семејство) да владее со Сирија засекогаш? Зар се многу добри луѓе и затоа земаат таква голема одговорност...
Во Сирија мнозинство се сунити, мислам беше над 80%, а шиитите владеат со државата?
Дали тоа што сте против САД (а против САД знам зошто сте) сте за Асад?

(со претпоставка дека ме интересира) Јас би оправдувал напад под претпоставка дека владеењето на Асад е штетно за сиријците, само тогаш......
Не сум против САД ниту за Асад,туку против вахабистите шо ги подржува САД.Полошо нешто од вахабизмов немало во историјата на човештвото.Дали можиш да замислиш каков живот би имале и ти и јас под вахабистичко владеенје и во кој век би се вратиле,прав кошмар.Асад можда не е цвеќе за мирисанје ама се додека се борит против оние лудаци со испрани мозоци ќе ја имат мојата подршка исто како шо ја имат подршката и од народот во САД.Значи и америчкиот народ ја свати лицемерната политика на своите водачи!
 
Тоа се вика искуствено резонирање.
САД директно учествува во сите конфликти на Блискиот Исток после втората светска војна.

Обрни внимание меѓу 6.22 и 6.25 во видеово, каде што Весли Кларк истакнува: „тие се нестрпливи да го докрајчат Ирак, за да можат да продолжат со Сирија!

General Wesley Clark tells of how Middle East destabilization was planned as far back as 1991

http://www.youtube.com/watch?v=f7NsXFnzJGw

Овде не се работи за никаква конспирација или претпоставување, а сите знаеме кој е Весли Кларк. Видеото е снимено на 3 Октомври 2007.

Еве и уште подобра снимка каде што Весли Кларк потврдува дека му бил приложен доверлив документ од Пол Волфовиц(американскиот заменик-секретар за одбрана во тоа време), во кој бил направен план да се освојат 7 земји во наредните 5 години: „да се почне со Ирак, а потоа следува Сирија, Либан, Либија, Сомалија, Судан и Иран.“

Гледајте со внимание од 7.55:
General W. Clark tells truth about Middle East "Uprising"

http://www.youtube.com/watch?v=KKrkokQIx9g

- претходно од 6.48 секунда : „Научивме дека можеме да употребиме војската во регионот, во блискиот исток и Советите не можат да не запрат.
Имаме од 5 до 10 години да расчистиме со поранешните режими-клиенти на советскиот сојуз, Сирија, Иран, Ирак и пред да се појави втора светска сила која би не предизвикала.“
 
Не сакам да дискутирам за намерата на САД зошто сака да ја нападне Сирија, што и да сака нека биде, важно е дали за сиријците ќе биде подобро......
Не се криви незадоволните сиријци за тоа што американците изнаоѓаат причина за напад, крив е Асад и неговото владеење....

И режимот на Енвер Хоџа сакаа да го срамнат, за несреќа изгубија желба и волја, и не верувам дека постоел албанец кој не би сакал такво нешто, резултет Албанија најзаостаната во балканот, со изолирани плажи, а Хрватска се претвораше во скапа дестинација, ете тоа го добивме со неинволвирањето на американците, ние изгубивме многу, а ништо не добивме што бевме држава сателит на советите со децении, само изолираност и беда...... и Сирија е таква или слична......

Мислам дека таква е ситуацијата со сиријците, таму над 80% или 90% се сунити а 10% алевити владеат со државата со децении, се гледа ко бел ден дека не се владее со волјата на народот.....
--- надополнето: 8 септември 2013 во 22:03 ---
Не сум против САД ниту за Асад,туку против вахабистите шо ги подржува САД.Полошо нешто од вахабизмов немало во историјата на човештвото.Дали можиш да замислиш каков живот би имале и ти и јас под вахабистичко владеенје и во кој век би се вратиле,прав кошмар.Асад можда не е цвеќе за мирисанје ама се додека се борит против оние лудаци со испрани мозоци ќе ја имат мојата подршка исто како шо ја имат подршката и од народот во САД.Значи и америчкиот народ ја свати лицемерната политика на своите водачи!

Вахабиите се алатка со привремена употреба, толку...
И не се сложувам дека Асад се бори против злото, сите страни си се виновни, само сирискиот народ ни е крив ни должен, и пак на крај ќе го јаде....
 
Не сакам да дискутирам за намерата на САД зошто сака да ја нападне Сирија,
..... крив е Асад и неговото владеење....
Не знам што бараш на темава.

Мислам дека таква е ситуацијата со сиријците, таму над 80% или 90% се сунити а 10% алевити владеат со државата со децении, се гледа ко бел ден дека не се владее со волјата на народот.....

Сите секташките пресметки во муслиманските земји се спонзорирани од Саудиска Арабија и нивните планови сите нив да ги подредат под шеријатот. Оттаму е интересот во сојузништвото меѓу Саудијците и САД со Израел.
 
Не оправдувам напад. Единствен напад кој јас би го опрадал е оној во кој иран, ирак, афган, сирија, либија, србија, македонија и сите останати каде што проклетите амери воведуваат демократија би се споиле за да ги нападнат ебаните соединети американско пичкарски држави.

И после да се вратиме едно 3,4 века поназад и пак потурчување односно во случајов исламизирање :)
 
Не оправдувам напад. Единствен напад кој јас би го опрадал е оној во кој иран, ирак, афган, сирија, либија, србија, македонија и сите останати каде што проклетите амери воведуваат демократија би се споиле за да ги нападнат ебаните соединети американско пичкарски држави.

Ќе дојде и тоа време :) знам дека звучи утописки, меѓутоа само нека продолжат да развиваат технолошки оружја, дронови и ракети на компјутерско управување.
Затоа што сепак, иднината е во знаењето, а тоа може да е доволно да се пробијат сите тие системи и да се искористат против нив самите.
Следната поголема војна ќе биде одбележана како сајбер војна, а тогаш количината на модерно наоружување може да означува и поголема ранливост.

Само претставете си ја таа војна, каде со хакирање на ракетите и системите за наведување, сателитите и сл. логистика ќе бидат преземени од противникот без ниту една жртва од негова страна.
 
Не оправдувам интервенција.
Сирија е суверена земја и има право да се пресмета со жганот што ја атакува од сите страни.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 10:15 ---
Не оправдувам интервенција.
Сирија е суверена земја и има право да се пресмета со жганот што ја атакува од сите страни.
--- надополнето: 13 септември 2013 во 10:24 ---

Се кладам дека повеќето Сиријци седат во подрумите со двете знамиња спремни и кога ке завршат експлозиите ке видат кој ги „ослободил“ за тој ден и ке искочат со тоа знаме да се „радуваат“ и да се надеваат дека нема некој да ги стрела/обезглави.

Асад или Вахаби дегенерици?
Змија да те апне или магаре да ти го бапне?

Како и да е Сирије во наредни 20-30 години не се оправа.
 
Зошто тргнувате со претпоставката дека САД секогаш мести? Зар мислите дека Русија, Кина, Сирија немаат тајни служби и неможат да местат било што, и секогаш ко глупи одат праведно?
Зошто Асад (неговото семејство) да владее со Сирија засекогаш? Зар се многу добри луѓе и затоа земаат таква голема одговорност...
Во Сирија мнозинство се сунити, мислам беше над 80%, а шиитите владеат со државата?
Дали тоа што сте против САД (а против САД знам зошто сте) сте за Асад?

(со претпоставка дека ме интересира) Јас би оправдувал напад под претпоставка дека владеењето на Асад е штетно за сиријците, само тогаш......

Чекај малку. Знаеш ли дека Асад ужива голема поддршка меѓу народот? Ова го читав порано, ама мислам дека има добри 70-80% поддршка од својот народ, така да генерално кога ќе анализираш, поддршка има и од шиити и сунити.

На прашањето зошто да владее засекогаш, ќе ти одговорам - затоа што му се може. Асад има голема поддршка од својот народ, а сите знаеме дека бунтовниците се креирани од страна на САД. Значи вака, твоите браќа одеа (и гинат) во борбата против Асад. Еве малку упростено...зошто некој од Македонија би одлучил како да живее обичниот сириец?

Еве јас како гледам на работите и мислам дека горе-долу не сум далеку од вистината. Сирија и Иран се последниот бастион (читај земји од голем интерес на Кина и Русија). Ако падне Сирија, најверојатно ќе биде изграден гасовод кон Европа, а со тоа ќе се урне доминацијата на руски Гаспром. Покрај ова, Сирија е еден од најголемите клиенти на Русија кога станува збор за воена индустрија.

Од друга страна, американците докажуваат уште еднаш дека сакаат да бидат планетарен џандар (иако ти тоа не можеш, ниту пак сакаш да го видиш). Ова е војна на интереси, САД планира преку Турција да носи гасовод до Европа, да им ја ,,преуреди'' државата на сиријците (нормално главни компании за санирање на рушевините ќе бидат од САД) и она најбитното, да го намалат влијанието на Русија во овој регион. Турција е на страната на САД од неколку причини, ама главната причина се - Курдите. Мора да се намали влијанието на Курдите, како во Турција, па така и во Сирија и Иран, значи на Ердоган му одговара војна каде што значително ќе ги ослабне Курдите.

За да ти биде полесно, Русија и Кина не ги заболе за Сиријците, туку ги боли за нивните интереси, тоа е факт. Ама САД се тие кои ќе го прекршат меѓународното право и столбот на ОН, САД се тие кои ги внесоа бунтовниците со цел да си донесат ,,пионче'' на власт и САД се тие кои доколку креираат една нова војна ќе создадат колатерална штета, ќе гинат цивили, жени, деца, војници кои си ја бранат татковината.

Барем сите ние овде сме сведоци за ,,албанското прашање'' во 2001 година, за колатералните штети за кои најголем виновник беа Американците. Ние на наш грб знаеме како е некој да ти ја ,,среди'' државата (читај Рамковен договор), а во војната на интереси да гинат полицајци и војници кои само си ја бранат татковината и секако иживувањето на цивили, затворањето на брани и други терористички и кукавички дела.
 
Aсад сепак е диктатор ...
Човек кој владее ХХ години со една земја и во која земја ги држи апсолутно сите конци во рака од чистач па се до директор, министер, пратеник и.т.н. за мене е диктатор ... та бил по политичка идеологија левичар, десничар или што ти знам(мислам дека и кај нас во државава не е ништо боље од Сирија него ај да не навлагаме сега) ...
Не сум за Асад т.е. не поддржувам вечна власт, тоталитаризми и сл. но сепак за мала нијанса е подобро еден диктаторчиќ како Асад да владее со тој народ(30 милиони Сиријци)таму отколку некакви си забрадени хард-кор Сунитски-Исламисти кои ќе испотепаат се живо и диво таму и Шиити(Алавити) како и Христијани кои се малцинство во таа земја(преку 80% од населението на Сирија се Сунитски Муслимани б.т.в.) !
На Сиријците им е потребна според мене реална демократија и плурализам, нека си се оформат политички партии и народот мирно, демократски и регуларно нека си гласа на избори и кој победи нека биде на власт ... искрено не навивам ниту за диктаторот Асад ниту пак за Вахабистите/Исламистите, но за мала нијанса мислам дека Асад е подобро да остане на власт таму не за друго туку ако дојдат на власт другите ќе биде покољ таму исто како во Египет после падот на Хосни Мубарак(теророт врз Египетските Христијани-Копти) !
 
Не знам што бараш на темава.
Баш за тоа е темата, не не интересира намерата, туку дали оправдуваме напад....

Сите секташките пресметки во муслиманските земји се спонзорирани од Саудиска Арабија и нивните планови сите нив да ги подредат под шеријатот. Оттаму е интересот во сојузништвото меѓу Саудијците и САД со Израел.

Сектите се креирани од надвор, или па зацрвстени и конслолидирани ако воопшто постоеле пред да се замешат колонијалните сили......
Иначе како е можно малцинство по вера да владее со Сирија??
И се разбира дека саудиска Арабија би се борела за унифицирање на верниците....
--- надополнето: 13 септември 2013 во 19:33 ---
Чекај малку. Знаеш ли дека Асад ужива голема поддршка меѓу народот? Ова го читав порано, ама мислам дека има добри 70-80% поддршка од својот народ, така да генерално кога ќе анализираш, поддршка има и од шиити и сунити.
Јас па читам дека Асад нема никаква подршка од народот, особено од сунитите...
На прашањето зошто да владее засекогаш, ќе ти одговорам - затоа што му се може. Асад има голема поддршка од својот народ, а сите знаеме дека бунтовниците се креирани од страна на САД. Значи вака, твоите браќа одеа (и гинат) во борбата против Асад. Еве малку упростено...зошто некој од Македонија би одлучил како да живее обичниот сириец?
Затоа што му се дозволува, неговот владеење е воведено од надвор, изгледа пак од надвор ќе се срамни....
И 2001 на некој начин војниците на Она беа креирани од американците но имаа подршка од народот.....
Не знаеме со сигурност зошто албанци одат таму, се разочарувам секако, но ако е за џихад уште повеќе....
Еве јас како гледам на работите и мислам дека горе-долу не сум далеку од вистината. Сирија и Иран се последниот бастион (читај земји од голем интерес на Кина и Русија). Ако падне Сирија, најверојатно ќе биде изграден гасовод кон Европа, а со тоа ќе се урне доминацијата на руски Гаспром. Покрај ова, Сирија е еден од најголемите клиенти на Русија кога станува збор за воена индустрија.
Веќе се сложуваме, но што мислиш ти? кога ќе живеат подобро граѓаните на една држава? под американците или под русите?
Да ти помогнам со примери: види ја разликата со Кореите, види ја разликата со Албанијата на Енвер Хоџа со денешната и многу други примери......
Факт е декадржавите сателити на американците живеат подобор од тие руските, одолговлекувањето на демократизацијата на Авганистан и Ирак имаат замешано прсти и русите, знаеме што правеа во Виетнам.....
Од друга страна, американците докажуваат уште еднаш дека сакаат да бидат планетарен џандар (иако ти тоа не можеш, ниту пак сакаш да го видиш). Ова е војна на интереси, САД планира преку Турција да носи гасовод до Европа, да им ја ,,преуреди'' државата на сиријците (нормално главни компании за санирање на рушевините ќе бидат од САД) и она најбитното, да го намалат влијанието на Русија во овој регион. Турција е на страната на САД од неколку причини, ама главната причина се - Курдите. Мора да се намали влијанието на Курдите, како во Турција, па така и во Сирија и Иран, значи на Ердоган му одговара војна каде што значително ќе ги ослабне Курдите
Подобро им иде, зошто да не, сигурно се подобри од русите, што губиме ние албанците ако сме под американците а не под русите???
За да ти биде полесно, Русија и Кина не ги заболе за Сиријците, туку ги боли за нивните интереси, тоа е факт. Ама САД се тие кои ќе го прекршат меѓународното право и столбот на ОН, САД се тие кои ги внесоа бунтовниците со цел да си донесат ,,пионче'' на власт и САД се тие кои доколку креираат една нова војна ќе создадат колатерална штета, ќе гинат цивили, жени, деца, војници кои си ја бранат татковината.
А јас цело мислев дека се пријатели Путин и Асад :facepalm:
Секако дека не им заболе, ги боли што САД им ги затвораат сите дупки, Русија нема место веќе во медитеранот.......
Барем сите ние овде сме сведоци за ,,албанското прашање'' во 2001 година, за колатералните штети за кои најголем виновник беа Американците. Ние на наш грб знаеме како е некој да ти ја ,,среди'' државата (читај Рамковен договор), а во војната на интереси да гинат полицајци и војници кои само си ја бранат татковината и секако иживувањето на цивили, затворањето на брани и други терористички и кукавички дела.
Сите сме сведоци, но имаме други толкувања, американците се виновни и со тоа што ја подобрија и зацврстија позицијата на албанците во Македонија, тоа највеќе не ви се допаѓа........
Затворање на браната ти е чиста измислена пропаганда, за ова знам сигурно, ако со ова успеа да ве изманипулираат кој знае и колку други злосторства се измислени........
 
Пуно би оправдал интервенција и во Франција и Германија ако Америка реши. И има право,зарем малце американците се залужни за воздигнувањето на Косово и на албанците?
Смешно ми е бидејќи сите муабети се повеќето неизджани, муабети од улица. Ретко кој меѓу нас ја знае вистината за Сирија која се игра задкулисно.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom