Коловрт
Озимандија
- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 4.015
- Поени од реакции
- 9.165
Темава ја замислувам како компилација од докази за било какво македонско влијание во современата грчка култура. Значи зборувам за песни, ора, носии, обичаи, приказни, верувања, поими, изрази, па се до топонимија и менталитет.Под современа Грција се подразбира целата територија на денешна Грција, вклучувајќи ја и Егејска Македонија.
Најчесто се зборува само за грчкото влијание во Македонија, додека за логичната реципрочна последица од взаемно општење и контакти на двата соседни народа ни збор. Скоро и да не се обрнува внимание!
Јасна етничка граница помеѓу Македонија и Грција, барем во XIX век, не постоела. Од една страна имаме бројно грчко население во Македонија, на Халкидик и по течението на Бистрица; а од друга страна пак, имаме безброј македонски, да не речам словенски, топоними низ цела Грција дури до Пелопонез, што укажува на различна етничка слика на таа земја во минатото.
По Балканските војни Грчката држава решава да ја смени оваа состојба агресивно наметнувајќи му грчки карактер на негрчкото население од Македонија, но токму овој чин најмногу придонел за надворешното културно влијание во Грција.
Имено, треба да се има на ум дека асимилацијата на македонското на население не значело само негово прифаќање на грчки елементи. Со погрчувањето на Македонците, заедно со нив, во грчкиот свет влегуваат и многу траги од нивната македонска култура.
Овие културни траги се несомнено македонски, но се текот на времето толку се вклопиле во грчката култура што сега се сметаат за традиционални грчки.
Можеби некој ќе рече дека е премногу националистички да се зборува за македонско културно влијание. Многу од овие траги ги наоѓаме и во бугарскиот или српскиот фолклор, но сепак најлогично е тие да навлегле во грчката култура токму преку Македонија.
П.С.
Ќе ве замолам да се воздржите од коментари од типот „Солун е наш“, „Вистината полека излегува“, „Грци-педери, ќе видат они“ и сл. Објавувајте само материјали кои сведочат за македонските културни траги во современа Грција.
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 18:02 ---
Во последно време ме заинтересираа грчката музика и грчките ора, а посебно „традиционалните грчки“ ора и песни од Егејска Македонија, или само Македонија, бидејќи нели за нив Македонија завршува негде помеѓу Мачуково и Богородица, на една меѓа помеѓу две ниви...
Заклучок од ова мое скромно истражување ми беше дека Грците, во недостаток на нивна автохтона музика во Македонија, едноставно ја прифатиле македонската, па сега се вадат на картата дека всушност се работи за фолклорот на славофони Грци.
Значи, ќе почнам со музика.
--- надополнето: 28 јануари 2013 во 18:07 ---
Πουστσένο χορός (Пусцено хорос)– Пуштено оро
Оро кое потекнува од Битолско, Леринско и Преспанско. Името пуштено е опис за начинот на играње – орото се игра пуштено. Грците пробуваат да го преведат како λυτός, што значи токму пуштено, но сепак ова оро останува нашироко познато како пусцено. Ова оро денеска се игра нашироко низ Грција и се претствува како традиционално македонско грчко оро.
Опис на орото и начинот на играње може да најдете тука.
Подетална анализа за неговиот карактер ќе им ја оставам на етнолозите. Сега само ќе наведам неколку видеа за споредба.
Грчката гордост - пуштеното оро
Пуштено оро на фестивал во Мигдонија - Солунско предградие
Давано на грчката национална телевизија. Емисија „Од Епир до Тракија - Песни и и ора“
Чисто за споредба, пуштено оро отсвирено од македонски изведувачи: