Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Глевниот проблем навистина е во цитатов од твојот пост. Но ТЕМАВА НЕ Е ЗА ТОЈ ПРОБЛЕМ.

Темава НЕ се однесува на решавање на проблемот на денешното (не)воспитување. Иако некогаш се протнуваат и такви муабети.
Тоа е таа засебна тема, таа која ти ја спомнуваш.

Значи да, во право си кога велиш каде е најголемиот проблем. Но оваа тема се однесува пред се на отклонување на некои од последиците од тој проблем. Имено малтретирањето.

Така да, не си во право кога велиш дека темава или насловот се со промашена содржина. Таман се и насловот и темата.
Претходниот наслов гласеше "Забрана за деца во..." и резултираше со поретардирани муабети и од сегашниве. Погрешен беше тој наслов, не треба да се забранат сите деца, зошто има и воспитани деца.

Решението во овој случај е ДА НЕ СЕ ТОЛЕРИРААТ МАЛТРЕТИРАЊАТА, и затоа насловот е заменет во сегашниот.

Ванлок, ти ми се помеша малце, а? Два-три скроз различни муабети ми сврте, а никако да постигнеш поента.

Ај да резимираме. Муабетот почна со мојата теза дека темава е насочена кон кудење на гласните деца по рестораните. Ти тука ме искара дека не било за тоа муабетот, дека рестораните биле само еден мал аспект и дека имаме голем проблем со воспитувањето на глобално ниво. Ја се сложив со тебе, така е, имаме - и ти посочив дека тебе реално тој проблем воопшто не би те интресирал ако можеш да си истераш ручек и кафе после ручек на раат. Друг муабет почна овде, ама сега, во последниов пост, ти заборави на „драстичниот пад во воспитувањето“ и одеднаш пак разговараме за фамозните „малтретирања“ што само го потврдува фактот дека тераш празни муабети за „големиот проблем“ и твојата загриженост за истиот.

Ајде, нема везе, ќе го продолжиме твојот муабет, ама од аспект на твојата (као бајаги) примарна грижа.

Значи, имаме неподобни родители цел еден куп. Децата нивни - за никаде! Распашана команда, без усул, никакви вредности, своеглави и најлошо од се - главни дома на нивни 5 години. И ти, во ваква ситуација си се фатил последици да решаваш? А воедно, сфаќаш и признаваш дека ова има потенцијал да прерасне во ситуација со интензивни последици.

Како „еднаквоста за сите прекршители“ ќе помогне? (освен тоа што ти ќе имаш мир, нели) Нели правилниот пристап за решавање на еден проблем кој со себе носи одредени специфичности беше согледување на неговата основа, сечење во корен, превенција? Од кога тоа вака деликатни проблеми ќе решаваме едноставно преку елиминирање на последиците?
Еве, нема потреба тука да ми одговориш. Нема зошто, јасен е одговорот. Под маската на „загриженост за идните поколенија“ ги подметна сопствените желби и потреби и истите ги приоритизираше на сметка на разгаламени деца и неспособни родители.

Како што реков и претходно - дај да бидеме искрени. Не ти е гајле за кој како си ги воспитува децата, не ти е гајле што понатаму, единствено за што се грижиш е твојата благосостојба во моментите на пиење кафе.

Да и ја ископирам поентата на Перл - себично, нели?
 
Чекај да видам дали добро те разбирам за болдот.
Значи признаваш дека постои проблем од поголеми размери, а кој се однесува на недоволното или несоодветното воспитување на идните генерации, но она за што ти си заинтересиран е како да се отстрани само дел (или последица) на тој проблем.
Имено, малтретирањето (на тебе и твоето секојдневие).

Ако е така, мене ова ми личи на себичност и егоизам.
А тебе?

Хехе, себичност? Егоизам?
Аман, работава ви излегува "во право си, ама не ти се важи пошто си себичен а има и поголеми проблеми!"

Да се држиме на ОВАА ТЕМА ТУКА. Секако дека постои поголем проблем, за тоа треба нова тема, отворете ја и јас секако ќе вклучам и во таа дискусија.
 
Чекај да видам дали добро те разбирам за болдот.
Значи признаваш дека постои проблем од поголеми размери, а кој се однесува на недоволното или несоодветното воспитување на идните генерации, но она за што ти си заинтересиран е како да се отстрани само дел (или последица) на тој проблем.
Имено, малтретирањето (на тебе и твоето секојдневие).

Ако е така, мене ова ми личи на себичност и егоизам.
А тебе?

Епа ајде тогаш да ги затвориме сите теми на форумов и да дискутираме како да се постигне мир во светот, лек за сите болести и решение за глобалното затоплување, бидејќи тие се проблеми од најголеми размери.
 
Нема потреба, може да си дискутираме и на оваа тема како што почнавме. Ама фер би било секој својот став отворено да си го каже и брани, без криење позади „големи проблеми“ кога работите ќе загустат ;)
 
Ванлок, ти ми се помеша малце, а? Два-три скроз различни муабети ми сврте, а никако да постигнеш поента.

Ај да резимираме. Муабетот почна со мојата теза дека темава е насочена кон кудење на гласните деца по рестораните. Ти тука ме искара дека не било за тоа муабетот, дека рестораните биле само еден мал аспект и дека имаме голем проблем со воспитувањето на глобално ниво. Ја се сложив со тебе, така е, имаме - и ти посочив дека тебе реално тој проблем воопшто не би те интресирал ако можеш да си истераш ручек и кафе после ручек на раат. Друг муабет почна овде, ама сега, во последниов пост, ти заборави на „драстичниот пад во воспитувањето“ и одеднаш пак разговараме за фамозните „малтретирања“ што само го потврдува фактот дека тераш празни муабети за „големиот проблем“ и твојата загриженост за истиот.

Ајде, нема везе, ќе го продолжиме твојот муабет, ама од аспект на твојата (као бајаги) примарна грижа.

Значи, имаме неподобни родители цел еден куп. Децата нивни - за никаде! Распашана команда, без усул, никакви вредности, своеглави и најлошо од се - главни дома на нивни 5 години. И ти, во ваква ситуација си се фатил последици да решаваш? А воедно, сфаќаш и признаваш дека ова има потенцијал да прерасне во ситуација со интензивни последици.

Како „еднаквоста за сите прекршители“ ќе помогне? (освен тоа што ти ќе имаш мир, нели) Нели правилниот пристап за решавање на еден проблем кој со себе носи одредени специфичности беше согледување на неговата основа, сечење во корен, превенција? Од кога тоа вака деликатни проблеми ќе решаваме едноставно преку елиминирање на последиците?
Еве, нема потреба тука да ми одговориш. Нема зошто, јасен е одговорот. Под маската на „загриженост за идните поколенија“ ги подметна сопствените желби и потреби и истите ги приоритизираше на сметка на разгаламени деца и неспособни родители.

Како што реков и претходно - дај да бидеме искрени. Не ти е гајле за кој како си ги воспитува децата, не ти е гајле што понатаму, единствено за што се грижиш е твојата благосостојба во моментите на пиење кафе.

Да и ја ископирам поентата на Перл - себично, нели?

Последната констатација и не е таков грев и мислам дека, општо земено, малку карикираш.

Секако дека не би требало да му биде гајле (на Ванлок, на мене, на тебе) кој како си се понаша у својот дом; она што се гледа и доживува надвор е битно. На пример, ако некој дома му дозволува на детето да му седи на глава, таква сцена во ресторан би била малку необична (и кога е самиот родител во прашање) а не пак кога во приказната влегуваат непознати луѓе.

Како јас сфаќам а и коментирам на темава, проблем во најголема мера се невоспитаните родители, кои не се доволно зрели и очигледно не се во состојба правилно да си ги насочат децата. Ако децата пречат со своето однесување (и немој да ми кажеш дека е невозможно дете да смета некому, бил некој родител или не) треба да бидат опоментати и евентуално отстранети од локалот (и не ме сфаќај дека персоналот треба да му се обрати на детето лично, туку на родителот). Ние "мразачите на деца" сепак сме свесни дека дете си е дете и дека обраќањето оди на сметка на родителите.

Не се согласувам дека муабетов се сведува на едноставно елиминирање на последиците. Во темава се зборуваше за неспособноста на родителот да се постави како авторитет и да го насочи своето дете-значи го лоцираме проблемот и разговараме за него. "Казнување" на родителите (како што е предложено во темава) е еден од начините за освестување-дека има проблем на кој што треба да обрнат внимание и, ако ништо друго, да почнат да го решаваат.

Мислам дека не е во ред да се инсистира на тоа дека невоспитани деца не постојат, недолично однесување да се амортизира со констатацијата дека тоа е само дете итн. Воопшто не се работи за тоа колку некој сака деца или не-тоа се, како би рекла, муабети што едноставно не држат вода-наједноставен начин да затвориш дискусија на ваква тема е да фрлиш анатема дека оние што бараат мир на јавни места (пак викам, првенствено од родителите) едноставно не сакаат или мразат деца.

Како тоа јас испаѓам најголем идиот, кога не се карам (во моментот кога ми се случува ваква дешавка) со родителот, не реагирам на никаков начин (ок, освен со превртување очи, а и ова го избегнувам-може да ми се деси да пребледам на пример, што сматрам дека не е грев) т.е најчесто гледам да киднам од ситуацијата и за овој проблем зборувам на форум како за реален и постоечки проблем, со надеж дека некој можеби ќе се пронајде и ќе се обиде да корегира нешто од своето однесување?

На крај краева дали стварно мислиш дека еден родител не гледа чисто од свој (себичен) аспект кога се работи за него и неговите деца? Стварно мислиш дека луѓето (оние што станале родители, да бидам попрецизна) ги сакаат и се полни со разбирање за несташлуците на туѓите деца? Повеќето форумски лицемери присутни на темава сигурно ќе те убедуваат дека не е така, ама на првиот проблем први рипаат и се караат (па неретко и се тепаат), замисли си - со деца!

И јас нагласувам, по илјадити пат, дека темава нема врска со децата на било кој форумски (не)пријател-впрочем знаеме, според писанијата, дека сите си имаат фини, воспитани, културни дечиња, а они самите се супер родители. Колку да не бидам сфатена погрешно.
 
Пума, не ти се обраќав директно на тебе со муабетот за искреноста, едноставно, со тебе ми иде цитирањето. :D

И се сложувам дека темава ќе имаше повеќе смисла ако си останеше првичниот наслов, без разлика колку јас лично не се сложувам со поставеноста на работите во таа смисла.
Поентата со изолираниот случај беше дека не може да послужи како валиден аргумент во тековната дискусија, не дека треба да се дозволи или оправда само заради тоа што е изолиран случај.

Пелената нека биде изолиран случај,
ама ова:
iStock_000000250295XSmall.jpg

ептен не е изолиран случај, и е најголем аргумент во целата дискусија.
И ја оправдува потребата од постоење на локали, какви што опишав :rolleyes:
 
Сеа спремај му се...ќе бидеш обвинета дека те нервира детски плач. И дека мразиш деца. И детски плач. :pos:
 
Последната констатација и не е таков грев и мислам дека, општо земено, малку карикираш.

Секако дека не би требало да му биде гајле (на Ванлок, на мене, на тебе) кој како си се понаша у својот дом; она што се гледа и доживува надвор е битно. На пример, ако некој дома му дозволува на детето да му седи на глава, таква сцена во ресторан би била малку необична (и кога е самиот родител во прашање) а не пак кога во приказната влегуваат непознати луѓе.

Како јас сфаќам а и коментирам на темава, проблем во најголема мера се невоспитаните родители, кои не се доволно зрели и очигледно не се во состојба правилно да си ги насочат децата. Ако децата пречат со своето однесување (и немој да ми кажеш дека е невозможно дете да смета некому, бил некој родител или не) треба да бидат опоментати и евентуално отстранети од локалот (и не ме сфаќај дека персоналот треба да му се обрати на детето лично, туку на родителот). Ние "мразачите на деца" сепак сме свесни дека дете си е дете и дека обраќањето оди на сметка на родителите.

Не се согласувам дека муабетов се сведува на едноставно елиминирање на последиците. Во темава се зборуваше за неспособноста на родителот да се постави како авторитет и да го насочи своето дете-значи го лоцираме проблемот и разговараме за него. "Казнување" на родителите (како што е предложено во темава) е еден од начините за освестување-дека има проблем на кој што треба да обрнат внимание и, ако ништо друго, да почнат да го решаваат.

Мислам дека не е во ред да се инсистира на тоа дека невоспитани деца не постојат, недолично однесување да се амортизира со констатацијата дека тоа е само дете итн. Воопшто не се работи за тоа колку некој сака деца или не-тоа се, како би рекла, муабети што едноставно не држат вода-наједноставен начин да затвориш дискусија на ваква тема е да фрлиш анатема дека оние што бараат мир на јавни места (пак викам, првенствено од родителите) едноставно не сакаат или мразат деца.

Како тоа јас испаѓам најголем идиот, кога не се карам (во моментот кога ми се случува ваква дешавка) со родителот, не реагирам на никаков начин (ок, освен со превртување очи, а и ова го избегнувам-може да ми се деси да пребледам на пример, што сматрам дека не е грев) т.е најчесто гледам да киднам од ситуацијата и за овој проблем зборувам на форум како за реален и постоечки проблем, со надеж дека некој можеби ќе се пронајде и ќе се обиде да корегира нешто од своето однесување?

На крај краева дали стварно мислиш дека еден родител не гледа чисто од свој (себичен) аспект кога се работи за него и неговите деца? Стварно мислиш дека луѓето (оние што станале родители, да бидам попрецизна) ги сакаат и се полни со разбирање за несташлуците на туѓите деца? Повеќето форумски лицемери присутни на темава сигурно ќе те убедуваат дека не е така, ама на првиот проблем први рипаат и се караат (па неретко и се тепаат), замисли си - со деца!

И јас нагласувам, по илјадити пат, дека темава нема врска со децата на било кој форумски (не)пријател-впрочем знаеме, според писанијата, дека сите си имаат фини, воспитани, културни дечиња, а они самите се супер родители. Колку да не бидам сфатена погрешно.

Изгледа дека не се рабираме. Јас лично, најмалку од сите го застапувам ставот дека секое дете на овој свет е безгрешно ангелче на кое не треба никогаш да се повиши тон или кое никогаш не треба да се укори. Правилното воспитување е од исклучителна важност за правилен психофизички развој на детето. Основна задача на родителите, од аспект на воспитувањето е да го насочат детето во онаа насока која е општествено прифатлива, корисна и пристојна. Да му се вградат оние вредности и социјални вештини со кои тоа дете, понатаму во животот ќе располага на начин на кој ќе биде овозможено независно функционирање во вистинската смисла на зборот.

Она што мене ме мачи (во буквална смисла) на темава е што дискусијата е поставена од погрешна гледна точка. Знам дека спротивниот табор не го сака аргументот „деца се тоа“ ама тој муабет е основната вистина за дискусија од овој тип. Не зборувате за веќе оформени личности, зборувате за деца, кои допрва учат,кои плачат кога изразуваат негативни емоции,кои имаат поголема сила и енергија на располагање, лесно се плашат, уште полесно се радуваат, кои не се свесни за околината на оној начин на кој ние сме свесни за неа.
Не зборувате ниту за роботи родители, на кои ако детето им се расплаче или растрча автоматски треба да им се залепи етикета лоши родители.

Ќе повторам, не го негирам постоењето на мрзливи и незаинтресирани родители, како и постоењето на невоспитани деца како резултат на првиве. Се слагам апсолутно со констатацијата дека постои проблем со денешниот начин на воспитување на децата. Разликата е во тоа што јас децата комплетно ги исклучувам од проблемот и се фокусирам единствено на родителите. Секој друг приод на проблемов е погрешен.

Затоа е невозможно да го разграничиме она што дома родителите го прават со сопствените деца од она што надвор се случува. Затоа не може да се каже „ а, мене не ми е гајле, дома шо сака нека праи, надвор така не треба“. Детето што дома му седи на глава на родителот и надвор ќе го прави истото. Затоа што е дете и не разграничува дека надвор го коментираат или дека надвор смета некому. Затоа и само решавањето и коментирањето за последиците нема да помогне, ниту ќе реши нешто.

Темава имаше несреќа да има два наслови, од кои првиот забрануваше деца, а вториов бара еднаквост (морам пак да потенцирам колку ми е смешен моментов и ич не ми е гајле ако сум досадна со муабетов :D) И ете го проблемот. Се протнаа родителите на темава како одговорни лица, се кажа на два-три пати дека треба вака или онака и пак се продолжи муабетот за децата како оние кои го создаваат проблемот.
 
Velvet She

Токму за тие несовесни родители станува збор тука, не се децата криви.

Темава има јасна цел.
Ја пишува во насловот. Ја пишува во првиот пасос од уводниот пост.

Проблемот со правилното воспитување деца е огромен проблем, проблем кој јас лично немам амбиции да го решавам. Но пак ќе повторам, отвори тема и ќе зборуваме и за тоа.

Назад на темава.
Прашуваш како со справување со последиците ќе се реши проблемот?
Лесно, велам јас. Без толерирање на мајмунлаци и малтретирање.

Деца реметат и малтретират други гости во локалот?
- Родителите прво се опоменуваат, а потоа и замолуваат да го напуштат местото. Заедно со децата. Исто како и секој друг што го ремети раатот. Еднаквост.

Кога несовесните родители ќе увидат дека малтретирањата на нивните невоспитани деца не се толерираат... Или ќе ги воспитаат децата или нема да ги носат на местата каде што нема толерирање на ремет.

Сите добиваат, и децата и ние што бараме раат.

Мрзливите и несовесни, некадарни и себични родители, само тие губат во ова сценарио.
Праведно, нели?
 
Velvet, изгледа ти не разбираш дека не ми е гајле како дома си живеат. Гајле ми е ако односот може да се нарече семејно насилство, но во ниту еден друг случај не ми е.

Гајле ми е како ти, Петко, Јанко, на комшиката детето, на братучетка ми детето, братучетка ми, зетот итн, се однесуваат према мене.

Ич не ми е гајле дали се само деца, само мали кученца, само папагалчиња, само, само, само...

Што сакаат нека прават, во место одредено за нив.
Исто и јас ќе правам што сакам, во место одредено за мене.

Себично, егоистично, you name it, сеедно ми е.

Постои оправдана причина за еден локал наменет за возрасни, впрочем, како што постојат бројни барови - и ,,деца се тоа,, и ,,млади се родителите,, и ,,ама таа има 10 деца, кутрата,, - не се мој проблем.
--- надополнето: 11 септември 2013 во 01:08 ---
Velvet She

Токму за тие несовесни родители станува збор тука, не се децата криви.

Темава има јасна цел.
Ја пишува во насловот. Ја пишува во првиот пасос од уводниот пост.

Проблемот со правилното воспитување деца е огромен проблем, проблем кој јас лично немам амбиции да го решавам. Но пак ќе повторам, отвори тема и ќе зборуваме и за тоа.

Назад на темава.
Прашуваш како со справување со последиците ќе се реши проблемот?
Лесно, велам јас. Без толерирање на мајмунлаци и малтретирање.

Деца реметат и малтретират други гости во локалот?
- Родителите прво се опоменуваат, а потоа и замолуваат да го напуштат местото. Заедно со децата. Исто како и секој друг што го ремети раатот. Еднаквост.

Кога несовесните родители ќе увидат дека малтретирањата на нивните невоспитани деца не се толерираат... Или ќе ги воспитаат децата или нема да ги носат на местата каде што нема толерирање на ремет.

Сите добиваат, и децата и ние што бараме раат.

Мрзливите и несовесни, некадарни и себични родители, само тие губат во ова сценарио.
Праведно, нели?

Дискриминација, како тоа да не може да оговара во сред кафич, има да се засрамиш и од дома играчки да си носиш. Лошотија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom