Другарка на сопругот

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.807
Поени од реакции
10.917
Јас те прашувам, зошто смирена психа би стимулирала љубомора и завист и све што следи кај својот партнер (кој во случајов е бремена жена со вознемирени хормони)?
Како сакаш кажи, нема оправдување за отсуство на партнерот до после полноќ, без да пушти глас од себе во меѓувреме. Не би сакала да навлагам во конкретниов случај, зборам општо, како мислам дека е исправно да се постапува во комуникацијата со блиски личности.

Замиси си, да пуштиш некого да збеснува со тоа што те бара сто пати на телефон цел ден, би морал да бидеш злобен садист. Абе дигаш телефон и се разбираш со неколку збора. Нема што да се тргаат инати, изживљавања и кинење нерви. Значи: ко ти ѕвони телефон прво стискаш зелено копче, па иде бла бла бла, па иде црвено копче. И си имаш мирна глава :)
Во право си, секој нормален и човек со нормално секојдневие и култура треба да сврти и да каже до кај е што е и зошто е. НО, што ако човеков бил испровоциран и исфрустриран за едноставно да не крене слушалка. Знае со каков домашен садист си има работа и му дошло преку глава, не ти кревам трпи малце ти, можеби овој пат ќе ме сфатиш сериозно можеби не и сл. Не ја знаеме неговата страна од приказната, можеби заслужува да биде обвинуван можеби не, како и да е да вртиш 50 пати на телефон треба да си нестабилна личност и во никој случај не го оправдувам.

За вториот болд, па ако таа личност заслужила такво нешто и сметам дека тоа би можело да има позитивен ефект во понатамшната наша комуникација и спуштање на топката на земја, би го направил тоа, не би кревал за еднаш ТАА мене да ме сфати сериозно, ако дотогаш само јас сум ја сфаќал сериозно и она продолжила со нејзината љубомора, опсесија итн.
 

Наташа Радио Милева Мара

Проф. Др. Маг. Мами
Член од
29 април 2005
Мислења
3.835
Поени од реакции
1.118
Кога почна темата мислев дека се хормоните криви, ама се како понатаму ја читам согледувам дека и не се баш хормоните во прашање. Медалот има две страни, да ја чуеме верзијата и од нејзиниот маж, можеби ќе ни стане малку појасно. Вака само нагодуваме... Сепак мое мислење е дека тука игра болна љубомора, и дека обичната секси и не е баш искрена со нас :) После оваа:
Ок. Да излегува сам на кафе до сега не бил излезен, од како сме заедно. Заедно сме биле. Но нешто што ме тера да ја губам довербата е неговото излегување до после полноќ, ми рекол дека брзо ќе си дојди а пред то сум го барала на моб. 50 пати. И изговор не ке прам муабет пред сите игравме шах! После му е криво знај дека згрешил. А јас да правамтака?!
?
Е да. Затоа мене не ми крена. А што ако се пораѓав на пример? Јас 50 пати ѕвонев а тој не крена. Саат и пол го барав. И што да му верувам целосно треба' Е не. Машките во друштво се поинакви инаку би испаднале папучари. Барањето мое траеше.од 11:35 до после 12:30 навечер.
јас дојдов до некој си сомнеж дека јавувањето не е баш почнато од 11:15 до 12:30, туку и пред тоа има досадувања од страна на дотичната, што проследените 50 јавувања се сметани како небитни од страна на мажот.
Наместо да бараш помош од јавен форум, разговарај со него. Отворете се еден на друг, така и двајцата мислам ќе имате да си кажете на кој што му смета.

И еден искрено добронамерен совет до obicna&sexy, следниот пат кога имаш некој личен проблем и ти требаат совети, а при тоа не си способна да поднесуваш критики, отвори општа тема и не напоменувај дека се работи лично за тебе. Ем ќе си собираш совети, ем нема да се наоѓаш навредена. Оваа ти го кажувам дека гледам се нервираш и ми стана мака дека си малку трудна нели :icon_lol:
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
И достате со таја бременоста бре... бремена та бремена, ко синкир болна од сида, ебаго. Ако е бремена, незначи дека треба да е центар пажња 24/7 во живото на мажо.

Шо ако чоеко недајбоже падни и ја скрши ногата? И остани во ѓипс некој 4-5 недели? Дотичната како тогаш ќе се пораѓа? Или ќе стега заби, дури не дојди сопругот во 100% форма па да ја однеси на болница.
 

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
И достате со таја бременоста бре... бремена та бремена, ко синкир болна од сида, ебаго. Ако е бремена, незначи дека треба да е центар пажња 24/7 во живото на мажо.

Шо ако чоеко недајбоже падни и ја скрши ногата? И остани во ѓипс некој 4-5 недели? Дотичната како тогаш ќе се пораѓа? Или ќе стега заби, дури не дојди сопругот во 100% форма па да ја однеси на болница.

Не е битно дали тој ќе скрши нога или не. Битна е неговата заинтересираност, која во случајов е 0.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
?
Е да. Затоа мене не ми крена. А што ако се пораѓав на пример? Јас 50 пати ѕвонев а тој не крена. Саат и пол го барав. И што да му верувам целосно треба' Е не. Машките во друштво се поинакви инаку би испаднале папучари. Барањето мое траеше.од 11:35 до после 12:30 навечер.
А се јави ли на мајка ти.
Тоа требало да го сториш после третото звонење.
- „ Мамо,јас ќе си дојдам,спреми ја собата“
Па потоа тој нека ѕвони 150 пати,па ти не му дигај.
 
Член од
16 јуни 2013
Мислења
12
Поени од реакции
19
За тоа со другарката, не ја знам добро ситуацијата. Фалат и други информации за нивното "другарување" и неговото мислење во врска со тоа.

Ако сакаш можеш да дознаеш. Тука на форум сигурно нема. Еве ти насоки:

А тебе другарка ти е или само на него? Со тебе контактира ли воопшто?
Таа има дечко/маж или не?
Распрашај се за неа. Со кого излага? Разлистај и ФБ. Види и историја на ФБ. Ако нема дечко од кога немала итн.. Ако сакаш ќе дознаеш. Македонија е. Се се дознава.

Единствена варијанта каде што може да се другари е ако се знаат од мали, па ја гледа како сестра. Ама во тој случај и ти ќе беше блиска со нејзе. Има огромна веројатност да се повеќе од другари

Ок. Да излегува сам на кафе до сега не бил излезен, од како сме заедно. Заедно сме биле. Но нешто што ме тера да ја губам довербата е неговото излегување до после полноќ, ми рекол дека брзо ќе си дојди а пред то сум го барала на моб. 50 пати. И изговор не ке прам муабет пред сите игравме шах! После му е криво знај дека згрешил. А јас да правамтака?!
Ова е sick. Не можам да го сфатам. И да е со другари, и да е во гужва каде што не може да збори, и да е во кревет со 20 годишна швалерка, кога ќе му се јави жена му, која е бремена и треба да му роди дете, која најверојатно ја сака чим е со неа, мора да крене. На крај, па и да не си бремена, вистински маж крева слушалка. Секогаш.

Па дури и да излаже, дури и да ја скрие вистината. Не кажал воопшто кај оди, 50 пати си му ѕвонела, можеш да се породиш што се вика, а негово оправдување е не можев од другарите.
Пфф. Толку од мене.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Не е битно дали тој ќе скрши нога или не. Битна е неговата заинтересираност, која во случајов е 0.
Па ако имаш удав, кој е контрол фрик и не ти дава на мочање да одиш без да поднесиш барање... И ти така му прајш на муж ти?

А се јави ли на мајка ти.
Тоа требало да го сториш после третото звонење.
- „ Мамо,јас ќе си дојдам,спреми ја собата“
Па потоа тој нека ѕвони 150 пати,па ти не му дигај.
А ти текнало дека во таков случај, онај првиот можи да речи: еееј шубо. Рает.

И да не крени телефон до крајо на живото.
 

Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Ок. Да излегува сам на кафе до сега не бил излезен, од како сме заедно. Заедно сме биле. Но нешто што ме тера да ја губам довербата е неговото излегување до после полноќ, ми рекол дека брзо ќе си дојди а пред то сум го барала на моб. 50 пати. И изговор не ке прам муабет пред сите игравме шах! После му е криво знај дека згрешил. А јас да правамтака?!
Бидејќи он не рекол дека не го слуша телефонот, туку дека не се јавува зошто игра шах со луѓе наоколу:
Да ја замислиме ситуацијата. Му ѕвони телефонот 50 пати, сите слушаат ѕвонење пошо се блиску за да ја гледаат партијата шах, а он не се јавува и продолжува со шахот, додека сите ја слушаат музиката/вибрирањето од неговиот телефон. Или има милозвучен рингтон или сите се приглуви. :icon_lol:

не знам како се очекува да пишуваме коментари, кога немаме скоро никакво подетално инфо од авторката на темава. Можеме само да продолжиме да се зезаме, претпоставуваме и генерализираме.
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Океј, дојдовме до заклучок дека обична и секси е контрол фрик, хистерична и злобна караконџула која му ги вади џигерите на мажот со тоа што му врти додека овој игра шах и не може да и крене на телефон или да и пише смс од причина што ќе му избега златото на шаховскиот турнир (читај:не ти кренал затоа што ќе го заебаваат другарите дека е папучар, а тоа еден мажјак не смее да си го дозволи ни под разно). Да не беше трудна, ќе ти кажев да не му вртиш уопште, туку и ти да си излезеш некаде, па ќе видиш како мажулето ќе ти вртеше не 50, туку 150 пати. Али пошо си пред пораѓање, сепак мислам дека таа опција отпаѓа.

Него друг ми беше муабетот. Ајде сите да си замислиме дека ситуацијата е обратна.
Значи обична и секси отишла некаде да игра шах, да потенцирам тоа се дешава навечер, некаде околу полноќ, и мажот нејзин и врти пошто му рекла дека брзо ќе се врати, а уште ја нема. И си врти така мажот околу 50 пати, а од обична и секси ни трага ни глас. Па ме интересира во тој случај кои ќе беа вашите коментари:

a) ќе му кажевте на мажот и дека претерува и дека не треба да ја вознемирува жената додека си игра шах, дека е контрол фрик и треба да се лечи, дека довербата е најважна во еден брак, бла бла
б) ќе му кажевте дека жена му е курва и сега сигурно се ебе со некого, а можда дури и со повеќе души и ќе го советувавте да ја претепа кога ќе се врати.

Нормално оваа ситуација е чисто хипотетичка, затоа што е многу јасно дека мажот на обична и секси, како и секој просечен македонски маж, не би и дозволил на жена му да излегува на полноќ сама (без разлика што овде на форум сите сте либерални и преполни со доверба и разбирање) али сепак ме интересира што вие ќе го советувавте во таков случај.
 
A

AnFem

Гостин
Па ме интересира во тој случај кои ќе беа вашите коментари:

a) ќе му кажевте на мажот и дека претерува и дека не треба да ја вознемирува жената додека си игра шах, дека е контрол фрик и треба да се лечи, дека довербата е најважна во еден брак, бла бла
б) ќе му кажевте дека жена му е курва и сега сигурно се ебе со некого, а можда дури и со повеќе души и ќе го советувавте да ја претепа кога ќе се врати.
Ќе му кажев дека е контрол фрик и дека треба да се лечи. Зарем полот треба да биде оправдување за овакво однесување?
 

Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.542
Ќе му кажев дека е контрол фрик и дека треба да се лечи. Зарем полот треба да биде оправдување за овакво однесување?
Верувам дека ти ќе го кажеше тоа, ама јас мислев првенствено на мажите (очигледно требаше да го потенцирам тоа). Не може мене никој жив да ме убеди дека советите од нашите форумски колеги ќе беа исти, ако се работеше за обратна ситуација. Друга песна ќе се пееше тогаш. И тоа е тоа што мене ме нервира, ама ај да не забегувам сега пак во такви муабети.
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.872
Обично немам разбирање за контрол фрикови и посесивни и хистерични луѓе, меѓутоа ако мене некој ми рекол дека ќе дојде брзо а го нема и му вртам не крева еве не знам, ќе помислам дека му се десило нешто лошо, ќе ме фати паника и нон стоп ќе вртам надевајќи се дека некој ќе ми крене да ми каже кај е и што се дешава. Значи и милион пати да се јавила предходно за глупости, нема апсолутно никаков изговор да не крене на телефон, па уште отпосле да даде некаков глупав изговор дека играл шах. Си тргам од мене, не сум ни напорна ни опсесивна, ама ако не ми креваат телефон полудувам. И не од што ми е накршено егото, него од страв. Замислете како и е на бремена жена на која хормоните и вријат.
 

Inception

Професор Д-р
Член од
3 април 2012
Мислења
115
Поени од реакции
55
99 % од разговоров се само претпоставки и хипотетички ситуации, за жал. Нема фактичка ситуација, нема доволно инфомрации нити за другарката нити за звонењето до касно. Само неколку инфомрации се вртат - Трудна сум, мажотми разговара со другаркаму, му звонав 55 пати во еден саат не ми крена! А овие инфомрации не помагаат за некој да даде асален одговор што би и се допаднал на „ ем обичнава и ем секси“ девојка. Збунета е кутрата во секој пост се пронаоѓа :) не знае кј да тера !!
 
A

AnFem

Гостин
Верувам дека ти ќе го кажеше тоа, ама јас мислев првенствено на мажите (очигледно требаше да го потенцирам тоа). Не може мене никој жив да ме убеди дека советите од нашите форумски колеги ќе беа исти, ако се работеше за обратна ситуација. Друга песна ќе се пееше тогаш. И тоа е тоа што мене ме нервира, ама ај да не забегувам сега пак во такви муабети.
Апсолутно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom