Дали на грабежите во Македонски Пошти им дојде крајот?

Избори се ближат,избори се ближат...
 
Абе ајде ги фатиле,ја па мислев дека нема шанса некој од внатре да е вмешан;).Инаку супер било да се работи у пошта бе:D
 
Edna od zenite e sopruga na poranesen minister od vmro, a sef na obezbeduvanje e makedonec i mnogu jak vo vmro
da be, i dui vi e kriv.

Колку што знам се работи за некоја дама на Агрон Буџаку.
 
1150873_10200904471308985_709220478_n.jpg
 
Мадамот на Буџаку мислам дека е по потекло од екс СССР држава

Мери Николовска му беше невенчана жена со која имаа и две деца, но меѓутоа не знам дали се работи токму за неа од причина што некој ја соопшти сношти информацијата пред кооперација на гајби дури пијавме Туборг (мал Златен Даб го направиле 45 ден. :rolleyes: ) и не се навлезе во потемелна дискусија .
 
Мери Николовска му беше невенчана жена со која имаа и две деца, но меѓутоа не знам дали се работи токму за неа од причина што некој ја соопшти сношти информацијата пред кооперација на гајби дури пијавме Туборг (мал Златен Даб го направиле 45 ден. :rolleyes: ) и не се навлезе во потемелна дискусија .

Забранетата љубов на Агрон Буџаку и скопјанката Мери


http://www.plusinfo.mk/vest/20981/Zabranetata-ljubov-na-Agron-Bugzaku-i-skopjankata-Meri#tabs-1
 
Толку зачестија што веќе не се за по медиуми евентуално може Глигор пред времето и темепатурата да вметне: драги гледачи утре се очекува нов грабеж на пошта но бидете спокојни веќе наредниот ден ќе биде мирно и без последици по здравјето на бремените, доенчињата и астматичарите:pos:
 
Дали на грабежите во Македонски Пошти им дојде крајот?:vozbud:



ПАК КРИМИНАЛ ВО „МАКЕДОНСКА ПОШТА“
Добиле 4 милиони денари за изработка на софтвер, а инсталирале бесплатен софтвер
mkd-148088.jpg

Според финансиската полиција осомничени се и двајца сопственици на приватни фирми од Скопје за тоа што изиграле тендер за софтвер вреден речиси четири милиони денари.

Против сите четворица веќе се поднесени кривични пријави за злоупотреба на службената положба и овластувања, односно злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство.

Во АД „Македонска пошта“ во почетокот на 2013 година бил распишан повик за набавка на софтверско решение со неколку сервиси и со соодветни лиценци за нив.

„На тендерот, а како резултат на екстремно високите критериуми и услови кои требало да ги исполнат заинтересираните економски оператори, со понуда се јавила единствено фирмата ‘Зокор инг ДООЕЛ‘ од Скопје управувана од Ф.А. (21), додека другите потенцијални економски оператори свесни дека со тендерската спецификација се фаворизира одреден понудувач, се откажале од доставување понуди“, информира Министерството за финансии.

Фирмата „Зокор инг“ немала ниту вработени ниту ресурси, па за да ги исполни бараните услови на тендерот, во текот на 2013 година склучила Договор за заеднички настап со „Макпетрол АД“ - Скопје. Според договорот, „Макпетрол“ требало логистички да го помогне „Зокор инг“ во реализацијата на евентуален договор со „Македонска пошта“ и да обезбеди набавка на решение за имејл-сервер и соодветни лиценци за кој е овластен застапник. Приватната фирма го добила тендерот, но Ф.А. наместо да го извести „Макпетрол“, во октомври лани потпишал Договор за продажба и изведба на техничко решение со вклучени сервиси со правниот субјект „Теком ДООЕЛ“ од Скопје, управуван од Б.Б (42), кој, пак, за да го реализира договорот, за инсталација на софтверот хонорарно ангажирал надворешни лица, кои не ги поседуваат бараните сертификати за стручност.

Управата за финансиска полиција утврдила дека наместо лиценциран софтвер, инсталиран бил софтвер кој е бесплатен и било направено само иницијално тестирање на мејл-серверот што било спротивно на барањата во тендерот.

Вработените во поштата одобриле исплата и за извршена обука за користење на софтверот за ерсоналот од „Македонска пошта“, иако тоа никогаш не било сторено.

„Македонски пошти“ само во изминатите две години била оштетена за 3,6 милиони евра од кражби, како и од проневери на вработените
 
Кривични пријави за уште еден тендер во Македонски пошти
24. септември 2014 - 10:15
|
Текст:
Макфакс
Финансиската полиција соопшти дека поднела уште една кривична пријава против три лица во врска со тендер во Македонски пошти, откако пред две недели поднесе кривична пријава против четири лица исто така за тендер во Македонски пошти.

mak.jpg
Поради постоење на основано сомнение дека сторилe кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување и кривично дело „Помагање“, Финансиската полиција до Основното јавно обвинителство во Скопје поднесе кривична пријава против три лица од кои две лица вработени во Македонска пошта и едно лице управител на приватна фирма.

Според сознанијата со кои располага Финансиската полиција, првопријавениот А.Ф(34) вработен во службата за јавни набавки во Македонски Пошти АД Скопје, во текот на 2012 година со искористување на својата службена положба, по претходен договор со второпријавениот З.К(29) - управител на правниот субјект Аспект Плус ДООЕЛ Скопје, обезбедил мостра на фотокопирана хартија од познат производител и на Комисијата за јавни набавки и дал усмен налог да изготви техничка спецификација идентична на обезбедената мостра -фотокопирна хартија од типот „Навигатор“, со што извршил директно влијание врз Комисијата за јавни набавки при донесување на одлуката за избор на најповолен понудувач.

По завршување на тендерската постапка, за најповолен понудувач е избрана фирмата Аспект Плус ДООЕЛ од Скопје управувана од второпријавениот З.К(29) со кој е склучен договор за набавка на фотокопирна хартија од типот „Навигатор“.

Пријавениот А.Ф(34) иако знаел дека согласно Понудата и Договорот за јавна набавка за фотокопирна хартија број 10/2012 за потребите на Македонски Пошти АД Скопје требало да се набават 25.000 топа фотокопирна хартија од типот „Навигатор“, истиот со искористување на службената положба му наложил на третопријавениот магационер на Македонски Пошти АД Скопје, Х.А(28) кој бил задолжен да врши контрола на квалитативен и квантитативен прием на стоки во магацинот, да прими 19.000,00 топа фотокопирна хартија со понизок квалитет и цена од онаа која требало да биде набавена со тендерот.

Второпријавениот З.К(29) иако бил свесен дека испорачал хартија која е со понизок квалитет од тендерираната сепак на Македонски Пошти АД Скопје им фактурирал хартија со висок квалитет која никогаш не ја набавил од овластениот увозник за истата.

Благодарение на извршената злоупотреба од двајцата вработени во Македонски Пошти АД Скопје, третопријавениот З.К(29) успеал да се стекне со противправна имотна корист на штета на Буџетот на Македонски Пошти АД Скопје за износ од приближно 25.000 евра.

Претходно Финансиската полиција поднесе кривична пријава против четири лица од кои две лица вработени во АД Македонски Пошти-Скопје и две лица сопственици односно управители на приватни фирми.

Во тој случај стануваше збор за набавка на софтверско решение, а со извршената малверзација, според Финансиската полиција, бил оштетен буџетот на Македонски пошти за 46.000 евра.
 
Нов грабеж во Пошта - полицијата ги фати крадците на дело
Полицијата расчисти два случаи на кражби во Македонски пошти. Според информациите до кои дојде Press24 крадците се фатени по неверојатна грешка која ја направил едниот од нив. Имено, тие оперирале со украдени авотмобили кои претходно ги краделе од блиските паркинзи. Така, во еден момент украдениот автомобил бил забележан од полицска конторла. Полицајците не чекале. Го вклучиле ротациското светло, ја пуштиле сирената и тргнале во потера по крадците, незнаејќи дека истите ја орабиле и Поштата. Во паника, крадците заборвиле една од торбите во која биле украдените пари.
За полицајците тоа било доволни, бидејќи на рачката на торбата имало закачено ливче од чекиран багаж на скопскиот Аеродром. Преку податоците од ливчето, полицијата на кадецот му тропнала на врата. Веднаш бил приведен.
Од МВР официјално потврдуваат дека имаат расчистено два случаи за кражби во Пошта но не откриваат детали за тоа, за колкава сума на пари станува збор ниту повеќе детали за крадците.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom