Локалитет (град/населба): Градот Закамен, само легенда или историска вистина?

  • Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Не знам дали е за историја или за во мистерија? :D Јас отварам тука, па вие префрлете ако е потребно. Еве нешто за еден изгубен град во Македонија, во една друга тема овде го поврзаа и нешто со Скендербег.. Ќе копирам од Wikipedia, нема многу податоци кој може нека помага:
Еве што вика легендата:
Легенди за постоењето
Таму некаде во срцето на Малесија, на еден крак од патот Виа Игнација, легендата вели, постоел град Закамен.
Според кажувањето на жители од селото Збажди населбата наречена град Закамен, постоела некаде пред 250 до 300 години, до крајот на 17. век. Градот бил до темел запален и уништен од турска војска како одмазда за напад и грабеж на товар од карван што пренесувал царско злато. Грабежот го извршила група граѓани од градот водени од попот Мартин .
Занаетчиски и типично услужен град, со разновидни работилници, дуќани и анови подреден на потребите на многубројните карвани, кои секојдневно на самиот крак од патот врвеле, а во Закамен кираџиите од долгиот пат закрепнувале, се одморале, поправале нешта и преспавале. Се верувало дека Закамен имал дури и своја ергела коњи, а и прифатилиште за изнемоштени и повредени животни. Во Закамен имало и црква. Денес таму можат да се најдат ѕидишта, до црквата вакавско водиче, а велат таму имало и манастир. Сега местото е таму зараснато со дабова шума, одвај да се познаваат камењата и темелите што уште стојат и чекаат....
Во поезијата

  • Закамен се спомнува во седмата збирка песни од поетот Јован Котески - „Зелени порти“ издадена 1975 година.[5]
  • Закамен исто така се спомнува во збирката песни "Јуначки споменик - Пјесме о бојевима Црногораца са Турцима (1852-1862)" на црногорскиот војвода Мирко Петровиќ, постар брат на кнезот Данаил, во песната "Бој у Пиви".[6]
  • Закамен се споменува и во народните песни за Марко Крале - цитат во весникот „Нова Македонија“ [7]

Е сега за тој изгубен град наоѓам дека можеби се наоѓа во
Закамен (Локов)

Закамен е археолошки локалитет во близина на струшкото село Локов. Локалитетот претставуванаселба од средниот век. Се наоѓа на околу 7-8 км јужно од селото, на блага падина што се спушта кон Голема Река, од чија источна страна се наоѓаат месностите Црквиште и Јанко Ливада, а од западната ридиштата Круша и Лениште. Според кажувањето на мештаните, по површината имало грамади од кршен камен, покривни ќерамиди и друг градежен материјал.[1]
Поврзано[уреди]

Манастирец е археолошки локалитет во близина на струшкото село Локов. Локалитетот претставува сакрален комплекс од средниот век. Се наоѓа на околу 5 км северозападно од селото и на околу 100 м источно од месноста Русинец. На местото се гледаат темели од црква. Во 1935/36 година во апсидалниот дел на црквата е изградена мала капела, која исто така е во урнатини.[1]
Красје е археолошки локалитет во близина на струшкото село Локов. Локалитетот претставуванаселба од средниот век. Се наоѓа на околу 1,5-2 км северозападно од селото. На местото денес се простираат ниви, на чиишто површини се пронајдени грамади од камења и покривни ќерамиди, а се забележани и темели од објекти.
Дел од текстот:
http://www.emigration.gov.mk/turizam/lokov.htm
Настанок на Томино Село во Поречието:
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
Сум читал доста за изгубени градови низ нашава Македонија ама со овој не сум се сретнал.
--- надополнето: 13 август 2013 во 21:39 ---
А градот можер да е опуштошен од турците бидејки секој град кој ке им се спротиставел го срамнувале со земја а оние што се предавале ги оставале такви какви што биле.
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
179
ако народот раскажува значи има причина за тоа.А дали местото е археолошки истражено сега во поново време?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
ако народот раскажува значи има причина за тоа.А дали местото е археолошки истражено сега во поново време?
Се истражува бе другар како не и тоа цело време. Ама само од диви копачи.. Цела планина ја изораа, па уште бараат и скриено богатство кобајаги на кожа од јагне била нацртана мапата. Друго шо викаат е дека во Локов во еден гроб Германците на бегање скриле злато и сребро. Ја тргнале плочата и го пуштиле тука.
 
Despot

ВОЈВОДА
Член од
25 септември 2008
Мислења
497
Поени од реакции
280
Незнам дали прочитавте ама овде сосем случајно е откриено потеклото на Бранко Црвенкоски. Тој е по потекло од Слатино а види шо пишит тука: "Во Слатино запишав дека тамошниот род на Црвенковци се доселил од Закамен ":vozbud:
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
9.968
Поени од реакции
14.720
Jas sum od kičevo i mnogu od selata imaat poteklo od Zakamen.Kaj nas se zboruva deka Zakamen e negde vo segašna Albanija.Eve i dur pišuvam so mene e na rabota kolega koj po poteklo e od Lavčani,a predcite mu bile od Zakamen
 
Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Избришани се еден куп офтопици што немаат врска со темата.
Нема да биде дозволено никакво мешање на политика овде.

Hip.Hop_MKD,

Не знам од чиј Facebook профил или група си ги пренел скеновиве, ама ако сакаш да останат собери ги во PDF формат и закачи ги на некоја од платформите за онлајн поставување на PDF фајлови, па достави линк тука.

Многу пати до сега се покажало дека директно линкање на слики од Facebook овде не е добра идеја зашто после извесно време ги снемува, т.е. не се појавуваат.

Значи или поединечно секоја од страниве постирај ги на некоја интернет платформа за слики, или собери ги сите во PDF формат и откако ќе го постираш на некоја платформа достави линк тука.
 
Член од
21 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
2
Добри истражувачи сте сите овдека браво ,
Закамен последен паднал под турците , А за Поп Мартин од кај најдовте алал да ви е!
Легендата вели дека : поп Мартин преку ден си ја работал попската работа, а преку ноќ со својата чета организирал напади и грабежи врз турски каравани со злато(арач) собран низ западна Македонија.
А за златото Во еден стар запис што го имам видено вели: 10 товари злато скриени во ајдучката пештера,
А 10 товари злато се десет магариња или коњи така ги рачунале тогаш еден коњ или магаре е 1 товар.Пресметајте Сами :)

Закамен постои со свои очи го имам видено.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.574
Поени од реакции
26.098
Не знам дали е за историја или за во мистерија?
Пошто мојата фамилија потекнува од овој град, еве јас ќе кажам нешто тука, кое нема врска со докажана историја, туку со усни преданија, од мојата фамилија и од некои други фамилии што сум ги нашол кои потекнуваат од овој град.

Според досегашните мои истражувања нема никакви сигурни индикации каде се наоѓа овој град, освен дека е негде по граничната линија со Албанија, на Албанска страна во близина на Дебар. Градот не е уништен од Турците туку е уништен од жителите. Вака одприлика иде приказната: Се организирало целото население и еден ден ги заклале сите Турци и градот го разрушиле до последен камен. Потоа сите се расселиле низ брсјачкиот реон, Малесија, Дебарца, Преспа, Копачка, Поречие, Голобрдо, Дибра, па дури и во Мариовско. Градот броел околу 30.000 жители. Некои велат дека всушност градот бил главен административен центар на Кралството на Ѓорѓија Кастриот. Исто така има некои приказни што зборат дека од овој град потекнува првата Македонска кралска династија што ја основал кралот Каран.

Jas sum od kičevo i mnogu od selata imaat poteklo od Zakamen.Kaj nas se zboruva deka Zakamen e negde vo segašna Albanija.Eve i dur pišuvam so mene e na rabota kolega koj po poteklo e od Lavčani,a predcite mu bile od Zakamen
Иначе и моето потекло е од Кичевско.[DOUBLEPOST=1398633168][/DOUBLEPOST]
Добри истражувачи сте сите овдека браво ,
Закамен последен паднал под турците , А за Поп Мартин од кај најдовте алал да ви е!
Легендата вели дека : поп Мартин преку ден си ја работал попската работа, а преку ноќ со својата чета организирал напади и грабежи врз турски каравани со злато(арач) собран низ западна Македонија.
А за златото Во еден стар запис што го имам видено вели: 10 товари злато скриени во ајдучката пештера,
А 10 товари злато се десет магариња или коњи така ги рачунале тогаш еден коњ или магаре е 1 товар.Пресметајте Сами :)

Закамен постои со свои очи го имам видено.
Абе постојат многу локации за кои луѓе тврдат дека е Закамен, ама имај во предвид дека во оваа наша државичка има 5000 археолошки остатоци на разни помали и поголеми населби, а во исто време имаме 1600 официјални населени мести од кои многу се исселени :)

Каде е Закамен според тебе ?
 
Член од
21 април 2014
Мислења
2
Поени од реакции
2
Според фактите што ги имаме како што се мојата лична посета на градот и фактот што голем дел од поранешните жители на Ржаново.Локов или Присовјани знаат за Закамен и голем дел од нив ја знаат и локацијата можеме да потврдиме со сигурност дека е во Малесија.А за муабетот со Ѓорѓија Кастриот има некоја логика бидејки за време на востанието на Кастриот цела Струшка област заедно со Дебарската му се приклучила.За тоа имаме и археолошки докази и писмени докази а во одбрана на овие предели имало изградено повеќе тврдини 1.С.Вишни 2.С.Јабланица 3.С.Модрич се до Дебарскиот регион С.Коџаџик на времето се викал Свети Град.
 
Јас немам представа кога точно се случило преселувањето, ама сигурно има над 200 години од сега.од тоа време, пола било под Турско и без никаква документација. Тоа е нешто што се случило, а што не е заведено поради некоја причина во официјалната историја.
Меѓутоа приказните остануваат. Насекаде има различни приказни за градот. Приказните еволуирале во свој правец.
 
Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.033
Поени од реакции
14.970
Локацијата според податоците од википедија:
http://wikimapia.org/#lang=mk&lat=41.351943&lon=20.658159&z=14
Податоците дадени од неа се точни освен тоа дека се наоѓа на 6-7 километри на југ од Локов.
Налетав на еден gps податок кој гласи во потрага на Закамен, и успеав да го лоцирам местото, отприлика на картата на Викимапија.
Така да Закамен е покриен со густа шума.
Бидејќи Hip Hop MKD ги имаше истите преземено од некоја фејсбук страница, прочепкав низ фајловите и ги најдов и истите ги направив во пдф фајл
https://www.scribd.com/doc/268714190/Pitanje-Zakamena
 
Член од
17 јуни 2016
Мислења
1
Поени од реакции
1
Пошто мојата фамилија потекнува од овој град, еве јас ќе кажам нешто тука, кое нема врска со докажана историја, туку со усни преданија, од мојата фамилија и од некои други фамилии што сум ги нашол кои потекнуваат од овој град.

Според досегашните мои истражувања нема никакви сигурни индикации каде се наоѓа овој град, освен дека е негде по граничната линија со Албанија, на Албанска страна во близина на Дебар. Градот не е уништен од Турците туку е уништен од жителите. Вака одприлика иде приказната: Се организирало целото население и еден ден ги заклале сите Турци и градот го разрушиле до последен камен. Потоа сите се расселиле низ брсјачкиот реон, Малесија, Дебарца, Преспа, Копачка, Поречие, Голобрдо, Дибра, па дури и во Мариовско. Градот броел околу 30.000 жители. Некои велат дека всушност градот бил главен административен центар на Кралството на Ѓорѓија Кастриот. Исто така има некои приказни што зборат дека од овој град потекнува првата Македонска кралска династија што ја основал кралот Каран.

Иначе и моето потекло е од Кичевско.[DOUBLEPOST=1398633168][/DOUBLEPOST]
Абе постојат многу локации за кои луѓе тврдат дека е Закамен, ама имај во предвид дека во оваа наша државичка има 5000 археолошки остатоци на разни помали и поголеми населби, а во исто време имаме 1600 официјални населени мести од кои многу се исселени :)

Каде е Закамен според тебе ?
Гледам дека форумов е стар ама јас пак ќе си пишам. Случајно налетав на приказната за Закамен и се присетив на се што татко ми и дедо ми ми имаат кажувано. Инаку и јас сум од Кичево по потекло. Знам за уште една фамилија од Закамен во Кичево и се наши кумашини со генерации. Мислиме дека кумството е уште од Закамен или пак станале кумашини одкако се доселиле во Кичево.[DOUBLEPOST=1466149201][/DOUBLEPOST]
Пошто мојата фамилија потекнува од овој град, еве јас ќе кажам нешто тука, кое нема врска со докажана историја, туку со усни преданија, од мојата фамилија и од некои други фамилии што сум ги нашол кои потекнуваат од овој град.

Според досегашните мои истражувања нема никакви сигурни индикации каде се наоѓа овој град, освен дека е негде по граничната линија со Албанија, на Албанска страна во близина на Дебар. Градот не е уништен од Турците туку е уништен од жителите. Вака одприлика иде приказната: Се организирало целото население и еден ден ги заклале сите Турци и градот го разрушиле до последен камен. Потоа сите се расселиле низ брсјачкиот реон, Малесија, Дебарца, Преспа, Копачка, Поречие, Голобрдо, Дибра, па дури и во Мариовско. Градот броел околу 30.000 жители. Некои велат дека всушност градот бил главен административен центар на Кралството на Ѓорѓија Кастриот. Исто така има некои приказни што зборат дека од овој град потекнува првата Македонска кралска династија што ја основал кралот Каран.

Иначе и моето потекло е од Кичевско.[DOUBLEPOST=1398633168][/DOUBLEPOST]
Абе постојат многу локации за кои луѓе тврдат дека е Закамен, ама имај во предвид дека во оваа наша државичка има 5000 археолошки остатоци на разни помали и поголеми населби, а во исто време имаме 1600 официјални населени мести од кои многу се исселени :)

Каде е Закамен според тебе ?
Гледам дека форумов е стар ама јас пак ќе си пишам. Случајно налетав на приказната за Закамен и се присетив на се што татко ми и дедо ми ми имаат кажувано. Инаку и јас сум од Кичево по потекло. Знам за уште една фамилија од Закамен во Кичево и се наши кумашини со генерации. Мислиме дека кумството е уште од Закамен или пак станале кумашини одкако се доселиле во Кичево.
 
jamajka

mode: Calm
Член од
28 април 2007
Мислења
18.574
Поени од реакции
26.098
Гледам дека форумов е стар ама јас пак ќе си пишам. Случајно налетав на приказната за Закамен и се присетив на се што татко ми и дедо ми ми имаат кажувано. Инаку и јас сум од Кичево по потекло. Знам за уште една фамилија од Закамен во Кичево и се наши кумашини со генерации. Мислиме дека кумството е уште од Закамен или пак станале кумашини одкако се доселиле во Кичево.
А имаш ли некоја приказна да споделиш во врска со овој град, од аспект на дедо ти и татко ти ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom