Особини на лошите возачи

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Колку пати некого сочно сте опсуле кога ви влегол во “макази“ или ви пресекол пат? Или, кога со начинот на возењето, бавно или брзо, едноставно ве нервира?

Денес, освен ако не сте Далај Лама или Мајка Тереза, тешко е да се остане смирен, бидејќи има премногу лоши и насилни возачи. Но, кои се лошите возачи, што ги прави да се такви, како што ги викаат “идиоти“? Дали и вие сте лош возач? Ова се 10 особини на лошите возачи, па оценете се самите.

10. Не користите сигурносен појас

Во време на “crash“-тестови, ѕвездички за безбедност, кукли што излетуваат од возилото, а и со малку знаење на физиката, тешко е да се замисли деко некој го игнорира сигурносниот појас. Секој има по некој роднина или пријател што имал “тоталка“, не бил врзан и преживеал – ама малку глупаво е да се рескира.

9. Секогаш ја блокирате левата лента

Двете ленти постојат со причина, а сообраќајната култура налага дека левата лента е побрза. Точно, не мора секогаш да се тркате на автопат, но ако неколку возила ве претекнат по десната лента, зарем е толку голем проблем малку да се поместите?

8. Не држите доволно растојание

Ова не треба премногу да се објаснува – ако оној пред вас вози пребавно, едноставно го претекнувате или возите зад него. Но, “лепење“ или набивање до задниот браник на возилото пред вас нема воопшто да го забрза, а ако малку прикочи, рескирате судар за кој во секој случај ќе сте криви.

7. Пијани сте

За опасностите од возење во пијана состојба скоро се’ се знае, но некои и денес мислат дека се попаметни од сите други и редовно возат пијани. А немате контрола врз автомобилот ниту перцепција на просторот, Затоа, викајте такси или отспијте во автомобилот.

6. Имате регистерска табичка со името

Освен ако не се работи за име на фирмата, ваквите табички се непримерни и непростиви. Воопшто нема потреба премногу да се објаснува зошто.

5. Мислите дека сите мораат да ја слушаат музиката од вашиот автомобил

Независно за каков вид на музика станува збор (турбо-фолк, најнов хит, опера или сериозна музика), всушност никого не го интересира вашиот музички вкус. Прегласната музика ви го одзема вниманието, а ги иритира другите учесници во сообраќајот.

4. Свирите на секоја ситница

Постојат луѓе кои едвај чекаат да стиснат на автомобилската сирена. Сеедно дали се работи за некој кој не тргнал истата милисекунда кога се запалило зеленото светло на семафорот, или ако некој вози пребавно, не мора да свирите секогаш кога ќе ви текне, туку исклучиво кога тоа навистина е потребно. А да, свирењето кога е колона во сообраќајот, сеуште никогаш не придвижило ниту еден автомобил, но добро е да се види дека луѓето се обидуваат и се “трудат“ тоа да го направат.

3. Палите светла за магла и кога нема магла

Некој ги убедил “талентираните“ возачи дека нивниот автомобил одеднаш ќе стане силен и брз “ѕвер“ ако дење ги запалат светлата за магла. Тие поверувале и сега тоа е тренд. А магленките се за подобро да се види патот кога има магла. Кога ја нема, само ќе изгледате како идиот и ќе им сметате на другите возачи.

2. Користите мобилен кога возите

Има премногу студии колку е опасно да се користи мобилен телефон кога се вози. Но, некои тоа не ги спречува да разговараат, пишуваат пораки, па дури и да ставаат статуси на Фејсбук. Ако веќе мора да телефонирате, купете си безжична слушалка.

1. Постојано го коментирате лошиот начин на возење кај другите

Коментарите “Гледај, жена вози“, “Кој ти дал возачка?“ и стереотипите дека возачите од внатрешноста се полоши, ниту ќе го направат патувањето побрзо, ниту пак нив подобри возачи. Затоа, опуштете се, пазете на патот и сообраќајот и… памет во глава.


Во кои точки се пронајдовте себеси ???
јас под 10; 2 и делумно под 1
 
10. Не користите сигурносен појас

Во време на “crash“-тестови, ѕвездички за безбедност, кукли што излетуваат од возилото, а и со малку знаење на физиката, тешко е да се замисли деко некој го игнорира сигурносниот појас. Секој има по некој роднина или пријател што имал “тоталка“, не бил врзан и преживеал – ама малку глупаво е да се рескира.

6. Имате регистерска табичка со името

Освен ако не се работи за име на фирмата, ваквите табички се непримерни и непростиви. Воопшто нема потреба премногу да се објаснува зошто.


Не сум возач ама овие 2 немаат никаква врска со тоа колку ДОБРО некој вози.
Како и да е, најзначајната одлика на секој(а) лош(а) возач(ка) е отварање на огледалцето од автомобилот и шминкање на секое застанување на семафор.
 
за темава ме наведе статијата која ја прочитав иако се работи за Кина , а станува збор за Не користење сигурносен појас

Кинескиња седела на задно седиште но НЕ КОРИСТЕЛА БЕЗБЕДНОСЕН ПОЈАС -кога автомобилот удрил во задниот дел на камион ,
Ударот бил толку силен што жената буквално одлетала нанапред ја пробила шофершајбната со глава и останала заробена во неа :eek:

Откако дошла помошта најпрвин го извлекле возачот кој бил во бессознание ,а потоа ј а ослободиле жената од стаклата и колата

Eдитиран пост од модератор:
Фотките се ставени во спојлер затоа што не се баш убави за гледање.
1374791064_firefigi.jpg


1374791056_firefigj.jpg
 
е ова ме нервира...
возам едно 80 да речеме и сеа некој ми се убацува и сега јас треба да намалам на 30 ради некој што неможел 5 сек да почека бидеејќи позади мене нема никој, па уште послем и ке се влечка :facepalm:

оние кои ладно крвно си кочат за да свртат лево, десно без притоа да дадат жмигавец :mad:
 
Не пуштат жмигавец кога сакаат негде да вртат туку само намалуваат брзина и си вртат.
Од вакви коса ми се крева

No-Turn-Signal-Ownage.jpg


И мене дефинитивно ми идат на живците таквите, не знам што ги кошта да пуштат жмигавец.
 
Во ниедна точка не се пронајдов. Мора да сум добар возач.

Иначе да спомнам, кога некој сред ноќ ти пушти долги светла и не му текне да врати на нормални кога се разминувате :tapp:
 
Во ниедна точка не се пронајдов. Мора да сум добар возач.

Иначе да спомнам, кога некој сред ноќ ти пушти долги светла и не му текне да врати на нормални кога се разминувате :tapp:

Сега многу курнази има таман ќе дојди да се разминуваш и тогаш долго светло ти пушта, па уште се прават паметни и ги поткреваат светлата за на другиот да му сметало и да намалел или пак ставаат од тие ксенони менони и очи ти вадат уште од 100метри.
Јас пак навика имам да ставам појас обавезно, светла пуштам и дење али не магленки, не ставам повеќе луѓе во колата од дозволено и по обичај скоро секогаш ги почитувам правилата. Додека да направам сообраќајна несреќа возев многу брзо али во последно време гледам да ги почитувам знаците и пропишаната брзина.
 
Добро, а дали имате забележано секој што вози побавно од вас е идиот, а секој што е побрз е манијак или кретен?
 
Идиоти што возат низ град со долги светла, за намерно да ги провоцираат останатите.
 
Како може некој да го окарактеризираш како лош возач заради неговата регистерска табличка? Или заради тоа што слушал гласна музика? Ако те деконцентрираат овие две работи кај ''лошите'' шофери тогаш ти си по лош од нив!
прво:се плашиш
второ:слаби рефлекси
трето:слаба концентрацијa, а кога ке ти дојде тесно... треба брзо да реагираш!
Исто така и за сигурносен појас... пак не ми е јасно зошто лош..? Ако тој ризикува, верува во себе да вози без појас негова работа бре, јас не сум загрозена.
Имам еден другар од оние ''добрите'' шофери, си вози според правилата но ете гревчето не знае сеуште да паркира кола ко што треба... мене од тие повеке ми е страв.
Патем ме нервира кога некој ке ми оптегни долги светла и ''блее'' да види која сум(овие за мене се полоши и од оние кои претекнуваат) а јас прст пред око не гледам, ме нервира и кога некој вози бавно иако е дозволено побрзо.. и зјапа низ прозор, додека некому стварно му се брза.
Добар шофер е повеќе од почитување правила.
 
Овие не се случуваат кај мене, но ме иритираат 1,2,7:)
 
= М А К Е Д О Н И Ј А

мислам дека е доволно бидејќи се тоа погоре напишано 60 % е во секој 2 возач на патиштава ширум Македонија...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom