Невоља на Балканот: Големи планови за „голема Албанија“

  • Креатор на темата Креатор на темата zoki_com
  • Време на започнување Време на започнување
Така е. Ставете ги вашите розевите наочари и продолжете со животот.
Изгледа погрешно си разбрал шо сакам да кажам.Прво национализмов шо ги зафатил Албанезиве ќе им се вратит како бумеранг,затоа и кажав дека национализмот е опасна состојба на умот и водит само кон лудило и непријтелства.Нормално дека ние како Македонци нема да стоиме со скрстени раце и нема да дозволиме поделба на Македонија!
 
Аха. Солидарност бил магичниот збор. :)
Oкеј. Ај да го разглобиме. Кои се постулататите за да едно дејствие може да се дефинира дека е мотивирано од солидарност? Дали солидарноста препознава граници, народи, нации, знамиња, религии? Постои ли селективност или таквата хуманост и емпатија се одразува подеднакво секаде и кон секој, без разлика на наводна припадност?

Кога ќе одговориш на ова, мислам дека сама ќе извлечеш заклучок за мотивите на браќава. Ако ти цртам ќе се навредиш. :)

Сериозно, мене најде да ми ги поставуваш прашањава? :) Знаеш добро како размислувам во врска со ова и нема потреба од одговор.
Е сега... Мене ми се јасни како ден нивните мотиви. Ама нели и ние имаме мотиви? Или ќе ја занемариме солидарноста кога станува збор за нашите цели?
 
Копавме три генерации за денеска јас да имам неколку имоти...

Бројот на македонецот не ти треба, тој имот ќе го купува или јас или друг албанец.......после ќе ти го дадам мојот број, и не мора само за имот да зборуваме.......

Дај му добра цена, и ако ти беше добар сосед советувај го малце, отвори му ја мапата на Велика Албанија , да знае човекот кај да се всели... Греота е да ја крене сета покуќнина два пати и да моли купувачи повторно. :р

Пази од леандра, сака да ти го расипе пазарот.

Не не , се шалам.

Абе која голема Албанија, вака како што сме, за инает на другиот повише успеваме. :р

Видовте ли Ѓорчев доби трето дете, ќе одел на четвртто.
Ете ви натпревар за тоа кој ќе има повише деца. Да не беа албанците ,дали ќе имаше закон за трето дете?

Гледате ли колку верски објекти се градат, крстови големи ... Ете и верата добива простор.

Има многу други натпреварувања :) ... Само треба да се исклучат тие лошите, како што се насилствата.
 
.....има еден филм за англиски измамници кои се богатат со купување и продавање на недвижнини.....шемата е едноставна....бираат зграда во која живеат повеќе постари и сами луѓе....и купуваат еден стан.....не прашуваат за цена.....потоа во тој стан вселуваат семејство африканци со 8 бучни деца (семејството без пари добива покрив над глава).....за кратко животот во зградата станува неподнослив.....и цената на становите драстично паѓа....типовите ги купуваат становите (бидејќи никој друг не сака да живее во таа зграда)....а откога ќе ја купат целата зграда.....го селат семејството африканци во некоја друга зграда....а становите ги продаваат по регуларна цена...бидејќи сега зградата е мирна


ајде сега напревете го ова во поголем размер и целта нека не биде профит туку.....


МПЦ се претставува како мајка на македонскиот народ....но само кога собира арач од верните чеда....

Петко поради Х причини ја продава својата куќа....наместо куќата да ја купи Идриз....куќата ја купува МПЦ и ја дава на користење на некое многудетно семејство без покрив над глава или несоодветни животни услови.....семејството е пресреќно бидејќи добило покрив над глава....МПЦ го задржува своето верно стадо....рамнотежата не е нарушена....кога семејството ќе застане на нозе....донира за МПЦ за да може да се вдоми друго семејство

моментално процесов се одвива само со сменети улоги и актери

проблемите не се решаваат со насилство и чукање во гради кој е поголем патриот....туку со градење на национална стратегија

а што се однесува до сонот за големи нешта.....знаете што му се случува на балонот кога премногу ќе се надува
 
Мислиш дека албанците купуваат имот заради некоја стратегија ?

:)

Сите мои соседи Македонци што продале го сториле тоа заради немање услови ... Во неможност да ги средат куќите , ги продадоа доста скапо , отидоа во поевтини населби и изградија нови куќи.

Иначе историјата ги памти и албанците како продавачи на имот, и тоа речиси за беспари. Во време кога бегаа за Турција.

Можеби пак еден ден албанците ќе продадат ... Тоа се должи и на демографските прилики, како што ќе се намали бројот на домаќинства така ќе се намали и побарувачката за нов дом.

Моментално албанците се мнозинство селани , за очекување е секоја година стотина од нив да станат граѓани ... Значи ќе имаат потреба од имот во градовите.
А некој од вас тоа ќе го протолкува како велико албански проект.

Дали е велико македонски проект проширувањето на Скопје со нови населби ?

Дали беше таков проект проширувањето и на другите градови, со што во многу од нив процентот на албанци се намали.

Бидете реални, и не паничете.
 
Што се се исплашиле, за 50 до 70 години климата тука толку ќе се промени што уствари нема да е можен удобен живот на Балканот. Овде ќе стане пустина.
Секоја година просечната температура се зголемува. Дрвните резерви се намалуваат. Нафтата на светско ниво се намалува. Водата за пиење се намалува. Обработливата почва се намалува. Нивото на океаните се зголемува. Количината на ЦО2 во атмосверата се згоемува. Најстрашно од се е тоа што никој не се грижи за ова. Големите компании само гледаат профит.

Еве само за Балканот. Сметајте дека житните култури неможат да изржат вакви високи температури.
7643688386_18ab4db0eb_z.jpg


Да точно е дека се ќе се смени на Балканот за 50 години. Но реалноста е дека нема да има ниту Голема Албанија, ниту Албанија. Како што е тргнато ќе биди пустина Балкан.
Може сум малку офтопик :) ама нема везе. Сепак е геостратешка тема.
 
Сериозно, мене најде да ми ги поставуваш прашањава? :) Знаеш добро како размислувам во врска со ова и нема потреба од одговор.
Е сега... Мене ми се јасни како ден нивните мотиви.

Собирањето пари за куќа беше посочено како пример за солидарност.

Ти реков дека ќе се навредиш ако ти цртам.
Доколку "ти се јасни како ден нивните мотиви" и знаеш дека тука нема ни с од солидарност, тогаш само два заклучоци можам да извадам од твојата реченица дека нивното собирање пари за му купат на Ирфан куќа во "Mакедонска" населба е пример за солидарност. Првиот е дека пркосиш колку да се пркоси, а си целосно свесна, а вториот е дека покажуваш елементарно непознавање за тоа на што се темели солидарноста и во какво делување на луѓето може да се препознае. Полека со термините. :)

Ама нели и ние имаме мотиви? Или ќе ја занемариме солидарноста кога станува збор за нашите цели?

Мотиви за што? Какви мотиви? Миграционо-експанзионистички? Геноцидистички? Етноцидистички? Тие се овде на тапет, за нив разговараме.
Малку ми е и смешно, разговарам со анархист и во разговоров јас, целосно асимилираниот троакапиталист тврдам дека нема цена мојата куќа, маало, мир(мојот и на моите сограѓани), а ти цело време ми вадиш тотално материјалистичка страна. Прво "зошто да не ја продадам куќата, кога државата не ја детектира мојата очигледно повластена состојба како центар на униврзумот и не ми наоѓа работа?", па потоа "зошто да не ја продадам кога види ги албанциве, солидарни, му даваат на Ирфан пари да си купи куќа во Велес. Зошто и мене комшиите не ми даваат пари да си купам куќа во Скопје?"
Не е се во парите бе пеер. :)
--- надополнето: 26 јули 2013 во 01:10 ---
Дали е велико македонски проект проширувањето на Скопје со нови населби ?

Дали беше таков проект проширувањето и на другите градови, со што во многу од нив процентот на албанци се намали.

Бидете реални, и не паничете.

Дарди, како бе се постигнува великомакедонски проект со проширување на градови во државава? За колку се поместија државните граници со окрупнувањето на Скопје? Уште колку градови треба да окрупниме за да излеземе конечно на море?
 
Ти реков дека ќе се навредиш ако ти цртам.
Доколку "ти се јасни како ден нивните мотиви" и знаеш дека тука нема ни с од солидарност, тогаш само два заклучоци можам да извадам од твојата реченица дека нивното собирање пари за му купат на Ирфан куќа во "Mакедонска" населба е пример за солидарност. Првиот е дека пркосиш колку да се пркоси, а си целосно свесна, а вториот е дека покажуваш елементарно непознавање за тоа на што се темели солидарноста и во какво делување на луѓето може да се препознае. Полека со термините. :)

Во обидот да вратиш добра контра реплика го занемари фактот дека го познаваш соговорникот и неговите ставови, така да ништо од ова погоре не ти држи вода, џабе си трошел енергија да го пишуваш.
Поимите не се измешани. Без разлика на мотивите, зборот солидарност си има едно значење, унија на заеднички интереси и цели.

Мотиви за што? Какви мотиви? Миграционо-експанзионистички? Геноцидистички? Етноцидистички? Тие се овде на тапет, за нив разговараме.
Малку ми е и смешно, разговарам со анархист и во разговоров јас, целосно асимилираниот троакапиталист тврдам дека нема цена мојата куќа, маало, мир(мојот и на моите сограѓани), а ти цело време ми вадиш тотално материјалистичка страна. Прво "зошто да не ја продадам куќата, кога државата не ја детектира мојата очигледно повластена состојба како центар на униврзумот и не ми наоѓа работа?", па потоа "зошто да не ја продадам кога види ги албанциве, солидарни, му даваат на Ирфан пари да си купи куќа во Велес. Зошто и мене комшиите не ми даваат пари да си купам куќа во Скопје?"
Не е се во парите бе пеер. :)

Да ги поедноставиме работите без многу тупење и разглобување и да преминеме на главното. Не мораш ниту јавно, ниту воопшто да ми го одговориш прашањево, одговори си го пред самиот себеси: Во Македонија избива војна. Јас ти се јавувам и ти викам да дојдеш кај мене и да си ја земеш фамилијата. Јадење, пиење и под мој покрив на неограничено време, додека да се снајдете и да застанете стабилно на нозе. Ќе дотрчаш веднаш или ќе останеш таму да гинеш за Маќедонија?
Знам дека не е сѐ во парите пеер, јас тоа ти го објаснував уште пред неколку години.
 
Првен повикува луѓе демек ако се патриоти они да му ја купеле куќата за потоа кога ќе му побараат број да не го дава зошто он или друг албанец наводно ќе ја купеле, малку време требаше за да ти се види вистинското лице и твоите задни намери.. не се труди да изиграваш демек неутрален кога знаеме дека во генот планински ви е да пробате да уништите се што не е “ваше“
Ако го анализирате секогаш пишува она што несакате да го слушнете, а очекувате да го напише. Никаква допирна точка со реалност и животно искуство. Исто како во случајов, јавна тајна е дека се продаваа имоти на Албанци од Западна Македонија и он тоа го пласира во воодушевувачка трогателна приказна како некој Македонец го молел да му ја купи куќата. Покрај милионите на нашите кои работат во Авганистан и купуваат имот во Куманово како луди, ете тој сиромашен човек од Куманово баш нив и Албанците ги молел да му ја купат куќата. Измислена приказна.

Иако не го кажува делот каде Македонци во Куманово почнаа да купуваат и куќи и деловни простори и имоти од Албанци. На пример не кажува дека во Тетовско-Гостиварскиот регион финансиската сила на Албанците последниве 2 години е падната за 50%. Дека најголем дел од должничко доверителски односи се со Албанци во тој дел, дека банкротираат како круши после финансиската криза во ЕУ од каде им беа паите. Не кажува какво масовно ислеување има во Германија и Швајцарија од овој дел каде повеќе ни куќа не градат во селото од каде дошле. Дека градежната експанзија која ја имаа последниве десет години е преполовена според фирмите кои се бават со градежен сектор, а се Албанци. Дека становите кои ги изнакупија во 2001 и 2002 година во Тетово сега ги продаваат за да сии ги отплатат долговите.

Зборење на памет секогаш лесно се приметува.
 
Леандра , што сакаш да кажеш жити све.

Добро ти кажува пуно, човекот ги моли соседите да му ја купат куќата, и ти се сложуваш дека е криза и е намалена побарувачката за куќи.

И нормално е да молиш, молење е и кога огласуваш во весник или ТВ ... Итно се продава куќа.

Има и албанци што работат во Авганистан... Но има што работат и во Швајцарија и Германија.

Беше едно време се збогатија македонците продавајќи имоти , мојот сосед пред едно 10 години плати речиси 200.000 марки за куќа во која не влезе воопшто , туку ја сруши, пошто беше стара. Ај барем да имаше голема површина на парцела.

Експанзијата нема да престане, тек ќе се засили, насекаде, особено во Скопје. И албанците ќе поминат низ истото како и македонците , ќе им се сака да живеат во градови, ќе им се сака да бидат одвоени од родителите , а тоа значи ќе се бара куќа повеќе.
 
Поимите не се измешани.

Не се?
Ок.
Јасно ти е дека ако го прифаќаш таквото ограничено поимање на солидарноста, автоматски ја аминуваш и припадноста кон народ, нација, знаме и вера?

Без разлика на мотивите, зборот солидарност си има едно значење, унија на заеднички интереси и цели.

Како бе без разлика на мотивите? Јас тврдам дека мотивот во овој случај е окупирање територија, а интересот, целта е во најмала рака етноцид. Тука нема место за солидарност.

Да ги поедноставиме работите без многу тупење и разглобување и да преминеме на главното. Не мораш ниту јавно, ниту воопшто да ми го одговориш прашањево, одговори си го пред самиот себеси: Во Македонија избива војна. Јас ти се јавувам и ти викам да дојдеш кај мене и да си ја земеш фамилијата. Јадење, пиење и под мој покрив на неограничено време, додека да се снајдете и да застанете стабилно на нозе. Ќе дотрчаш веднаш или ќе останеш таму да гинеш за Маќедонија?
Знам дека не е сѐ во парите пеер, јас тоа ти го објаснував уште пред неколку години.

Знаеш кој прави вака, кога не му оди аргументација, па почнува со поедноставување? Пуно. :)
Без пресеци, дај прво да излеземе од ќошево.
 
Не се?
Ок.
Јасно ти е дека ако го прифаќаш таквото ограничено поимање на солидарноста, автоматски ја аминуваш и припадноста кон народ, нација, знаме и вера?

Ограничено поимање? Тоа е значењето на зборот бе пер. Општо прифатено како такво, пишано во речници и не измислено од мене.


Како бе без разлика на мотивите? Јас тврдам дека мотивот во овој случај е окупирање територија, а интересот, целта е во најмала рака етноцид. Тука нема место за солидарност.

И припадниците на власта се солидаризираат меѓу себе. Замисли...



Знаеш кој прави вака, кога не му оди аргументација, па почнува со поедноставување? Пуно. :)
Без пресеци, дај прво да излеземе од ќошево.

Не знам за пуно, ама кога ти ќе крвариш како кобила, а поради тоа ќе ти прска глава, ќе те боли стомак, во комбинација со други срања што произлегуваат од тоа и те носат до агонија, дојди да дебатраме на форум.
 
АнФем, само треба да се запрашаш како тоа - 99% од Македонците кои живеат меѓу Албанци мислат како мене, а 99% од тие што мислат како тебе не живеат меѓу Албанци.
 
Леандра , што сакаш да кажеш жити све.

Добро ти кажува пуно, човекот ги моли соседите да му ја купат куќата, и ти се сложуваш дека е криза и е намалена побарувачката за куќи.

И нормално е да молиш, молење е и кога огласуваш во весник или ТВ ... Итно се продава куќа.

Има и албанци што работат во Авганистан... Но има што работат и во Швајцарија и Германија.

Беше едно време се збогатија македонците продавајќи имоти , мојот сосед пред едно 10 години плати речиси 200.000 марки за куќа во која не влезе воопшто , туку ја сруши, пошто беше стара. Ај барем да имаше голема површина на парцела.

Експанзијата нема да престане, тек ќе се засили, насекаде, особено во Скопје. И албанците ќе поминат низ истото како и македонците , ќе им се сака да живеат во градови, ќе им се сака да бидат одвоени од родителите , а тоа значи ќе се бара куќа повеќе.

Никој никого не моли Дарди. Туку Рејзи и Анфем го почнаа муабетот за продажба на Албанци и вие се истрипавте демек баш некој вас ве молел куќата да му ја купите.

Експанзија нема, не постои. Незнам кој поим не ти е јасен. Нема експанзија умре тоа време. Со десет авиони ве влечеа да гласате. Умре времето на градење куќи онака од кеиф. Секако време ви е да се модернизирате, сега запишавте факултет, утре со мама нема да сакате да живеете, па ќе отидете во град па ќе ви се прошират видиците итн. Убаво си кажуваш на кој степен од развој сте, она што јас одсекогаш го тврдам.
 
Ова е само еден од многуте резултати, кои се задолжителни, со процесот на завземање туѓа територија. Ова, АнФем и останатите амеби не сакаат да го видат, кога предлагаат шиткање имоти на Албанци. А ова е дури и едно од побенигните работи:

Џамиите не им даваат сон на скопјани, немаат ништо против нив, ама да ги тргнат звучниците ако може!?


Илјадници скопјани се крајно револтирани и ненаспани поради озвучувањето на џамиите во градот, кои секоја зора, буквално околу 5 часот изутрина, предвреме ги будат од сон.


Во Скопје стана вообичаена практика секоја џамија да има и разгласна станица, така што околу 5 часот изутрина бучавата е речиси неизбежен дел за жителите на „другата страна на реката Вардар“.
Имамите, односно верските свештеници во џамиите, пеат и по неколку пати во текот на денот. Но, како што нагласуваат повеќе граѓани со коишто разговаравме, најголемиот проблем е наутро.
„Не се поднесува. Пред 5 часот изутрина ечи како да си на стадион. Мислам, стварно е претерано. Рипаме од кревети како попарени. Живеам во Бутел цел живот. Немам никакви проблеми ниту некакви верски предрасуди. Нека пеат, ама зошто им се звучниците? Бучавата е ненормална и верувам дека истото мислење го делат и поголем дел од граѓани-муслимани што ми се соседи“, револтирано вели жител на скопската населба Бутел.
Проблемот со прегласните молитви од џамиите деновиве го отвори познатиот професор Јове Кекеновски, кој на својот фејсбук-профил напиша дека во населбите Бутел 1, Бутел 2, и Скопје – Север станува неиздржливо поради гласните молитви од локалните џамии.
МКД.мк разговараше и со професорот Кекеновски, кој е жител на скопската населба Бутел.
„Неподносливо е, верувајте! Никој нема ништо против џамиите, ама со звучниците ја претераа. Нека пеат имамите и по сто пати на ден, ама без звучниците. Сон немаме. Нонстоп ненарачано будење пред 5 часот наутро, па кај го има тоа? Ги повикувам надлежните институции да преземат мерки оти постои закон за заштита од бучава. Како можат да реагираат кога некое кафуле го крши истиот тој закон, а не можат да реагираат во конкретниот случај?“, револтирано вели Кекеновски.
И нагласува:
„Одете во Швајцарија, во Англија или во која било држава во Европа да видите дали на џамиите има звучници! Нема, имамите пеат како што е ред, оти тие си се свештеници, но не му пречат на другиот народ. Никој од нас нема ништо против различната религија, зборувам за мене и за моите соседи, ама ова е претерано. Само кај нас се случува ова, а надлежните ништо не преземаат“, вели Кекеновски.
Според него, досега во општината Бутел биле поднесени неколку барања и петиции за овој проблем, но нема одговор.
Инаку, станува збор за проблем што со години е присутен во Скопје.
Според Законот за заштита од бучава, кафеаните, кафулињата и другите локали мора да внимаваат на бучавата. А зошто? Затоа што секое пречекорување на дозволените децибели ќе ги чини скапо. Глобата се движи од 150 до 20.000 евра, а инспекторите ги демнат како топовска храна. Е па, тогаш се поставува и прашањето зошто стотина џамии во Скопје го прекршуваат истиот закон и остануваат неказнети?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom