Невоља на Балканот: Големи планови за „голема Албанија“

  • Креатор на темата Креатор на темата zoki_com
  • Време на започнување Време на започнување
Ајде кажи што е народ????
Што имате вие свето за да се грижите до толку?
Со што си убедуваш самата себеси дека си слободна???
Зошто мислиш дека Македонија или било која држава во балканот и пошироко е слободна и незавсина држава??? Според знамето и според националноста на преседателот и премиерот???
Патриотизмот е лоботомија, ТОЧКА......

Нам ни е света слободата,слободното движење,слободното верско изразување,свет ни е човечкиот живот и животот на нашите деца.Сето ова е погазено од ваша страна и загрозено,да не се мачам да набројувам,сигурна сум дека има уште.

Можеби ни останатите не се слободни и независни држави во буквална смисла,но јас не се чувствувам загрозена да отидам во Србија,Бугарија,Романија,наведи која сакаш држава,па дури и Албанија.Но ќе подразмислам дали некогаш би отишла во Арачиново,Липково или пак да ме спопадне случајно да сакам да ловам риба на Смилковско езеро.
 
Мислам на поентата на постовите кои ти беа пишани и не,не мислам на љубов кон државата и дека некој треба да изиграва националист,затоа што сметам дека работата е дојдена до тој степен што веќе се работи за чист инстикит,за опстанок.Сакала-не сакала,без оглед на твоите пацифистички убедувања,ти си ставена во таргет групата која е непожелна на маркираната територија,твојот живот може да биде доведен во опасност само да се најдеш на погрешно место и во погрешно време.Не е правило,не е нешто што мора да се случи но се случило неколку пати и млади детски животи отидоа во неповрат.

За жал,моментално така стојат работите,лавината оди надоле и тешко дека ќе биде запрена без оглед колку енергија и желба за компромис ќе вложат двете страни.Се надевам дека сега сум појасна иако звучев контрадикторно во претходниот пост.

Пацифистички убедувања? :icon_lol: Гледај го филмот Либертариас и ќе укапираш колкав пацифист сум. :)

Компромис помеѓу вжештени глави не може да има! За жал, покрај таквите ќе страдаат и индивидуалците, од двете страни, кои се споспобни за критичко размислување.
 
Никој не бара подарок. Не ти следува работно место во државата во која живеш?

Не ти следува ништо освен тоа што законот одредил да ти следува. Се понатаму е борба. As it should be.

Албанецот, ако нема пари да си купи куќа до неговите, ќе се соберат роднини, пријатели, комшии и ќе донираат за да му ја овозможат таа куќа. Си чул некогаш таков муабет за Македонци? Кај кого е сега себичноста? :)

Чекај, сега си контрадикторна на тоа претходно што му го пиша на Бројка, дека апсурдно било да советува луѓе кои немаат пари за егзистенција. Ако го прифатиме за точно тоа дека македонецот нема за егзистенција, а на тоа го придодадеме фактот дека обичниот Македонец и не е толку агресивен(ако воопшто е) на пазарот за недвижнини, тогаш не ми е јасно од каде заклучоков со себичноста.
 
Нам ни е света слободата,слободното движење,слободното верско изразување,свет ни е човечкиот живот и животот на нашите деца.Сето ова е погазено од ваша страна и загрозено,да не се мачам да набројувам,сигурна сум дека има уште.

Можеби ни останатите не се слободни и независни држави во буквална смисла,но јас не се чувствувам загрозена да отидам во Србија,Бугарија,Романија,наведи која сакаш држава,па дури и Албанија.Но ќе подразмислам дали некогаш би отишла во Арачиново,Липково или пак да ме спопадне случајно да сакам да ловам риба на Смилковско езеро.
И мене исто, но зошто изворот на *злото* го адресираш кај албанците, како може албанец да влиае во твојата слобода кога државата се контролира од тебе???
Еве јас на пример живема во Липково или Арачиново, и дали мислиш дека сум толку глупав да сакам моето живеалиште да биде опасно место за живеење????
Што добивам јас ако ти се плашиш да стапнеш во липково???
Што добивам јас ако се убие дете???
 
Пацифистички убедувања? :icon_lol: Гледај го филмот Либертариас и ќе укапираш колкав пацифист сум. :)

Компромис помеѓу вжештени глави не може да има! За жал, покрај таквите ќе страдаат и индивидуалците, од двете страни, кои се споспобни за критичко размислување.

Јас мислам дека во суштина си пацифист,без оглед на твојот револт и гнев и чувство на фрустрација кон државата,кон националистите,кон нацистите,расистите и твоите бунтовничко-терористичко-герилски тенденции кон се ова што го набројав:D

Кога ќе имам време ќе го погледнам,ионака немам идеја што филм да гледам кога ќе пројавам желба.
 
ГЛУПА ТЕМА ГЛУП НАРОД И ГЛУПИ СТВОРЕНЈА

АЈДЕ КЕ СЕ РАСПРАВАМЕ ЗА ТОА ДАЛИ КОЈ ШИТНАЛ КУКА НА АЛБАНЕЦ ИЛИ НЕ ДА ВЕ ПРАШАМ НЕШТО СИТЕ

МАКЕДОНЕЦ ЗА ОДРЕДЕНА РАБОТА ВИ ДАВА 15000 ДЕНАРИ ПЛАТА
АЛБАНЕЦ ЗА ИСТАТА РАБОТА ВИ ДАВА 25000 ДЕНАРИ ПЛАТА
БУГАР ВИ ДАВА 30000 ДЕН ПЛАТА
АКО СТЕ ТОЛКУ ПАТРИОТИ РАБОТИТЕ ЗА МАКЕДОНЕЦОТ
ПРОСТ ПРИМЕР
МАНЧЕСТЕР ЦИТИ И ПСЖ ШТО ТРЕБА ДА ПРАВАТ ШТО ПРИПАГААТ НА АРАПИ НА ШЕИЦИ А

ГЛУП НАРОД И АЛБАНЕЦ И МАКЕДОНЕЦ ГЛУП И ГЛУП КЕ СИ ОСТАНЕ МАЛКУ НИ Е ЗА ОВОЈ НАРОД МАЛКУ Е:mad:
 
Копавме три генерации за денеска јас да имам неколку имоти...

Бројот на македонецот не ти треба, тој имот ќе го купува или јас или друг албанец.......после ќе ти го дадам мојот број, и не мора само за имот да зборуваме.......

Имаш ти имоти, имаш само реума у коските. Си праиш филмови, си пишуваш што ќе ти текне, колку само да врти муабетот. Тебе те молеле, оф бог да чува.
 
Ерекција. Како и сите од твојот сој.

Ова го кажуваш од искуство???
--- надополнето: 25 јули 2013 во 22:16 ---
Имаш ти имоти, имаш само реума у коските. Си праиш филмови, си пишуваш што ќе ти текне, колку само да врти муабетот. Тебе те молеле, оф бог да чува.

Е па сега за се има цена, јас имам реума, ти имаш болест од разни фобии......
 
Еве јас на пример живема во Липково или Арачиново,и дали мислиш дека сум толку глупав да сакам моето живеалиште да биде опасно место за

Не си глупав, си одбрал многу фино место за живеење со оглед на твојата етничка припадност, тоа е мошне мирно место за живот за човек како тебе.
Ама на пример, за мене и мојата фамилија може да биде особено опасно да живеам таму.

Абе, кај е Дарди, некако ко празна е темава без него.
 
Не ти следува ништо освен тоа што законот одредил да ти следува. Се понатаму е борба. As it should be.


Чекај, сега си контрадикторна на тоа претходно што му го пиша на Бројка, дека апсурдно било да советува луѓе кои немаат пари за егзистенција. Ако го прифатиме за точно тоа дека македонецот нема за егзистенција, а на тоа го придодадеме фактот дека обичниот Македонец и не е толку агресивен(ако воопшто е) на пазарот за недвижнини, тогаш не ми е јасно од каде заклучоков со себичноста.


Борба е. Тоа значи дека секој се снаоѓа како може и умее. Некои продаваат куќи на Албанци за да се снајдат. Ете зошто немаш право да ги критикуваш оние кои го прават тоа!

Собирањето пари за куќа беше посочено како пример за солидарност. Нека не бидат пари за куќа, за храна нека бидат... Нека не бидат пари воопшто, нека биде само храна. Ќе биде ли?
 
Во Куманово ова не се случува, еве баш сега само што ни се јави македонец, не моли да му ја купиме куќата, типот е во длабок кредит + пари од лихвари се плаши дека ќе му ја земат и моли за мали пари да ја продава.... ако ти си патриот или па Берич, дојдете и помогнете на човекот.....

Копавме три генерации за денеска јас да имам неколку имоти...

Бројот на македонецот не ти треба, тој имот ќе го купува или јас или друг албанец.......после ќе ти го дадам мојот број, и не мора само за имот да зборуваме.......

Првен повикува луѓе демек ако се патриоти они да му ја купеле куќата за потоа кога ќе му побараат број да не го дава зошто он или друг албанец наводно ќе ја купеле, малку време требаше за да ти се види вистинското лице и твоите задни намери.. не се труди да изиграваш демек неутрален кога знаеме дека во генот планински ви е да пробате да уништите се што не е “ваше“
 
Компромис се направи во 2001 се што води кон понатамошна/и барања на измислени права, дел од буџет и слични срања од партиите национални е чист популизам.

Треба да биде ЈАСНО секоја промена на рамковниот договор барем јас како што разбрав т.е доколку истиот престане да важи тогаш итно стапува на сила претходниот устав и се пред 2001 (за територијалната поделба незнам) но очигледно се претера.

Што треба НИЕ како граѓани да преземеме под ние ги вклучувам и Македонци и Албанци и Срби??

Ние треба да собереме потписи со кои ќе се забрани постоење на национални партии кои согласно искуството ни донесоа само зулум и немаат друга карта па пак играат на национализам а бидејќи рамковниот договор е во сила и Албанците се уставотворен народ оттука правата им се загарантирани следува дека НЕМА ПОТРЕБА ОД АЛБАНСКИ ПАРТИИ, НИТУ ОД МАКЕДОНСКИ па според ова би требало да се реформира политичкиот систем на државата кој наместо да генерира стабилност имаме обратен ефект и покрај рамковниот.

Ова значи повторно слобода апсолутна за политичко организирање но никако по национална а камо ли верска линија де факто и дејуре ова ќе биде крај на ДПА, на ДУИ на ВМРО-ДПМНЕ на ТМРО и низа други партии додека повторно ќе се регистрираат партии базирани на идеолошка и економска основа.

Според мене ова е инстант терапија а потоа не верувам да има толку тензии кои ги генерираат националните партии.
--- надополнето: 25 јули 2013 во 22:30 ---


Борба е согласно правила на игра не се прави дека не разбираш.

И тоа правила на игра како во економското општење така и општествената интеракција.

Не е борба во смисол ликвидација на млади деца или бодење со ножеви и палење куќи(како во Арачиново) или каменување автобуси и железничка инфраструктура.

Ајде настрана инфраструктура ами животите, траумите....кој тоа ќе го врати, кој ќе ги врати тие млади животи??
 
Борба е. Тоа значи дека секој се снаоѓа како може и умее. Некои продаваат куќи на Албанци за да се снајдат. Ете зошто немаш право да ги критикуваш оние кои го прават тоа!

Собирањето пари за куќа беше посочено како пример за солидарност. Нека не бидат пари за куќа, за храна нека бидат... Нека не бидат пари воопшто, нека биде само храна. Ќе биде ли?


Аха. Солидарност бил магичниот збор. :)
Oкеј. Ај да го разглобиме. Кои се постулататите за да едно дејствие може да се дефинира дека е мотивирано од солидарност? Дали солидарноста препознава граници, народи, нации, знамиња, религии? Постои ли селективност или таквата хуманост и емпатија се одразува подеднакво секаде и кон секој, без разлика на наводна припадност?

Кога ќе одговориш на ова, мислам дека сама ќе извлечеш заклучок за мотивите на браќава. Ако ти цртам ќе се навредиш. :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom