Книги на англиски јазик во Македонија

  • Креатор на темата Креатор на темата bookfan
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.513
Поени од реакции
2.472
Како што и пишува во насловот, би сакал да се одговор за тоа каде можат да се најдат книги на англиски јазик во Македонија. Конкретно за мене ми треба во Скопје.
 
Најди некој што студира на Штул и нека изнајми.
 
Каков Штул бе... Нека каже некој кај се продава.
 
Има и во Матица. Кога има попусти англиските книги се најефтини, околу 200 денари.
 
У Матица имаш кога има саем на книгата или кога ќе набават книги на англиски.
Имаш и у Америчкото катче (American Corner Macedonia), ама таму се изнајмуваат не се купуваат.
Во другите книжари се поскапи и немаш толку избор колку што има у Матица у време кога ќе ги набават книгите. Само треба да се врткаш цело време за да ги начекаш.
 
најголем избор имаш во Икона и Англиски Центар
 
Покрај гореспоменатите, има и во англиски центар, до слаткарницата малага. Моментално имаат и попуст.
 
Уште поубаво отвори си ebay, има евтини користени книги.
 
Да додадам, во Браќа миладиновци имаш „Британски оддел“ каде може да зајмуваш на нивниот матичен јазик. Треба да ја имаш истата членска карта од „Македонскиот оддел“.
 
Не сум запознаен баш со ибеј, како функционира, ако е оштетена книгата или нешто слично?

Ако не си задоволен со производот може да отвориш жалба до ибеј и ги решаваат тие проблеми многу ефикасно.Досега со книги сум немал проблем, сите во таа состојба како што ги опишал продавачот.Има добри наслови за смешни суми по 2,3 фунти.
 
За време на саемот си купив дузина класици од академски центар по 100че, појма немам какви се сега цените.
 
Не сум запознаен баш со ибеј, како функционира, ако е оштетена книгата или нешто слично?
Ако порачуваш книги преку интернет, подобар избор се abebooks.com или biblio.com, книжарници за користени книги. Опишана е состојбата во која се наоѓа книгата, но воглавно се работи за добро очувани книги.
И ја заборавив академска книга, во градски ѕид, исклучиво наслови на англиски јазик држат, воглавно стручна литература и класици.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom