Србија ќе воведе реципрочни мерки спрема Македонија за пченица и брашно

  • Креатор на темата Креатор на темата @cool@
  • Време на започнување Време на започнување

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.115
Србија подготвува реципрочни мерки спрема Македонија

и ќе ги разгледа ограничувањата на увоз на македонско вино и домати :eek: - доколку за 10 дена не се реши проблемот на ограничување на извоз на пченица и брашно од Србија во Македонија.

Потпретседателот на Владата на Србија и министерот за земјоделие го усогласиле редоследот на мерките кои ќе ги превземат наспроти одлуката на македонската влада за ограничен увоз на пченица и брашно.

е па чорба.....
--- надополнето: 5 јули 2013 во 21:05 ---
/
/
Нов пазар барај, не губи го стариот

Сите пазари се подеднакво важни, но некои мора да бидат „поеднакви“ од другите. Тоа се пред сè оние земји што културолошки и по менталитет се поблиски до Македонија
Неодамна зборував со менаџер во една домашна, извозно насочена фабрика, кој што на темата извозни пазари ми го кажа следново: “Што се занесуваме со далечните неосвоени пазари на Казахстан и Азербејџан, а уште не сме припариле кај нашите најблиски соседи?! Знаеш ли колкав е извозот на нашава компанија во Бугарија, Грција, Албанија? Не сакаш да знаеш! Не можеме да ги пробиеме овие три пазари, па да пукнеме! “
http://www.kapital.mk/MK/komentari/95944/nov_pazar_baraj,_ne_gubi_go_stariot.aspx
 
Па јасно, ги разбирам потполно србите.

Реципроцитетот е еден главните постулати во царинската политика. Колку ќе ми дадеш ти - толку ќе ти дадам јас. Колку ќе ме делнеш ти - толку ќе те делнам јас. Чиста економска и животна логика .. (го нема тоа смајлито со двете рацички и главата лево-десно)
 
Паметна работа направиле Србите
Исто ти е како да имаш зрели домати во бавча ,а одиш на пазар да купиш.Или комжијата има цела бавча домати а ти му нудиш да ти купи ...Нема логика
Абе оди онаму катар матар нека продаваат кај шеицине
 
A кој да ги заштити земјоделците со 8 ден. кило жито?
За свињи трици е 13 ден а жито смешни 8 ден.
 
Ништо паметно од Србите, види го типот на видеото што зборува, пак тој Српски менталитет дека се најјаки во се они. И патем, нека стават целосно забрана за внес на Српски житни култури, сите се радиоактивни и бомбардирани.
 
A кој да ги заштити земјоделците со 8 ден. кило жито?
За свињи трици е 13 ден а жито смешни 8 ден.
Кога се глупи кој ги ебе, реалната цена на житото не треба да изнесува повеќе од 7 денари, е сега шо овие твојве и влиделот се обидуваат да глумат лудило и да наметнуваат откупни цени од 14 денари на мелничарите и истовремено да дозволат увоз на српско жито по 9 денари за килограм, која е логиката од србија да се донесе жито и тоа да кошта поефтино од домашното ?
И никој не го тера да купува трици нека ја рани стоката со жито.
 
... која е логиката од србија да се донесе жито и тоа да кошта поефтино од домашното ?
И никој не го тера да купува трици нека ја рани стоката со жито.


Логиката е Војводина и Банат. Јел разумеш бре?
 
Ништо паметно од Србите, види го типот на видеото што зборува, пак тој Српски менталитет дека се најјаки во се они. И патем, нека стават целосно забрана за внес на Српски житни култури, сите се радиоактивни и бомбардирани.
Ти бе нормален ли си да се стаи забрана за увоз на српско жито, со меркана на владана за купени три кила домашно жито да увезеш едно кило српско отиде јачменот 19 денари ако опнат тотална забрана ќе збеснат овие лингуриве наши 1 евро ќе го даваат житото, па тек тогаш сточарство,свињарство,краварство,живинарство ќе си ебат мамата се ќе се сотре во македонија.

знеш ли колку фарми во македонија затворија порадискапата сточна храна поради таквата глупа мерка на гвујо, знеш ли дека цените на месото отидоа до бесвест поради таквите глупости на влиделот ?


Логиката е Војводина и Банат. Јел разумеш бре!

Читај го ова и ти,јебеш војводина и банат.

Ако нашите немаат сметка да го продаваат по 8 нека си го чуваат просто и едноставно е, сите комбинати во мк го даваат за 7.6 денари само шо побрзо да го продадат пошо цената ќе му паѓа пошто годинава роди житото, не може 2011 жетва утепана се качи житото од 6 денари на 17 и да стои исто како и тогаш.

Јебеш ти заштита на производство кога производителите ти се 2% од вкупното население, за сметка на тие 2% сите плаќаат поскапа храна.
 
Значи добро познатиот кловн вика: да не садиме жито.

Пошто со 8 ден. земјоделец неможе само со нафта да покрие и комбајн.

Ако е поскапа отиде стоката,со стоката отиде и цената на месото.

Заклучок: дај јажето да се бесиме.
 
Абе цитро ако нема сметка нека не сади жито нека насади сончоглед или репа,просто е едносавно е не можеш ти мене да ме условуваш јс да купам од малска продавница на име на патриотизам кога у трговскиот има поевтино.

Нека субвенционира влада наместо да фрла пари на ск 2014 јебеш ти заштита на производство и со тоа штитш 2 % од фкупното население а за сметка на тоа сите треба да плакаат поскапа храна.
 
ОК е, се е јасно како ден дека нашава со српскава пченица не се споредуваат, нема споредба во квалитет и принос.

Арно ама 70% од земјоделцине сеат жито. Што ќе им правиме? Има многу ниви со слаб квалитет на кои освен жито, јачмен, овес друго ништо не бива. Не дека и житото е со Бог знае каков квалитет.
 
Не заебавај, денес е лесно има препарати има литература, има начин како од неплодна земја да напрвиш плодна од камењар да имаш 1000% принос.

е сега што тие не сакаат да вложат и да се модернизираат не треба јас да им го плаќам на нив, не може само профит да се влече и оп не чини цената , купи нова механизација со помалку расходи, купиквалитетно семе, купи квалитетно ѓубриво.

иначе во денешно време да се збори за неквалитетно земјиште е смешно.
 
Ништо паметно од Србите, види го типот на видеото што зборува, пак тој Српски менталитет дека се најјаки во се они. И патем, нека стават целосно забрана за внес на Српски житни култури, сите се радиоактивни и бомбардирани.

Ние као подобри да не сме... Он вика дека они се најјаки во се, ние т.е. нашава влада вика дека ние сме регионално први во се, од здравство па се до катастар... Ако ставиме целосна забрана за внес на Српски житни култури, нашето жито ке треба да го израмниме со цената на златото пошо нашиве ке ги удри у глава конкуренцијата и знаеш понатаму како иде.. Инат, блокада итн итн... А што се однесува до радиоактивното и бомбардираното... Не се смеј на комшијата пошо малце фалеше мечката да заигра и кај нас... Да не идам офтопик :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom