За малку пари Македонија може да се вооружи до заби

  • Креатор на темата Креатор на темата SS Divizion Totencof
  • Време на започнување Време на започнување

SS Divizion Totencof

Александар Невски
Член од
2 јуни 2013
Мислења
121
Поени од реакции
102
Возраст
43

Армијата на САД наредниве месеци ќе се „ослободува“ од 750.000 парчиња оружје и различна воена опрема, меѓу кои и 2.000 оклопни возила од типот МРАП. Токму ваквата ситуација е идеална за Македонија и, ако за тоа има иницијатива од врвот на Министерството за одбрана и од АРМ, за симболична цена можеме добро да ја опремиме нашата војска

oruzje-mrap-afganistan.jpg


transparent.gif

Последен пат годинава во јавноста беше спомената можна набавка на 80 транспортери
САД СЕ ОСЛОБОДУВААТ ОД ОРУЖЈЕТО ВО АВГАНИСТАН
Седум милијарди американски долари вредна воена техника составена од топови, оклопни возила и од транспортери на војската на САД се заглавени во Авганистан засекогаш, пишуваат американските и светските медиуми. Станува збор за 750.000 парчиња најразлично оружје и воена опрема што е тешка 77 милиони тони и за која се проценува дека е вредна приближно седум милијарди долари. Со ова оружје веќе една декада се војуваше во глобалната војна против тероризмот во Авганистан и Ирак и на Блискиот Исток. Администрацијата на претседателот Барак Обама проценила дека оружјето е прескапо и претешко да се врати назад во Америка по најавеното повлекување во текот на 2014 година и Вашингтон ќе треба да смисли начин како тоа да го стори најбезболно за плаќачите на даноци во САД, но и оружјето да не падне во рацете на радикални исламски милитанти.

Повлекувањето чини цело богатство

Според пишувањата на американскиот весник „Вашингтон пост“, оружјето најверојатно ќе треба да им се продаде на заинтересирани сојузници по симболична цена или да му се подари на официјален Кабул. Во најлош случај, тоа може едноставно да се уништи на самото место, а Вашингтон во секоја варијанта ќе загуби многу.

Од друга страна, пак, магазинот „Недела“ од Пенсилванија пишува дека големо богатство ја чинеше Америка додека војуваше на Блискиот Исток, а сега уште поголемо ќе ја чини да се повлече оттаму, откога сѐ е
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=72139389&id=9&prilog=0&setIzdanie=22917
готово.
 
Тоа би било исплатлива зделка за некоја држава блиску до Авганистан, не за нас што сме на другата страна на светот.
Кога ќе се вклучат трошоците за превозот на опремата ќе ти дојде ѓаол ипол
 
Што ви бе, за пар недели лагана вожња се во Македонија. Поважно прашање е што ќе ни е таа опрема?
Да плаќаме скапи делови и одржување? Да ни ги праќаат војниците на „мировни мисии„?

Да се браниме од некој? Од кој? И дали од таму од каде што имаме опасност воопшто може да се браниме со оружје?
Не е дека во последната војна немавме оружје, проблемот е што нема да не остават да го искористиме... Не си правете филмови, одамна е се однапред одлучено дали и што ќе се случува тука.


Иначе ОК, не е дека понешто опрема не може да се земе, нешто што и онака фали и за што се планираат тендери и ќе треба да се фрлат големи пари.
 
Ајде БУЧКО, да го пуштиме за преговарач и набавувач на ова железо,
го бива човекот за вакви зделки-да ја заврши работава успешно за Македонија
па ќе оди наскоро на заслужен одмор во Идризово,затоа да се побрза,
А и на МИНЧО добро - дошло ќе му дојде,треба да работи и тој нешто.
 
Армијата на САД наредниве месеци ќе се „ослободува“ од 750.000 парчиња оружје и различна воена опрема, меѓу кои и 2.000 оклопни возила од типот МРАП. Токму ваквата ситуација е идеална за Македонија и, ако за тоа има иницијатива од врвот на Министерството за одбрана и од АРМ, за симболична цена можеме добро да ја опремиме нашата војска
А не ти текнува кој е фацата во ова министерство? Со кого ќе се бориме?

Пародија на сами себе сме бре..
 
сега министерот (читај шпонот) ќе се омрси, ќе набави 100 парчиња, али 50 ќе ги снема по пат :confused:
 
Од стратешки аспект...со амерот можеш да бидеш другарче,само ако купиш од него нешто....а ова би била најдобра прилика да се искористи тоа....само дилема ќе остане дали ако набавиме опрема од нив,некој ќе ги спомне македонците...или министерот за одбрана ќе си изигра во негово име.:coffee:
 
крш,старо и искористено оружје,нема никакво фајде од гореспоменатово,само обврски за транспорт,репарирање и обука на човечките ресурси
 
Мој предлог до Америве е да ги населат таму Рамче и компанија со се колички, има да го нема ова за рекордно време без траг да му се знае.
 
Да бе, чувте Тарантино завршил со новиот филм...

SAGAN.png
 
Да бе, чувте Тарантино завршил со новиот филм...


Кај и да е ќе ти се јави некој од терористиве на форумов :) Хавуз че го прави ! (y)

Инаку , што ќе ни се овие оклопници , сега засега не ни требаат. Освен некој богаташ ако сака за чалам да земе едно за низ град добро :D
 
Од стратешки аспект...со амерот можеш да бидеш другарче,само ако купиш од него нешто....а ова би била најдобра прилика да се искористи тоа....само дилема ќе остане дали ако набавиме опрема од нив,некој ќе ги спомне македонците...или министерот за одбрана ќе си изигра во негово име.:coffee:

nema sto ne sme mu dale na amrite :)
 
Нека ги стават Хамерите на плин и нека ги возат до Македонија
 
Нека ги стават Хамерите на плин и нека ги возат до Македонија

mislam deka za nasi uslovi podobar izbor se BTR 80 ili / 70
ama i tia znaat da tosat mnogu gorivo
ali amerikanskive transporteri se i te kako dobro posebno tie Mastiv so najdobra zastita do sega
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom