Лепенки на дограма - како најлесно да се отстранат?

  • Креатор на темата Креатор на темата SpiderWeb
  • Време на започнување Време на започнување

SpiderWeb

ја заменува титулата под името во вашите мислења.
Член од
12 мај 2008
Мислења
632
Поени од реакции
622
Имам проблем да ги отстранам лепенките од дограмата. Дали некој знае некој полесен начин освен со гребење (да се стави некое средство, или да се искористи некој предмет, без да се оштети дограмата)?
 
Земи крпа намокрена со жешка вода, ќе пушти лепакот.
 
За обични книжни лепенки WD 40 му е мајката, ги вади од секоја провршина без никаков проблем, дури и од пластика без да ја стопи( само провери прво за секој случај, да не се погоди баш таа пластика да има мака). За на пластична дограма не заприметив какви се лепенките и од што материјал се, пошто одма и ги извадив. Ако можат да се натопат или да примаат влага тогаш нема проблем, ако се како фолија најлонска тогаш појма немам што би можело да поможи. Во секој случај ако има начин, гугл го знае.
 
Како фолија најлонска се, тешко дека ќе примат влага... како и да е, фала на сите, ќе пробам некои од предлозите и ќе ви го соопштам резултатот :)
 
Ако си ги заборавил догло време неодлепени и убаво ги фатило сонцето, тешко дека ќе ги одлепиш.
Затоа се препорачува што поскоро да се измачка и веднаш да се одстранат.
 
Стави на една крпа нитро разредувач и пребриши ги. Само прво провери на мала површина, да не направи штета на пластиката.
Јас сум вадел лепенки од стакло на овој начин, што ни со стругање не се вадеа, остануваше од лепакот. Со нитрото, со едно пребришување, се излезе, стаклото светна.
 
Нитрото на пластиката маме ке му плачи.
Веќе ако пробува со маслен разредувач нека проба, никако нитро.
 
Пробај со сунѓер или крпа потопена во топла вода :)
 
Моите уште стојат, никогаш не успеав да ги извадам. Таму кај што најмногу ги пече сонцето се засушени и ти ако гребеш со нешто се прави линија кај што си гребел а наоколу си остануваат:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom