Нов закон за пензионирање?

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Денес жената разбрала,потчула нешто и дури се јави во Фондот ПИОМ да праша.
Демек наскоро во пензија ќе може да одат жени со 85 вкупно години ( години+ работен стаж)
За мажи било демек 90. На пример старост-возраст 60 + стаж 30 = 90
Еве го одговорот и од ПИОМ. „ И кај нас се збори нешто такво ама треба да помине во собрание“.
Јас не верувам,многу пари ќе треба за овие нови десетина илјади пензионери.
Ама ај нека биде ќе се отворат-ослободат многу работни места.
Што ќе кажете вие,какво мислење имате по ова прашање (ако е вистина).
 
C

cige

Гостин
Кога се донел законот за пензии односот вработен:пензионер бил 7:1, а моментално околу 1,5:1.така да мора нешто да се измени, или да се намалат пензиите или да се накачи старосната граница.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Ако е вистина ќе се реши статусот на многу стечајци и слични ранливи категории, не знам зошто веднаш себично и дрско се буните, демек гужва ќе ви прават во градски превоз, а сигурна сум дека имате роднини и пријатели кои се без никакви или нередовни приходи во своите средни и доцни 50-ти, а имаат доволно стаж.

Ама кул е да се мрчи, посебно ако си студент, или во раните 20-ти за било што ;)...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Ако е вистина ќе се реши статусот на многу стечајци и слични ранливи категории, не знам зошто веднаш себично и дрско се буните, демек гужва ќе ви прават во градски превоз, а сигурна сум дека имате роднини и пријатели кои се без никакви или нередовни приходи во своите 50-ти, а имаат доволно стаж.

Ама кул е да се мрчи, посебно ако си студент, или во раните 20-ти за било што ;)...

.... иако, главното прашање за милион долари е: „кој ќе обезбеди пари за овие пензионери и како?“.
Инаку, јас лично мислам дека е фер решение, затоашто познавам луѓе со 30+ години работен стаж и речиси 60 години, кои, реално, ги заслужиле своите пензии и кога би бирале, уште утре би отишле во пензија.
Проблемот е што без драстично намалување на невработеноста, Фондот нема да може да издржи нова група пензионери, освен ако Владата не реши да пренаменува средства од приватните фондови, а тука веќе имаме проблем.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Овој муабет е стар од поодамна.
И стварно претерувате ако кукате за бесплатниот превоз што ќе го добијат. Сепак некои вода во очи немаат, а со пензииве малку ќе им се олесни.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
.... иако, главното прашање за милион долари е: „кој ќе обезбеди пари за овие пензионери и како?“.
Инаку, јас лично мислам дека е фер решение, затоашто познавам луѓе со 30+ години работен стаж и речиси 60 години, кои, реално, ги заслужиле своите пензии и кога би бирале, уште утре би отишле во пензија.
Проблемот е што без драстично намалување на невработеноста, Фондот нема да може да издржи нова група пензионери, освен ако Владата не реши да пренаменува средства од проватните фондови, а тука веќе имаме проблем.
Проблем секако имаме, влечеме толкав паразит наречен буџетари (во кој и натаму расте вработувањето :icon_lol:) кој е невозможно да се исплатува на сметка на килавиот приватен сектор, решението е исто како и досега - нови задолжувања за плати на буџетарите, за пензии, за споменици итн. итн.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Јас предлагам да се соберете и Anco да го обесите на сред плоштад шо отвара ретарда теми :sneaky: ,,,,
аман има кој да мисли и да брише шо се замарате вие не ми е јасно , нешто попаметно кажете ако знаете ако не не попувајте
Само колку луѓе овие години и не дочекаа пензија за година или две. Од секирации.
Од немаштија. Технолошки вишак,стечајци.
А колку пак и сега на таа возраст ја со душа чекаат таа пензија, бидеиќи и немаат никакви приходи. Ама нашава влада гледа како е во Европа таму 64 и оп тука 64 години
направива до пензија, и само Европа да рипне на 67 еве ги и нашиве веднаш исто.
Денес низ сите клиники ова се зборело, во цело здравство во Скопје.
-----------------------
Ајде кој ќе го стави јажето,столчето јас сам ќе го потурнам. Нели сум ......
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.635
Поени од реакции
13.073
Проблем секако имаме, влечеме толкав паразит наречен буџетари (во кој и натаму расте вработувањето :icon_lol:) кој е невозможно да се исплатува на сметка на килавиот приватен сектор, решението е исто како и досега - нови задолжувања за плати на буџетарите, за пензии, за споменици итн. итн.
Ех кога барем последната ставка би запрела и би се инвестирало во повратен бенефит.
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Ех кога барем последната ставка би запрела и би се инвестирало во повратен бенефит.
Не е само последната ставка проблем, треба драстично да се намалат буџетарите, да се стимулира правилно и да се овозможат услови за развој на едно лојално и фер рамниште на фирмите од приватниот сектор, а не да се врши нескриен протекционизам на оние партискиугодните, не е едно што треба кај нас да се измени од корен, ама џабе е оваа дискусија, кога не одговара на интересите на оние кои ги влечат конците :)...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Проблем секако имаме, влечеме толкав паразит наречен буџетари (во кој и натаму расте вработувањето :icon_lol:) кој е невозможно да се исплатува на сметка на килавиот приватен сектор, решението е исто како и досега - нови задолжувања за плати на буџетарите, за пензии, за споменици итн. итн.

Не, грешка си, каков килав приватен сектор, па нели слушна дека извозот расте, а увозот се намалува.
И не, грешка си, буџетарите не се премногу, се` додека влијаат на вкупниот број на (не)вработени.

Не знам кај живееш ти, ама освен гужвите во вторник и петок (што е единствен проблем), во оваа земја, Сонцето е најсветло и по улиците тече.... вода, дождовница, кога врне :D
 
C

cige

Гостин
Само колку луѓе овие години и не дочекаа пензија за година или две. Од секирации.
Од немаштија. Технолошки вишак,стечајци.
А колку пак и сега на таа возраст ја со душа чекаат таа пензија, бидеиќи и немаат никакви приходи. Ама нашава влада гледа како е во Европа таму 64 и оп тука 64 години
направива до пензија, и само Европа да рипне на 67 еве ги и нашиве веднаш исто.
Денес низ сите клиники ова се зборело, во цело здравство во Скопје.
-----------------------
Ајде кој ќе го стави јажето,столчето јас сам ќе го потурнам. Нели сум ......
Абе стари, а од каде ти е тебе информацијава?
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Абе стари, а од каде ти е тебе информацијава?
Абе читаш ли ти или не,или се срамиш,убаво пишува кој ми кажа и каде се збори
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Не, грешка си, каков килав приватен сектор, па нели слушна дека извозот расте, а увозот се намалува.
И не, грешка си, буџетарите не се премногу, се` додека влијаат на вкупниот број на (не)вработени.

Не знам кај живееш ти, ама освен гужвите во вторник и петок (што е единствен проблем), во оваа земја, Сонцето е најсветло и по улиците тече.... вода, дождовница, кога врне :D
Сум се изнаслушала и изнагледала изјави и дека ќе имаме економски раст од 6%, дека имаме најмала задолженост во регионот, најстабилна монетарна политика и слични статистики кои те наведуваат да мислиш дека живееш во место како оние во книшките на Јеховините сведоци...

Сите здрави економии имаат буџетари во износ од 5-15% од вкупното работоспособно население, ние сакаме да играме држава во која половината и повеќе ако треба ќе го претвориме во буџетари, затоа што навистина ни се потребни :icon_lol:...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Сум се изнаслушала и изнагледала изјави и дека ќе имаме економски раст од 6%, дека имаме најмала задолженост во регионот, најстабилна монетарна политика и слични статистики кои те наведуваат да мислиш дека живееш во место како оние во книшките на Јеховините сведоци...

Сите здрави економии имаат буџетари во износ од 5-15% од вкупното работоспособно население, ние сакаме да играме држава во која половината ќе го претвориме во буџетари, затоа што навистина ни се потребни :icon_lol:...

Па како инаку би се намалила невработеноста од 37 на 29,99%?
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
431
Поени од реакции
935
Па како инаку би се намалила невработеноста од 37 на 29,99%?
Така де, преку бројки се остварува, ете читај ги Битушанец и Дарди р‘шум направија низ форумот со статистики...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom