Па 15 милиони е скоро дупло од парите кои се дадени за да се купи, што не е лошо. Проблемот е што ако напаѓачи ни се Кавани, Торес и Лукаку, незнам баш Лукаку дали ќе има големи шанси да игра.
И ај помалце хејт, нека дојде официјално прво па ќе видиме после што ќе му правиме
Не е лошо за самиот трансфер доколку го продадеме Ба за 15м. Но гледано во глобала тешко дека ќе можеме да се покриеме со 15 профит со оглед дека веќе го купивме Шурле за 20 сега и „Кавани за 60“. Значи 65м веќе отидовме во минус, а сигурно до крајот ќе треба да се земе голман, дефанзивец а можеби и еден во среде. Сезонава чисто сумњам дека сме направиле толкав профит со оглед дека земавме само ле и завршивме трети.
Тука е и Торес со неговата астрономска плата дополнително ќе го глоби тимот, плус и чисто сумњам дека би се согласил да биде 2 а можеби и 3 избор, се зависи како ќе се покаже Лукаку.
Никој не го хејта Кавани, за играч со такви квалитети секогаш ќе има место во тимот на Челзи, но проблем е што нашата управа нема капацитет да води добар бизнис.
Секогаш се претплатуваат играчи без потреба.
Еве нели клаузулата му истекувала во август, значи автомацки ќе му падне цената за 10-тина милки и тогаш нека го земат, или пак уште денеска нека дадат 70м ма каки 80м за секој случај да не ни го грабне некој и да не заебе.
Само проблем е тоа што за колку повеќе пари го купиме толку поголеми очекување ќе се има од него, како и од нас така и од цела Англија, и ете ти непотребно стварање на притисок.
--- надополнето: 25 јуни 2013 во 13:31 ---
И не го потценувајте Торес. Самото име вреди 20 милиони минимум, плус и почна во последно време да си ја враќа формата. Не би требало да е проблем да се продаде само што јас и после се некако сакам да остане
Тогаш цената на Роналдињо моментално е 30м, само заради името. Ама името нема само да игра долу на терен, туку формата и спремноста.
Дал голови на Тахити и Нигерија голема работа. Со тоа ништо нема да може да се направи во преговарањето за продажба. Факт е дека сезонава даде 23 гола да но 80 % од натпреварите беше изгубен и во време и во простор.
И ај сега кажи ми ти одиш да преговараш со некој агент на клуб и велеш ние имаме играч кој еднаш во месецот дава гол и прави по некоја асистенција, на моменти знае да промаши топка, празен гол ама многу трчи и се труди, но не се секирајте ќе се оправи. Чини 20м и зима плата од 170к.
Знаеш што има да ти се деси ?
И јас сакам да остане само доколку Мурињо мисли дека може да го среди и од тоа што ми е страв за уште еден 50милионски експримент.