Исланд ги шутна банките затоа што парите во нив кои беа во токсични инвестиции беа само мал дел во посед на исландските граѓани и фирми. Огромен дел од парите беше од инвеститори од ЕУ и затоа европјаните ги притискаа за бејлаут. Исланѓаните одбија чисто поради причината што помалку губеа ако ги остават банките да потонат, заедно со се тоа малку исландски пари, отколку да плаќаат за ризичните европски инвестиции преку исландски банки. Да беше нивната економија во истата каша како ЕУ или УСА, со панделка ќе им ги испорачаа парите на банките.