C
cige
Гостин
Фанта Шоката е со вкус на Бозел. А инаку бозелот предизвикува импотенција.Сок од Трнинки(може имаат и друго име)
Ги има наесен на пазарите,лани беа 50 денари килограм.
Се варат во шерпа,а за помала количина помал сад.
Се собираат како горе наведено со сливите,само јас не ги гмечам,што излезе од нив со варењето тоа.Исто така и дренките не ги гмечам,само варење и ставање течноста сок.
Убав и за изглед бистар сок. Инаку би бил со „партали“ внатре,па децата го одбегнуваат. А често правам и компот од мешано овошје,половина тегла овошје,лажица шеќер и вода.
Мајка ми често знаеше и да прави и други сокови,непознати за нас-вас помладата генерација,на пр. Сок од Бозел.
Се сеќавам пред земјотресот,шишињата ги вриевме во котел,со сок од горе наведените,а тапите беа плутани,ама врвот на шишето т.с. и тапата го потопувавме во растопен катран во некоја конзерва,така беше најдобро херметички затворен, исто беше и со салцето или некој пинџур.