- Член од
- 24 април 2008
- Мислења
- 11.260
- Поени од реакции
- 12.982
Најголемиот дел од долгот е кон домашни инвеститори, учеството на Кина е минимално, а Кинезиве не би купувале американски обврзници доколку не сметаат дека е тоа добра инвестиција.
![]()
Нормално дека Кинезите не би купувале американски обврзници доколку не сметаат дека е тоа добра инвестиција, имаат пари и сакаат да ги размножат, ако не со враќање на долгови, тогаш со лобирање, Кинезите се многу добри во лобирањето.
И кај нас во Македонија голем дел, ако не и најголемиот дел од државниот долг, е кон стопанството, ги има бројни фирми кои учествуваат во тековните градежни зафати за реализирање на некапиталните инвестиции како што е белиот слон наречен Скопје 2014, а државата никако да се раздолжи кај нив, поради што фирмите да работат со загуби. И после велат дека сме во рецесија, ама позитивна рецесија.

Слична е реалноста и во САД, со разликата што таму долговите се префрлуваат од еден на друг доверител, па така државата им должи на трети лица, а и тука настапува Администрацијата на Федералните Резерви, која ќе отпечати тазе безвредни долари со кои владата ќе се раздолжува кај стопанството, но затоа ќе и должи на Администрацијата на Федералните Резерви, со што долгот ќе остане, а само доверителот и каматите ќе се сменат.
На крајот пак се доаѓа до заклучокот дека американскиот економски раст, ваков каков што е, одржлив преку зголемено задолжување и преку печатење на безвредни американски долари чија што вредност се темели не врз домашната, туку врз меѓународната употреба на тие пари, не е одржлив на долг рок.
Не треба да им држиме лекции на американците за ова, знаат како завршија британската фунта кога беше поставена наспроти германската марка и како заврши јапонскиот јен кога беше поставен наспроти американскиот долар, но ете, кој не си учи од историјата, осуден е истата да му се повтори.