Дали знаете како САД се збогатија толку брзо?

  • Креатор на темата Креатор на темата partizann
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
9 април 2013
Мислења
270
Поени од реакции
51
ВИДЕО: Дали знаете како САД се збогатија толку брзо?
Нараторот во видеото објавено на „Јутјуб„ од лице со име Крис Лоневолф, направил анализа на сите историски и актуелни факти за САД
10062013095936_%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%20%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE.jpg

Според него, малку е познато колку САД, односно Федералната служба без надзор ја печателе „хартиената валута„, односно долари без покритие, што е една од најголемите финансиски превари во светот.
За сето тоа да го прикријат, САД започнале серија силни војни и таканаречени „хуманитарни интервенции„ кои имаат поинаква цел од онаа што се прикажува
.
images
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Bd47hyIcZ_c
 
Шо си се настрвил на САД, коа -
прво: ги подржуваат Муслиманите на Балканот што и да направат.
второ: САД се НАЈГОЛЕМИОТ сојузник на КСА. Да не се САД, Саудијска Арабија денес може ќе беше Шиитска или можда со влијание како Јемен или можда поделена на калифати.
 
Шо си се настрвил на САД, коа -
прво: ги подржуваат Муслиманите на Балканот што и да направат.
второ: САД се НАЈГОЛЕМИОТ сојузник на КСА. Да не се САД, Саудијска Арабија денес може ќе беше Шиитска или можда со влијание како Јемен или можда поделена на калифати.

Толку му сече.

Сериозно.
 
Како немаат покритие кога целата трговија на нафта е во долари,а најчесто и на најголем дел од останатите суровини.

Од тоа поголемо покритие не знам дали можеш да имаш.И поради тоа покритие они можат слободно да си печатат по неколку стотини милијарди долари годишно и да имаат инфлации од по 1-2%
 
ВИДЕО: Дали знаете како САД се збогатија толку брзо?
Нараторот во видеото објавено на „Јутјуб„ од лице со име Крис Лоневолф, направил анализа на сите историски и актуелни факти за САД
10062013095936_%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0%20%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D0%BE.jpg

Според него, малку е познато колку САД, односно Федералната служба без надзор ја печателе „хартиената валута„, односно долари без покритие, што е една од најголемите финансиски превари во светот.
За сето тоа да го прикријат, САД започнале серија силни војни и таканаречени „хуманитарни интервенции„ кои имаат поинаква цел од онаа што се прикажува
.
images
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Bd47hyIcZ_c

Добредојде во реалноста партизане, доцниш речиси 100 години, но подобро некогаш да се разбудиш отколку никогаш.

Велам речиси 100 години бидејќи на 23 декември 2013, Администрацијата на Федералните Резерви на САД, уште попозната како Банката на Федералните Резерви на САД, ќе го прослави својот 100-ти роденден, а од нејзиното основање на 23 декември 1913, па се до денешен ден, сите влади на САД имаат извршено вкупно 0 (НУЛА) инспекции за да проверат како функционира оваа наводно јавна институција, која во реалност е приватна национална банка на САД, чии што вистински сопственици се банкарските профитери.

Американците разбрале што сакал да каже Мајер Амшел Ротчилд кога рекол:

" Не ми давајте контрола врз државата, дајте ми контрола врз валутата на државата и нема да ме интересира кој е на власт и кој ги донесува законите " .

За разлика од познатиот метод на секоја империја "раздели па владеј", американците многу попаметно функционираат - ќе ги направат другите држави зависни од нивната финансиска помош. Тие кои нема да можат да ги вратат парите ќе се соочат со банкрот и можно распаѓање, како што беше во случајот со Југославија, а тие кои ќе се осмелат да ја одбијат американската помош доколку немаат план Б, односно алтернатива на американската помош, ќе научат американска лекција по демократија.

Во пракса американскиот долар е тотално безвреден, не вреди ни колку хартијата врз која се печати, ни колку бојата со која се печати, но се додека други држави го користат американскиот долар, се додека има меѓународна побарувачка на американски долари и се додека се врши меѓународна трговија во американски долари, американскиот долар ќе ги преживее и најтешките и најдлабоките економски кризи и депресии.

Ние во Македонија не сме ништо поарни, бидејќи фиксниот девизен курс на македонскиот денар е врзан за еврото, па затоа најголемиот дел од меѓународната трговија ја вршиме во евра, не дека имаме некаква алтернатива, туку бидејќи над 80% од македонскиот увоз завршува на европските пазари, претежно во Германија, која попрво би прифатила крај на светот отколку смрт на еврото.

Аргентинскиот песоз беше врзан за американскиот долар, што резултираше со банкротот на презадолжената Аргентина во 2002 година, а и ние во Македонија сме на добар пат да го следиме аргентинскиот пример со тоа што се задолжуваме се повеќе и повеќе кај европските банки, особено кај Дојче Банк, а парите не ги инвестираме во инфраструктура или во капитални инвестиции, туку ги фрламе на партиски вработувања, на споменици и на изградба на административни згради, вртелешка, панорамско тркало, ограда на мост вредна над 1 милион и 200 илјади евра и на ред други тотално непотребни глупости. Еден ден европските банки ќе повлечат црвена линија и ќе бараат Македонија да си ги плати долговите, по што и ние ќе го вкусиме горчливиот вкус на аргентинскиот банкрот од 2002 година.

Садам Хусеин си потпиша смртоносна пресуда кога се осмели да врши трговска нафтена размена во евра, а не во американски долари, по што Ирак доби американска лекција по демократија, а Садам Хусеин доби бесилка.

Наводно ЕУ сака еврото да му конкурира на доларот, поради што ги форсира плановите за формирање на фискална и монетарна унија, но сеуште се далеку од создавање на стабилна валута, должничките кризи во државите како Португалија, Ирска, Италија, Грција, Шпанија и ред други се пример за тоа.

Исто така и Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужноафриканска Република кои ја сочинуваат економската унија БРИКС, планираат да формираат свој монетарен фонд кој ќе им конкурира на ММФ и Светска Банка, а ќе издава сопствена меѓународна валута која ќе им конкурира на американскиот долар и на еврото, но сеуште се далеку од тоа, а до тогаш, американците ќе пуштаат во оптег тазе испечатени и пред се, безвредни американски долари чија што вредност ќе се темели претежно врз нивната меѓународна употреба, отколку врз нивната домашна употреба.
 
САД биле богати и пред ФЕД ќе бидат богати и после тоа. Се произведуваат, си имаат природни ресурси, пазар, комшии кој се гола вода воено. Замислете само 3-4 години да ги пренаменат парите од воената индустрија во нешто друго.

Доларот е превара ОК ама немојте да мислите дека тек така ќе пропаднат или дека ако падне доларот ќе значи крај на САД. Бар на овие простори сме виделе се и штампање пари, и конвертабилни денари и мењање валути на црно, и бонови и воведување нова национална валута и ко што гледате уште сме село весело
 
No toa e samo del , a kade delot od zarabotuvackata od droga ,posebno od Avganistan posle vojnata vo Avganistan ,javna tajna e deka CIA kontrolira golem del od zarabotuvackata od droga posebno od Juzna Amerika ,a usput i virusi od tipot na pticji grip ...da zaraboti nivnata farmacevska industrija pa slucajno umiraat od rak i razni precedateli na drzavi koi bas ne im se po merak na Amerikancite ,pa nerealni subvencii na zemjodelski proizvodi posebno na pamukot ,pcenkata za d agi unistat proizvodstvoto na drugi drzavi ......pa preku MMM kako gi kontroliraat zemjive kako nasava preku zaemive ..i da ne nabrojuvam nema kraj ,a toa sto se sluci i zasto se sluci vo nasva zemja i regionov veke site znaeme
 
САД биле богати и пред ФЕД ќе бидат богати и после тоа. Се произведуваат, си имаат природни ресурси, пазар, комшии кој се гола вода воено. Замислете само 3-4 години да ги пренаменат парите од воената индустрија во нешто друго.

Доларот е превара ОК ама немојте да мислите дека тек така ќе пропаднат или дека ако падне доларот ќе значи крај на САД. Бар на овие простори сме виделе се и штампање пари, и конвертабилни денари и мењање валути на црно, и бонови и воведување нова национална валута и ко што гледате уште сме село весело

Таман работа да не се САД богати и да не ги бива.

Факт е тоа дека Илај Витни го измислил прочистувачот на памукот за добивање на конец, браќата Вилбур и Орвил Рајт го измислиле авионот и ред други изуми кои и до денешен ден го обликуваат начинот на кој човештвото живее и функционира се измислени од страна на американци.

Но исто така факт е тоа дека американците живеат над нивната вистинска економска моќ, печатење пари, бонови за храна и националниот долг од над 16.5 трилиони американски долари се проблеми кои ќе мораат да ги решат идните генерации на американци кои ќе останат вчудоневидени и без зборови, прашувајќи се како нивната држава била светски лидер со толку големи долгови.
 
Земја со толкав човечки потенцијал,со толакви пространства и плодна земја,со сите можни климатски услови на планетава,со огромни природни ресурси,огромен домашен пазар се збогатила со штампање на пари само.Мош си мислит.
Америка е богата уште пред Федералните резерви да се основаат.
 
Тешко дека се збогатиле на тој начин толку многу, затоа што не е толку едноставно земи штанцај пари и готово..... затоа што секоја акција има реакција... инфлација ова она, станува збор за многу економски фактори што треба многу нежно да се изгланцаат за да може да се направи таква превара!
Од моето познавање на поновава историја, УСА се има најплодно збогатено со вршење на "меѓународни банкарски услуги" у превод давање кредити на државите што војувале во II с.в. и ако не се лажам сеуште некои држави им должат пари, долгови, обврзници итн. на Америка од позајмувањата во војната!
А за ова не викам дека не е можно, ама не верувам дека успеале до толку да се збогатат од едно штанцање, а и да се збогатиле тоа било некое споредно второстепено богатство!
Ипак, таму се нафтата од Ирак и Либија, јагленот од Косово......... и уште многу три точки, кај што стигнаа опустошија, не верувам да им е допрено до неколку банкноти.
 
Земја со толкав човечки потенцијал,со толакви пространства и плодна земја,со сите можни климатски услови на планетава,со огромни природни ресурси,огромен домашен пазар се збогатила со штампање на пари само.Мош си мислит.
Америка е богата уште пред Федералните резерви да се основаат.

Држи вода теоријата, но во такви околности Канада, која по територија е поголема од цела Европа и има свои извори на нафта и гас, Русија која е најголема држава во светот по големина на територија и со најголеми резерви во гас во целиот свет, Кина која е најголема држава во светот по број на жители и располага со најголеми количества на ретки минерали без кои денешните технолошки изуми не би постоеле, би требало да бидат побогати и поразвиени од САД, но не се.

Сите овие држави, исто како и САД, располагаат со огромен човечки потенцијал, со огромни територијални пространства и плодна земја, но сепак својата меѓународна размена ја вршат во странска валута, најчесто во американски долари.

Кина намерно одржува фиксен курс на кинескиот јен и намерно одржува ниска вредност на кинескиот јен за да останат нејзините производи евтини, бидејќи доколку ја зголеми вредноста на кинескиот јен или доколку премине од фиксен курс кон флуктуирачки курс, вредноста на кинескиот јен вртоглаво ќе порасне, а со тоа вртоглаво ќе пораснат и цените на кинеските производи, а тоа воопшто нема да биде од никаква корист за секојдневниот Кинез кој работи за мизерни 20 до 50 евра месечно.

Русија нема доволно развиена патничка, транспортна и енергетска инфраструктура за да може сериозно да конкурира на европскиот пазар и на светските пазари, но работат на случајот, Јужен Поток е дел од тој процес, ако од тој гасовод навистина се пушти крак кон Македонија, Газпром ќе ужива монопол на македонскиот енергетски пазар, а и на сите останати балкански пазари во кои нема да има алтернатива на Јужен Поток.

Канада го гради нафтоводот Keystone XL, кој би донел канаѓанска нафта во бројни сојузни американски држави во САД, но американската влада на чело со Барак Хусеин Обама ја блокира изградбата на тој нафтовод, поради еколошки причини, иако американците како нација можат вода да им носат на Канаѓаните кога станува збор за еколошки чиста и здрава околина. Но затоа Канаѓаните нема да дремат, веќе почнаа да испорачуваат од својата нафта кон Кина, додека американците увезуваат нафта од другата страна на Атлантскиот Океан, Канаѓаните им ја продаваат својата нафта на заинтересираните купувачи, како што се Кинезите.

Вистина е тоа дека САД биле богата држава и пред основањето на Администрацијата на Федералните Резерви на САД, но денес нивната економија и нивниот економски развој повеќе се зависни од позајмени пари, отколку од заработени пари, бидејќи парите кои ги печатат Федералните Резерви не се државни пари, тоа се позајмени пари кои американската влада ги позајмува од Администрацијата на Федералните Резерви која да повторам, е приватна национална банка, а не државна национална банка, позајмени пари кои американската влада потоа ги враќа со камата, камата која ја плаќаат граѓаните на САД и која само дополнително ги зголемува долговите на САД, а таквиот тренд на економски раст преку задолжување не е одржлив на долг рок, освен ако некој од надвор ги плати тие долгови, како што се државите кои му даваат вредност на безвредниот американски долар со тоа што го користат истиот тој безвреден американски долар во својата меѓусебна трговска размена, како и државите кои ги откупуваат американските долгови, како што е Кина, која поседува над 1 трилион американски долари од американските долгови кои изнесуваат над 16.5 трилиони американски долари.

Како резултат на кинеската финансиска помош, во 2012 година САД одобрија кинеска државна банка да стане сопственик на американска банка, со што сега таа кинеска државна банка може да им издава кредити, да им дава пари на заем, но и да ги откупува долговите и на приватните и правните лица во САД, а во одреден момент тоа може да резултира погубно за американските компании. Земи го Џенерал Моторс за пример, иако американската влада го купи одлучувачкиот пакет акции во Џенерал Моторс, сепак Џенерал Моторс и понатаму работи со загуби, замисли кинеска државна банка да му одобри кредити на Џенерал Моторс за да го одржи своето производство, па некоја кинеска автомобилска компанија да ги откупи долговите на Џенерал Моторс кон таа кинеска државна банка, со што кинеската автомобилска компанија ќе има свој сопственички удел во Џенерал Моторс.

Тешко дека се збогатиле на тој начин толку многу, затоа што не е толку едноставно земи штанцај пари и готово..... затоа што секоја акција има реакција... инфлација ова она, станува збор за многу економски фактори што треба многу нежно да се изгланцаат за да може да се направи таква превара!
Од моето познавање на поновава историја, УСА се има најплодно збогатено со вршење на "меѓународни банкарски услуги" у превод давање кредити на државите што војувале во II с.в. и ако не се лажам сеуште некои држави им должат пари, долгови, обврзници итн. на Америка од позајмувањата во војната!
А за ова не викам дека не е можно, ама не верувам дека успеале до толку да се збогатат од едно штанцање, а и да се збогатиле тоа било некое споредно второстепено богатство!
Ипак, таму се нафтата од Ирак и Либија, јагленот од Косово......... и уште многу три точки, кај што стигнаа опустошија, не верувам да им е допрено до неколку банкноти.

Не се збогатиле на таков начин толку многу, но своето богатство го одржуваат на таков начин. Не може една приватна компанија да работи со загуби и истовремено да отвора нови работни места, освен ако некој од надвор ги плати нејзините долгови кои компанијата ќе мора му ги врати со камата, или кои откупувачот на долговите може да ги претвори во свој сопственички удел во компанијата.

Па токму примерите кои ги спомна ја одржуваат вредноста на американскиот долар.

Нафтата од Ирак и Либија, јагленот од Косово и ред други енергенси, претежно не завршуваат на американските пазари, туку завршуваат на европските и азиските пазари, но целата таа трговија се врши во американски долари, а тоа ја одржува вредноста на американскиот долар.

Големиот победник во Ирак е држава која воопшто не учествуваше во ирачката војна, а таа држава е Кина, која ги доби договорите за експлоатација на добар дел од нафтените полиња во Ирак. Кина ја врши таквата експлоатација на тие нафтени полиња во Ирак со помош на американски и европски компании, но сепак најголемиот дел од профитот оди во Кина, а истиот тој профит е во американски долари, а не во ирачки динари или во кинески јени.
 
Периодот пост Втората СВ и врзувањето на вредноста на нафтата со доларот се двете главни алки за јакиот просперит на САД. Не дека и претходно немало пари преку барата, ама тие две ствари ептен јак буст им направија последниов половина век. Ама и САД не е веќе тоа што е бил очигледно. Штом Обама мораше да моли пред Сенатот да му одобрат да го крене јавниот долг и да прибере пари од кинезите, за да не се доведат во банкрот - труло е нешто тука. И тоа е акумулирано веќе извесен период уназад. А и последново инфо што го слушнав е дека, источните тигри биле согласни нафтата во Азија да се откупувала во Јуани (поддршка имало и од Русија), бидејќи во ќор сокак се наоѓа процедурата за формирање официјална светска валута. Очигледно поголемите играчи, почнаа да си го бараат својот дел од колачот. Далеку од тоа дека САД е пред колапс, ама очигледно неки нови клинци ги интонираат нотите во последно време ..
 
Најголемиот дел од долгот е кон домашни инвеститори, учеството на Кина е минимално, а Кинезиве не би купувале американски обврзници доколку не сметаат дека е тоа добра инвестиција.
20120104-holdsthedebt.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom