На што треба да се обрне внимание при купување на половен професионален DSLR апарат, ајде помош од искусните....
Кај апарат имаш електроника и механика, електроника е таа или работи или не, проблем може да биде механика, таа има некој си рок на употреба обично се рачуна во број на окинувања, обично апаратите без проблем би требало да стигнат до кај 50.000 сликања али има и такви кои ќе откажат на 150.000 а и на 5000, поправката зависно од моделот оди од 100 евра нагоре (се заменува пердето и целогупниот механизам кој го покренува) тоа малку зависи и од начин на сликање дали е сликано фотка по фотка или рафално, зато е добро да се знае што сликал продавачот, ако сликал спортски настани - можно е многу да користел рафално, ако сликал свадби - значи апаратот има многу окинувања, ако сликал по планини, можно е апартот да бил изложен на атмосферски услови или бил потчукнуван тук таму....сам не можеш со сигурност да одредиш колку има окинувања апаратот, тоа може само во овластен сервис да ти видат, дали има надворешни знаци на груба употреба гребнатинки, избелени гумени делови од сонце, размдани копчиња кои не фаќаат добро, траги од удар, дали ги има сите гумени и пластични делови на телото, дали на папучата за блиц има многу траги од ставање и ваѓање на блиц, одврти објектив и погледни внатре дали има прашина или валкано на огледалото (не гибај ништо друго) направи пробна слика, стави го објективот на најголемо Ф (16 или 22 зависи од објектив) и сликај чиста бела позадина (зид) и види дали на фотката има црни дамки или точки (то значи валкан сензор кое чистење ќе те фати околу 50 евра), стави го апаратот на “бурст“ и удри еден рафал на слики види дали се функционира без проблем, погледни одоздола на апаратот каде оди статив штраф дали има траги на често користење на статив (гребнатинки,)....... Ако со апарат ти нуди и уште 2-3 резервни батерии или мемориски картици можно е да е апаратот користен многу.