Прво да расчистиме една работа. Нема некој тука што повеќе би сакал ова да се деси одколку јас.
Тоа на страна ајде да зборуваме реално и со факти, без фантазирање.
Ниедна велесила нема направено ни обид за човечка мисија, макар и за посетување на друга планета. И сега некои клапчовци не само што ќе го направат тој подвиг, туку и ќе колонизираат планета? Самиот муабет е смешен...
Па технологија веќе постои. Ако до пред некое време само државните институции ја имаа таа привилегија да испраќаат луѓе на Месечината и научни инструменти на другите планети/сателити, денес таа можност ја имаат и приватни компании. Според мене, ракетата - носач што би ги лансирала луѓето кон Марс би била Falcon Heavy на SpaceX. Со носивост од 53 тони до ниска орбита на Земјата, Фалкон хеви ги надминува сите ракети кои моментално се користат (иако се уште ниту еден Фалкон хеви не е лансиран, првиот ќе биде лансиран годинава), а чини само 120 милиони долари почетна цена...
Каква технологија постои? И колку кошта? И колку време треба за да се имплементира?
Пази ова не е само испраќање на мал робусен истражувачки механички објект на планета. Се работи за луѓе кои не можеш само да ги бутнеш во карго и да ги џитнеш во свемир па на пат од 8-9 месеци до Марс, за потоа од орбита да се спуштат на Марс...
Тие луѓе ќе побаруваат животна средина, кислород, вода, храна. Зборуваме за неспоредливо посложено и затоа поголемо „возило„, кое ќе кошто непоимливо многу пари и уште повеќе време, зошто ТАКВА ТЕХНОЛОГИЈА СЕУШТЕ НЕМА!
Дури и да ја имаше таа технологија една NASA, или една ФКА (Роскосмос)... Мислиш дека ќе ја продадат лиценцата на некои тапчовци??!?
Прво законски не смеат, тоа е предавство и оддавање на државна тајна, второ нормално дека ќе мислат дека се работи за обид на конкурентите да им ја соберат технологијата.
Значи Марс1 ќе треба се да „откриваат„ одново.
10 години до испраќањето на колонизатори на Марс?
100тина години можеби, со непоимливо многу повеќе пари одколку што воопшто некогаш ќе видат.
Ги спомнуваш SpaceX со Falcon Heavy со носивост од 53 тони?
Можеш ли да поимаш што се 53 тони за еден ваков проект?
Ништо.
Готовиот проект за носење на човечки екипаж на Марс би тежел стотици илјадници тони.
Значи ќе треба да изградат прво вселенска станица за градење на бродот во свемир, пошто ниедна ракета сегашна или идна, во догледно време нема да може да подигне таква тежина во орбита. За тоа ќе треба да школуваат и да обучат цел еден огромен тим од луѓе, со знаење кое сега не ни постои.
Забегувам во детали за да ја доловам сложенста и огромната обемност на еден ваков проект. И тоа ова е само за да се донесат луѓе во орбитата на Марс.
Што ќе прават кога ќе дојдат таму?
Се згазив од смеење кога прочитав дека прва цел било да „донесат луѓе кои ќе истражат погодни локации за колонијата„...

...Хаха, демек како пред неколку векови, пионерите го скаутираат брегот, и оближните места за новата населба.
Аман, од свемир се гледа дека работава смрди.
Локацијата е најмал проблем, со сателити може да се слика било што на Марс, ретардирана е и самата помисла да спушта луѓе да шетаат по површината за да најдат локација.
Правиот проблем е концептот на една таква колонија, колонизаторите ќе треба да одгледуваат своја храна што значи и мини еко-систем од земјата, со се почва и соодветни билки.
Атмосферата е несоодветна. Притисокот е многу помал. Температурите се многу пати пониски од најекстремните на земјата. Значи зборуваме за потреба од софистициран идеално изолиран хабитат кој ќе побарува вештачки извор на кислород, топлина, соодветен притисок.
Да кажеме дека на планетата вода има во доволни количини. На северниот дел од планетата наводно има поголеми смрзнати количини вода. Но тоа значи потреба од технологија со дупчалки и пречистувачи и... се друго што сеуште не постои ни како концепт!
Да расчистиме, иницијаторите на оваа... „иницијатива„ не се научници ниту стучњаци во ниедна област. Тоа се само досетливи луѓе со идеја (дали идеја за повисока цел или идеја за полнење на џебовите уште не знаеме со сигурност). Типците немаат капитал, немаат имот и вистинска фирма, немаат ништо. Имаат регистрирано компанија во изнајмена канцеларија, без натпис на името на фирмата, без ништо. Сето ова се новинарски испитувања иначе, не е дека нагаѓам.
Значи немаат тим од стручњаци, немаат ама баш ништо. Имаат само пристап на интернет и со пристап до наивната раја која нема поим што представува колонизирање на друга планета.