Илина Арсова стана првата Македонка на врвот на Монт Еверест

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Илина Арсова стана првата Македонка која стапна на врвот на светот и го искачи Монт Еверест
Илина Арсова, познатата македонската алпинистка, денеска рано утрото стана првата Македонка која го искачи Монт Еверест, највисокот планински врв во светот.
mkd-52989.jpg

Илина Арсова
Како што дознаваме од пријателите на Илина, таа околу 3,15 часот синоќа по полноќ застанала на врвот на светот, на висина од 8.848 метри надморска висина, и тоа сама. Со неа бил само нејзиниот носач.

Во моментов таа се спушта од најголемата планина во светот и се наоѓа на висина од околу 7.000 метри.

Илина Арсова има триесет и една година. Таа е ликовен уметник и позната планинарка која во женска конкуренција има постигнато најголеми успеси во Македонија.
Освен Монт Еверест, таа досега се има искачено уште и на Килиманџаро, Мон Блан, Конгагва и на уште многу други високи планински врвов ширум светот.
 
Се знае точна бројка колку Македонци го имаат освоено врвот ? Знам за Димитар Илиевски (Мурато), Глигор Делев, Жан Митрев, Сашко Кедев, Здравко Дејановиќ еве и сега Илина Арсова.

Секоја чест голем и тежок потфат е ова 8000+ метри :cuc:
 
Честитки за Илина :)
Не само што е одличен планинар туку и е многу позитивна личност.
....и покрај тоа што ги има искачено највисоките врвови во светот....не ги заборава македонските планини и села
 
честито!! секоја чест за девојката (y) Здрава жива да се врати назад
 
Не сум знаел дека и ноќе се искачуваат на Монт Еверест. Зашто би се искачувале ноќе?
 
Не сум знаел дека и ноќе се искачуваат на Монт Еверест. Зашто би се искачувале ноќе?
тоа е по наше време, ако ја пресметаш временската разлика ќе му дојде некаде 10 сабајле таму
инаку секоја чест
гордост на македонија
 
тоа е по наше време, ако ја пресметаш временската разлика ќе му дојде некаде 10 сабајле таму
инаку секоја чест
гордост на македонија

Грешка си, по локално време е.
Се тргнува по околу 22:00 или 23:00 часот од последниот камп до врвот. И се стигнува околу 7 - 8 сабајле.
Они тргнале можеби малце порано и премногу брзо стигнале до врвот.
Сето можеби е направено да се избегне поголема гужва која што секогаш се создава од последниот камп до врвот (особено ако предходниоте денови не било убаво времето и има голем број на планинари кои што чекаат поволно време да го освојат врвот).

Така што можеби и не сакале да ризикуваат и тргнале порано , без разлика што немале убаво поглед од врвот :)
--- надополнето: 26 мај 2013 во 11:43 ---
Не сум знаел дека и ноќе се искачуваат на Монт Еверест. Зашто би се искачувале ноќе?

За да може после денски да се враќаат , кога всушност се многу повеќе исцрпени.
Кога би се качувале дење , тогаш би требало да се враќаат назад ноќе , а тоа после добри 12-13 саати качување, концетрацијата многу опаѓа
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom