Каде ова лето? - прашања и предлози за туристички дестинации

Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.918
Поени од реакции
41.882
Дали е бил некој во Венеција - Лидо ди Џесоло да ми каже од прилика колку е за една особа преку агенција и какви се цените таму. Инаку има добра понуда за на Крф 229 евра за 10 дена.
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Дали е бил некој во Венеција - Лидо ди Џесоло да ми каже од прилика колку е за една особа преку агенција и какви се цените таму. Инаку има добра понуда за на Крф 229 евра за 10 дена.
претпоставувам мислиш на Лидо ди Јесоло. Планираш да одиш на летен одмор или на екскурзија/шетање? Ако планираш одмор типичен плажа, диско, хотел тогаш Римини ти е подобар избор според мене. Инаку цени за 7 дена со автобус до Римини со појадок некаде се околу 300 евра зависи кој период. Можеш мн поефтино да поминеш во сопствена режија со Визз до тревисо и после со воз до римини или лидо ди јесоло/

Еве имам еден пост пишано мислам дека ќе ти помогне. Нормално ќе си одвоиш ден за шетање низ Венеција ;)

http://forum.kajgana.com/threads/Туристички-информации.39999/page-4
 
Планирам на летен одмор. Многу е замарање со авион па после со воз вака директно таму се е најдено и се сместуваш.
Според тебе би ме фатило 1500 евра за двајца многу е ова.
330-400 евра е до Шпанија за една особа со превоз, појадок за 10 дена.
 
Па 1500 евра не баш тоа е премногу но околу 1000 веројатно ќе те фати. Италија е поскапа од Шпанија и смештај и ванпансионски услуги, се е поскапо.
Еве ти пример за Римини со автобус, случни се цените и за лидо ди јесоло, мада не знам некоја агенција да организира исклучиво за Венеција-Лидо ди јесоло, обично ги комбинираат со таа 14 дневната тура како апсолвентските екскурзии што е.

http://atlantis.mk/index.php?id=2413
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.261
Поени од реакции
18.217
Да прашам дали има некој понуда од агенцииве за у Сончев брег?
 
Член од
10 јануари 2010
Мислења
136
Поени од реакции
25
Со друштво сакаме да одиме во Грција,во некоја вила во Лептокарија или Паралија.Само треба да прашаме во агенција да не прават проблеми пошто сеуште немаме 18 години.
Иначе дознав дека имало некои кампови кај Паралија и Катерини.Да не знаете кај точно се наоѓаат камповиве?Убави се?
 
M

macgowan

Гостин
Дечки, што викате за Скијатос? Искуства, коментари?
Скијатос е супер-плажи, море, градчето. На многу мала површина има 60 песочни плажи-изборот е голем, до повеќето се стигнува и со островскиот(градскиот) превоз ако не си со кола. Цените се како секаде низ ГР. Блиску ни е а е фантастично островчето. Од сите Споради е најкомерцијален и извикан. Мене една од варијантите за летово ми се соседните Скопелос и Алонисос.
Оваа година влезе и 2 бродски превозник - ANES LINES и тоа со цени 30% пониски од досегашните(монопол на Hellenic Seaways). Траектот беше многу скап досега.
 
smole

Ѕверотилук
Член од
26 јануари 2007
Мислења
1.698
Поени од реакции
288
Дечки, што викате за Скијатос? Искуства, коментари?
Скијатос - фантастични плажи до кои се стига со бусче, моторче или чамче (доста е мал за кола), најубави плажи од сите острови на кои сум бил до сеа - Родос, Крф, Тасос. Плажи - најизвикани и журкаџиски Банана и Кукунариес, таа кај аеродромот е интересна, а мојата омилена е Агиа Елени.

Повеќето сместувања се во главниот град каде е и искачањето на бар стрит, неколку отворени дискотеки во кои не се плаќа влез, али затоас пиво е 7 евра минимум. Нема Лидл има неколку други маркети кои се на 15 мин од центарот, а и не се ефтини.

Ако си за журкање смести се во градот, ако си за кулирање барај смештај блиску до Банана и Кукунари.

Во главниот град Скијатос плажа за бањање нема, треба да идете или на градската плажа која е 20 мин од центарот пешки, или не некоја од фантастичните плажи за каде ви треба превоз (буе е 1.50 до Банана и Кукунариес - 1 до друга се).

Скијатос е генерално поскап остров поради фактот дека на него доаѓаат подобростоечи грци од Солун и Атина, данци, италијани и енглези со јахти.

Патот (до Волос - пристаништето) со кола е 420км, значи 5-6 саати со се граница, и после брод мин саат време макс 2.30 - 3 зависи од цената на билетот. По пат има 4-5 патарини мислам (на грчка страна) мислам и се е автопат.

Плин до Волос по автопат би требало да има - барај Shell, таму највеќе може да се најде.
Друга опција е со бус до Солун, после со бус од Солун од Волос, воз мислам не иде до волос туку до Лариса па од таму пак би требало со бус. Мислам дека има и фери од Солун, али ќе да е доста клацкање и пари.
 
euphoria87x

Your highness
Член од
12 февруари 2013
Мислења
15
Поени од реакции
11
Лорет де мар.. Некое мислење за цени таму ? скапо / ефтино ? се плаќа на плажа или не ? и како да се снајдам за превоз до Барселона ?
 
Член од
26 март 2011
Мислења
659
Поени од реакции
667
Лорет де мар.. Некое мислење за цени таму ? скапо / ефтино ? се плаќа на плажа или не ? и како да се снајдам за превоз до Барселона ?
Добар избор за одмор, нуди многу можности и за журкање и за шетање. Лорет ти се цените малку поскапи од тука, значи нормални. Зборувам за цени по маркети и продавници. Ноќен живот лудница, но релативно скап. Влез во дискотека 10 евра со една пијачка, после тоа внатре и да сакаш нема ништо за пиење поефтино од 10 евра. Има и промоции некогаш плаќаш 10 евра влез и внатре пиеш колку ти душа сака.
На плажа нема лежалки, значи си ставаш пешкир каде сакаш т.е каде ќе најдеш место, зошто е преполно од туристи, воглавно млади.
За превоз имаш повеќе опции можеш со Визз од скопје до тревисо и од таму со рајан до барса. Или дирекно од солун со рајан до барса, или со кроациа ерлајнс од скопје (со прекачување во загреб) до барса.
 
Waverly Raven

Valedictorian
Член од
3 мај 2013
Мислења
154
Поени од реакции
80
Јас оваа година планирам Неа Потидеа(на првиот крак), се одлучив за тука бидејки ми го препорачаа не било нешто со журки и кафичи... Имало многу големи приватни вили, знаете како место за одмор на богатите од Солун.

Инаку претходната година бев Санторини, немате претстава колку добро си поминав навистина многу беше убаво. Само погледот чинеше "милион долари" , а за храната и за морето да не зборуваме.
 
П

Пепси_

неа потидеа со 2-3 улички буквално чист промашај па дури и за фамилијарен одмор во охрид повеќе ќе се изнашеташ. Ако одите само за спиење,јадење и капење тогаш тоа е за вас тоб место.
 
JOE

Пелистер Битола
Член од
31 март 2007
Мислења
3.029
Поени од реакции
623
Некој да сподели искуства што бил Лаганас, Закинтос? Со двајца другари за таму се решивме а се мислевме меѓу Закинтос и Кавос(Крф).Па нека кажи некој како поминал и да не предупреди за нешто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom