Замена на привремената референца ПЈР/FYR со друга подостојна

  • Креатор на темата Креатор на темата Hip.Hop_MKD
  • Време на започнување Време на започнување

Дали би се согласиле за промена на привремената референца?

  • Да.

    Гласови: 40 26,8%
  • Не!

    Гласови: 57 38,3%
  • I don't give a f**k... | Сеедно ми е...

    Гласови: 52 34,9%

  • Вкупно гласачи
    149
Мислам дека доколку имаме референдум во брзо време процентот на луѓе што ќе се сложат со промена на името ќе биде драстично поголем во однос на процентот од пред некоја година. Сигурно тој процент ќе расте како што ќе се зголемува разочараноста на народот. Со ова политичарите ќе си го исперат газот за промена на името. Народот така сакал.
 
Зависи од која страна на работите гледаш.
Земете го предвид договоров помеѓу Косово и Србија. За пола Србија историски напредок да се прогресира кон ЕУ за другата половина национално предавство. И на крај народот ќе си лае ама политичарите се тие што се одговорни и што си удираат шлаканица. Затоа цврсто стојам на мојот став дека ниедна политичка гарнитура освен онаа во 1995. во РМ немаше и тешко дека ќе има храброст да се меша во овие работи со името се додека притисокот од надвор не е толку голем за да се дојде до привидно решение како во случајот на Косово со Србија каде Европа ги утепа од притискање двете страни за конечно решение. Или па како случајот со рамковниот договор кој со сила го потпишаа пред очите на народот. Да не беа тие овие насвети никогаш што ќе седнеа на заедничка маса. Сега веќе секирите се закопани ама нашата ситуација е многу посложена и би рекле поболна за да се реши. Ама сакале или не извесно е оти ќе се реши со овој надворешен бран притисок.
 
Kako sto napisale nekoj ponapred na temava ako go smenime imeto menjavame se od koren pa i ona sto so krv go specalili nasite dedovci i pradedovci od balkanskite vojni so 1 i 2 svecka pa se do den denes
 
Се срамам дека сум македонец од некои ликови и мислења на темава, искрено кажано. Исто и од тие што гласале за третиот избор..се надевам не се македонци.
Друго, полека со тој зборот патриотизам. Сите треба да сме патриоти, тоа е факт. И тој збор почнавте во политика да го мешате.
Трето, мислам дека ќе изгласаат промена на име па ќе влезиме во фамозна ЕУ па ќе чекам некој паметен да излезе и да ве праша сите ‘‘Горњаци‘‘ (типувам за изразов ама е мн веројатен) дали ви процвета цвеќето (нормално дека нема и тоа е факт).
Четврто, после влезот во ЕУ барем среќен ќе сум дека јадењето г***а (метафорички) во државава конечно ќе престане и ќе се свестиме дека сами сме криви за се‘ па ќе се фатиме конечно за работа, најверојатно ќе шиеме текстил сите за грциве.
Муабетот ми е со прстот в уста на крај..истото беше и за визите..ќе шетале ќе работеле повеќе странство...гледам се убивте од работа.

п.с. Иначе гласав за НЕ
п.п.с. Не сум страствено политички определен
 
Името и знамето Бране во пакет ни ги продаде па човекот ден денес е херој за илјадници Македонци зошто и како нема да навлегуваме во политичка дебата. Поентата ми беше во право си народот е крив!
 
Името и знамето Бране во пакет ни ги продаде па човекот ден денес е херој за илјадници Македонци зошто и како нема да навлегуваме во политичка дебата. Поентата ми беше во право си народот е крив!

Бране ја спаси државата кога гореше балканот и бевме под санкции и ембарго, а еве ги сега патриотиве кои 100% тврдам дека ќе го сменат името најмногу одговара Северна бидејќи северна и сме(беломорска е на југ од Македонија како целина) така да на идентитет нема да задира.
Ама ако убаво е оваа гарнитура се волшебници и илузионисти и најдобрите би им подзавидиле.
 
Бране ја спаси државата кога гореше балканот и бевме под санкции и ембарго,
Wtfgif-9.gif
 
И Србија не претрка за влез во ЕУ. Кој резил од држава сме ние. Времето застанало овде само политичарите и нивните блиски аир видоа од ваква бедотија на народот, тоа ги храни.
 
1. Ова тема воопште не заслужува да се дискутира, ама ајде.
2. Каква промена на име какви бакрачи, ние сме биле, сме и ќе останеме МАКЕДОНЦИ!
3. Според мене, ова прашање може да се реши многу едноставно со референдум, но не за тоа дали ќе прифатиме ново име, туку референдум дали политичарите може да дискутираат за името!
Се што треба е власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси. Се надевам дека на претстојниот конгрес СДСМ ќе избере МАКЕДОНЕЦ за претседател и истиот ќе седне на маса со власта каде што заедно ќе усвојат декларација за националните интереси. А можат и заедно да формираат некое здружение на граѓани кое ќе собира потписи (а тие тајно да го подржат) за референдум дали граѓаните дозволуваат разговори за промена на името.
Точно е дека дел ЕУ администраторите се ХИПОКРИТИ и се заложници на нивното милениче (нашиот јужен сосед), мижат на отвореното прекршување на основните хумани вредности, како и непочитувањето на меѓународното право, еден куп меѓународни конвенции итн...
Но нема да можат да направат ништо против волјата на народот, која би се докажала на референдум.
 
Лелелел aиии... :facepalm: им немa крaј нa глупостите.
 
Ако е за тебе глупост мојата пуста желба за обединување на Македонците околу националните прашања, без разлика на политичка определеност, за мене и многумина како мене не е!

И ако е за тебе глупост гласот на народот кој секогаш мора да се почитува. Незнам што е паметно за тебе!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom