ВИДЕО: Америка во шок, Бостон во крв!

  • Креатор на темата Креатор на темата Muranyi
  • Време на започнување Време на започнување
M

Muranyi

Гостин
Улиците во Бостон се покриени со крв по бомбашкиот напад во кој во две експлозии загинаа најмалку три лица а десетици се повредени. Многу од луѓето кои се нашле во близина на експлозијата останале без екстремитети, а на местото владее хаотична состојба

На терен се полицијата и спасувачките служби кои повредените ги пренесоа во импровизиран медицински шатор. Во експлозиите 12 лица загинаа, а повредени се околу 30 лица во завршната линија 117-от маратон во Бостон (САД).
Информациите околу загинувањата и повредените лица полицијата потврди преку бостонскиот портал ВЦВБ.

Како се дошло до двете експлозии, сеуште се истражува. Првата експлозија се случила, откако победниците ја поминаа и завршната линија, и тоа на северната страна на улицата Бојлстон таман на самата цел на маратонот. Неколку секунди подоцна, се слушна и втората експлозија.

Од друга страна, Си-Ен-Ен пренесува дека експлозијата се случила само еден час откако победниците ја поминале целта, околу 14.25 ч. по локално време.
Натпреварувачката Лаура МекЛин од Торонто вели дека ги слушнала двете експлозии, додека била во медицинскиот шатор. Во натпреварот учествувале 17 илјади тркачи, додека повеќе од десетици илјади луѓе го следеле маратонот.

“Има луѓе кои се многу, многу ранети. Нив го носеа во медицинскиот шатор“, рекла таа.

 
Ја презеде некој одговорноста?:(
 
Терористички напад ? Или од нивните некој со лошо детство ?
 
Е сега америка ќе објави војна против северна кореја или сирија,како и да е сочуство кон несреќните што им снајде.
Но штом ќе се случи вакво нешто за време на Маратон мора да замеша прсти од пентагон или стејт депарамент зашто никаде на светов било кои терорист или слично со здрав памет или лудило не би направил нешто такво освен некој лудак американец како оној србинот од некое село што не ми текнува.
 
Во суштина сум човек што ги разбира и сочувствува со луѓето, али створења кои организираат и спроведуваат вакви напади каде страдаат обични луѓе БЕЗ РАЗЛИКА НА НАЦИОНАЛНОСТ, ВЕРА, ПОЛ и сл., би ги ставила во некоја самица 2 на 2, каде само храна и вода би им се давало. Да не видат дневна светлина до крај на животот, говеда едни дебилни!
 
Знам за такви случки ,но тоа беше други времиња и интересите се поразлични зашто СССР и САД си имаат интереси на глобално ниво,а сега интереси на глобално само САД додека Русија и Кина и нивните сојузи се на локално ниво ај размислете малку.
 
Сеа читам и по нет како наводно имало и 3.експлозија во JFK библиотеката во Бостон,али ќе видиме,можеби се само шпекулации.
Еве и линк,полицијата негира поврзаност на овој инцидент со претходните,што ми е многу сомнително.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom