Еднаквост за сите прекршители на кодексот на однесување, децата и нивните родители не се исклучок

  • Креатор на темата Креатор на темата PurplePuma
  • Време на започнување Време на започнување
Не го сфати изгледа тоа што го пишав дека не си компетентна. Кога некогаш ќе имаш деца ќе ти се разјаснат некои работи.И јас кога бев ко тебе ми сметаа такви деца што вриштеа без престан и што трчаа низ маси.Но сето тоа се менува,сега си пишала ова,но ќе дојде време кога ке се чудиш самата на своите постови.Верувај.

Добро, со сила ме тераш во друг правец да тргнеме.
Како ти знаеш дека јас некогаш ќе имам деца? Морам да имам?
Можеби не сакам, што викаш?

Можеби ти утре куче на маса ќе качиш, па не ти објаснувам какво е чувството да спиеш гушнат со куче.

Не ми ги објаснувај моите избори. Ниту мене ме интересираат твоите.
Мене ме интересира како моите избори да не ти пречат тебе, и како твоите да не ми пречат мене.

Едноставно.
 
Не се сложувам дека има деца што не може да се воспитаат, повеќе би рекол дека има деца што се поупорни од родителите.

Нејсе. Ти сепак си позитивен пример, иако со напуштање на локалот заради бељите на детето го решаваш проблемот на сите освен на самиот себе.

Туку факт е дека таквите како тебе што имаат осет за сметањето и совест и етика да станат и да си одат, таквите се малцинство. Кажи ми што правиме со мнозинството?
Да ги трпиме?

Не бе баче, кога ќе почнат да отвараат такви места каде не толерираат вриштења -таму ќе одам за раат и јас и многу други. Треба да има и места за со деца ама и места само за возрасни. За сите поубаво ќе биде, за тоа и зборуваме тука -да се најде некое решение. Да можеш и Ти да излезеш и да седнеш на раат ама и јас исто така.

Има бе друже такви места насекаде,земи ги само летувалиштата. Имаш плажи кои се претежно фамилијарни,имаш плажи само за млади.
Иди у Плеј,нема деца нит бебиња,иди у Барселона,минимум 5 колички има.
И сега кога излагам сам,и гледам по кафичи деца кај беснеат или бебиња што вриштат,ги разбирам родителите,но не ги оправдувам тие што не мрдаат со прст за да ги смират или воопшто не превземат нешто.
 
Добро Велвет, јас имам многу разбирање, ама 2 саати да се дере дете и родителите мува да не ги лази, на што личи тоа?
Разбирам да џафне еднаш, два пати, да го смират, ама да не престане?!
Какво разбирање треба тука да имам?
--- надополнето: 2 април 2013 во 03:04 ---

На ништо не личи. Тоа и го зборувам цело време. На ништо не личи кога родителот дозволува детето да му вришти 2 саати и ова е кажано од повеќе аспекти, не само дека смета на минимум 10 души околу. Јас да сум газда на тој локал лично би отишла и би ги замолила родителите да превземат нешто бидејќи галамата ги вознемирува останатите муштерии. Реално, и во мој интерес би било да кажам, ако алтернативата е 5 маси станат во исто време и си отидат со лош впечаток за мојот локал.
Затоа и кажувам дека забраната како таква е неефективно решение. Проблемот лежи во културата на луѓето, осетот, начинот - како сакаш кажи го. Тоа е делот на кој треба да се работи, пошто не можеме да забраниме постоење на некултурни индивидуи. :)
 
Не ми одговара таа опција. Моите внуци може ќе дочекаат.
Јас си мислам за себе.
И верувам дека нема да помине многу време, додека добиеме zero tolerance кафич/ресторан.
Односно, деца да можат да дојдат, под услов да не умараат.

Мислам, ќеиф ми е кога ќе видам мирно детенце, па и сакам да го поиграм. Ама пискаво едно, одма ме уверува зошто не сакам, ни под разно, барем во догледна иднина да имам мое.
--- надополнето: 2 април 2013 во 03:18 ---
П.С. Ако јас и ти одиме во кафич, и почнеме да се дереме како чакнати, што викаш, за колку време ќе не избркаат?
Јас ти викам одма :)

Што значи има спас од некултурните. :)
 
Добро, со сила ме тераш во друг правец да тргнеме.
Како ти знаеш дека јас некогаш ќе имам деца? Морам да имам?
Можеби не сакам, што викаш?

Можеби ти утре куче на маса ќе качиш, па не ти објаснувам какво е чувството да спиеш гушнат со куче.

Не ми ги објаснувај моите избори. Ниту мене ме интересираат твоите.
Мене ме интересира како моите избори да не ти пречат тебе, и како твоите да не ми пречат мене.

Едноставно.

Немора ништо да имаш ако несакаш,нормално. Но фактот дека луѓето што немаат деца е бесмислено да даваат овакви коментари кога незнаат како е.
Те сфаќам за тоа што те нервира,но децата не се криви туку родителите.
Детето не е куче па кога лае да му наредиш да престане и да те послуша.Вика,плаче,трча наоколу и не сака да се смири,решение е само да станеш и да си одиш.Друго нема.
А куче не би чувал ни у сон,јас сум повеќе по мачките.
 
Добро Велвет, јас имам многу разбирање, ама 2 саати да се дере дете и родителите мува да не ги лази, на што личи тоа?
Разбирам да џафне еднаш, два пати, да го смират, ама да не престане?!
Какво разбирање треба тука да имам?
Пробај да имаш разбирање како за кутрите кученца. Функционира, жими тебе. Иначе децата не џафкаат, кучињата (посебно поситните раси) прозведуваат такви звуци. Дечињата комуницираат на начини кои се за тебе иритирачки, неразбирливи и недостапни поради зафатеноста со побитни работи у животот. И заслужуваат трпение и разбирање, ако не поише, ама колку кученцата.
 
Не толерирам ниту разџафкани кучиња. Колку и да ми се слатки, не ми е слатко завивањето на комшиското куче цела ноќ.
Како што кажав и предходно - ако твоите избори не ми наштетуваат мене, немам никаков проблем.
А јас сум последниот кучкар кој треба да го покажеш со прст - моето животно до сега, никому му нема на никаков начин попречено.
Жал ми е, не можеш со тие камења.
 
Има бе друже такви места насекаде,земи ги само летувалиштата. Имаш плажи кои се претежно фамилијарни,имаш плажи само за млади.
Иди у Плеј,нема деца нит бебиња,иди у Барселона,минимум 5 колички има.
И сега кога излагам сам,и гледам по кафичи деца кај беснеат или бебиња што вриштат,ги разбирам родителите,но не ги оправдувам тие што не мрдаат со прст за да ги смират или воопшто не превземат нешто.
Да ама во одредени случаи сепак фали некаква декларација, систем за избегнување малтретирање. Ај за плажи ќе помине некако, деца се треба да се извикаат и изнаиграат и плажите се право место за тоа, иако не мора баш на глава да ми газат и да ми фрлаат песок во пивото. :)
Од друга страна во ресторани или уште повеќе во кино и во театар обавезно треба да има или забрана или редар.

Пази, јас ако треба да станувам на сред представа да се жалам за да реагираат на дете што збеснува или цело време збори/вика во киното... па мене више ми е ебан филмот и вечерта. Треба да има или забрана за бебиња (верувај или не, ама и бебиња носат) и мали деца, или во секоја сала да има редар. За да ти биде убаво и за да дојдеш пак да им оставиш пари.
Тоа бараме, да има некаква декларација -каде и како се толерираат деца а каде и како не се толерираат ни деца како што не се толерира и возрасен.
 
Немора ништо да имаш ако несакаш,нормално. Но фактот дека луѓето што немаат деца е бесмислено да даваат овакви коментари кога незнаат како е.
Те сфаќам за тоа што те нервира,но децата не се криви туку родителите.
Детето не е куче па кога лае да му наредиш да престане и да те послуша.Вика,плаче,трча наоколу и не сака да се смири,решение е само да станеш и да си одиш.Друго нема.
А куче не би чувал ни у сон,јас сум повеќе по мачките.

Господе Боже, аман.
Нормално дека ние ќе даваме коментари, на нас ни пречат децата! Кој друг ако не ние ќе има потреба од места каде што не се толерирани деца? Ти ли?

Да, како што кажав и во првиот пост, родителите се криви, но ајде да ја ставиме ситуацијата вака.
Ако моето куче те касне, кој е крив, јас или кучето? Нормално јас, сум го оставила слободно, ама кучето е тоа што ќе го успијат, а не мене.

И да, јас се согласувам - решение е да станеш и да си одиш: Ама затоа што културата на скопските родители е толку мала, што во минус е влезена, предлагам ако на самите нив не им текнува, персоналот да има овластување да им рече да го напуштат локалот. А ако и него не го почитуаат, постои обезбедување, итн.
 
Абе ОК е сето тоа, ама премногу се толерираат децава денес. Еве летувалишта спомнуваш, мене јасно ми е дека кога ќе отидам во Градиште дека ќе има еден куп деца и бука и помирен сум со тоа. За дење ќе се снајдам чамецот и на подалечна плажа, ама навечер...

Соседите имаа оставено на одмор некои осмооделенци, абе кампот го дигнаа во воздух. Камен пијани секоја вечер, по 10 во приколка плус гости. Ги караа постариве, чуварот демек им претеше повеќе пати и ништо не се деси, се додека не им влезе еден Чак Норис... И тоа е без врска ама го разбирам човекот. Со такви деца најлошо е кога си имаш проблем, мали се да ги тепаш на суд ќе наебеш, башка алкохолизирани 10+ гремлини во делириум тременс е јака бројчана надмоќ (а срамота е да викаш појачање). :)

Нејсе. Муабетот беше дека ебаниот камп требаше да ги санкционира, разбираш? Било кој што крши ред и мир после 11 треба да се санкционира. ОК, ред и мир е мисловен поим во нашиве кампови ама и најокореливе пијаници легнуваат по 2ам и гасат музика а копиљациве буквално до 7-9 наутро невероватна бука правеа.

Од друга страна и чуварот треба да се разбере, нема јасни инструкции за деца што се таму без родители. Ако ги избрка од камп што ќе прават, може он да наебе (ма сигурно ќе наебе). Пак нема извинување, требаше барем полиција да викне.
Знам дека не е ова најсоодветен пример, ама само илустрирам како често не се регулирани правилата за децата и често ги толерираме премногу.
Да ти кажам јас во последните 18 години имам отидено 3 пати на летување на море. Префериам планина летно време и поладно и помирно или градски одмор...и сите 3 пати кога сум бил на летување не сум се спиел саглам...а одмор без спиење не е одмор.:) Песок сонце и топлина и гужва не е за мене...во МК летно време Маврово Крушево Лазарополе сега и на Кожуф е добро...може и Вевчани и таму супер сум си поминувал.
 
Господе Боже, аман.
Нормално дека ние ќе даваме коментари, на нас ни пречат децата! Кој друг ако не ние ќе има потреба од места каде што не се толерирани деца? Ти ли?

И на мене ми пречат и на тебе ти пречат,но јас и ти имаме различни гледишта и сфаќања за тие работи,мојата реакција би била многу поинаква од твојата а причината е јасна нели?
Тоа пробувам да ти го доловам ама ти упорно по твое тераш.
Кај има деца што не кенкаат и се само мирни? кажи да си набавам две-три.
 
Јас едно запознав, ете ти кажав.
Нека ти кенкаат дома, ако кенкаат до мене во кафич, не е во ред.
Без оглед кои се моите мотиви.

И без оглед дали ќе имам или нема да имам деца, да досаѓаат некому не доаѓа во предвид. Колку и да е смешно (за тебе) тоа, ниту на кучето не му дозволувам што сака да прави - а не го сакам помалку од било кој член на семејството. Едноставно, принцип е прицип. И точка.

Друго, имам сестра многу помала од мене, сама сум била во ситуации да ја шетам секаде - не еднаш во кафич ја имам однесено. Меѓутоа, еднаш почна нешто да се лигави, станавме и си отидовме пред да пречиме на другите. Заради тоа нејзино лигавење, уште долго не ја однесов никаде.

И од тогаш, кога и помина ,казната, нема место каде што се лигавела, дали сме биле во кафич, ресторан, на свадба, во театар.. Секаде ја носам, и секаде е тивка и послушна.
И мора да остане таква ако сака да оди некаде и да се дружи со луѓе.
Сестра ми е, и ја сакам. Ама тоа не значи дека треба да ги малтретираме сите околу нас.
 
Не ми одговара таа опција. Моите внуци може ќе дочекаат.
Јас си мислам за себе.
И верувам дека нема да помине многу време, додека добиеме zero tolerance кафич/ресторан.
Односно, деца да можат да дојдат, под услов да не умараат.

Мислам, ќеиф ми е кога ќе видам мирно детенце, па и сакам да го поиграм. Ама пискаво едно, одма ме уверува зошто не сакам, ни под разно, барем во догледна иднина да имам мое.
--- надополнето: 2 април 2013 во 03:18 ---
П.С. Ако јас и ти одиме во кафич, и почнеме да се дереме како чакнати, што викаш, за колку време ќе не избркаат?
Јас ти викам одма :)

Што значи има спас од некултурните. :)

Нема да тврдам дека такви локали нема да се отворат. Али, сепак, постои разлика измеѓу еден или два кафичи каде што важи правилото adults only и општа забрана за деца на јавни места. Првото е ок и е одлука на сопственикот на тој локал, а второто е дискриминација и е too much, а јас се залетав на темава само ради втората опција :)

За П.С.-от :D Донекаде ме заинтригира можноста тоа и да го пробаме :P
 
Да ти кажам јас во последните 18 години имам отидено 3 пати на летување на море. Преферирам планина летно време и поладно и помирно или градски одмор...и сите 3 пати кога сум бил на летување не сум се спиел саглам...а одмор без спиење не е одмор.:) Песок сонце и топлина и гужва не е за мене...во МК летно време Маврово Крушево Лазарополе сега и на Кожуф е добро...може и Вевчани и таму супер сум си поминувал.
Абе планина е одлична работа таман за поактивен одмор, посебно Лазарополе има убави стази за планинарење (иако почесто сум одел во соседното Гари). Јас лично преферирам скроз пасивен одмор покрај вода со добра книга и со многу пиво и понекој шот со бурбон (или многу бурбон со понекое пиво, зависи).

Што и да одбереш, нема многу лезет од одморот да видиш ако во соседната приколка се сместени багра разуздани пубертетлии без надзор. Да има камп само за возрасни, одма би ја селел приколката. :)
 
За П.С.-от: Споредбата со 3 годишно дете и не е баш на место.Од дете и се очекува да беснее,од вас.. шознам,да ги трпите ваљда? :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom